Search This Blog

Friday, August 04, 2006

Книжни Икони


Иконите се со богати религиски мотиви: ликови на светители, религиозни композиции и манастирски комплекси; Книжната икона „Благовестие“




Графички листови или книжни икони кои датираат од 18 и 19 век се новото откритие на прилепскиот Завод и музеј. Конзерваторите од Заводот работејќи на реставрација и заштита на покривните конструкции на две цркви „Св. Димитрија“ и „Св. Благовештение“ ги откриле овие графички експонати.

“Ова е прва и единствена поставка на книжни икони во државава. Од откриените околу 200 успеавме да конзервираме 33 графички листови. Ова културно наследство е сведоштво за развојот на графичката школа и уметност во 18 и 19 век на овие простори.

Некои од иконите се печатени на Света Гора во манастирите: Хиландар, Зограф, Ватопед и Иврион, други во Венеција и во Ерусалим“.

На дел од иконите зачувани се имињата на авторите, монаси кои во тој период живееле во прилепските манастири, а контактирале со монасите на Балканот и пошироко.

Изворно тука.

Средновековното културно и духовно богатство на Македонија се покажува неисцрпно.

Чести се случаевите на “криење“ на светите предмети по крововите на црквите. Така да во случаевите на реконструкција на средовековните Цркви и Манастири - се пронајдоа безброј - икони, крстови и други светии - кои сведочат за богатиот културен и духовен живот во Македонија од тоа време.

No comments:

Blog Archive

Site Meter