Search This Blog

Monday, August 28, 2006

ГИНОВЦИ - Горан Стојковски

Горан Стојковски, цариник и долгогодишен спортски риболовец од кривопаланечкото село Гиновци, е еден од ретките луѓе што го побиваат многу распространетото мислење дека во земјава живот има само во Скопје, а помалите места, особено селата, се мртви или пред замирање.
Во ова село, на стотина километри од главниот град, тој направил вештачко езеро за спортски риболов, ексклузивен ресторан, мала зоолошка градина и развил бизнис за кој можат да му позавидат и многу скопски бизнисмени. Неговиот комплекс, наречен „ресторан Парк - рибник“, се наоѓа во непосредна близина на автопатот кон Бугарија и е познат не само во кривопаланечкиот и во кумановскиот крај, туку и во високите скопски политички, деловни и дипломатски кругови.
- Бизнисот го почнав во 1999 година, но тогаш отворив само кафеана. Бидејќи сум риболовец долго време, увидов дека во овој крај недостигаат места за риболов. Вакви вештачки езера сум видел во повеќе земји, па си помислив зошто да не направам и јас едно тука - вели Стојковски.
Вкупно пет хектари површина зафаќа комплексот „Парк“ во Гиновци, во кој се сместени езерото, зоолошката, ресторанот и дворот, кој е уреден како парк. Само езерото зафаќа 5.000 квадратни метри, долго е 125, широко 50, а длабоко четири метри.
- Ова порано беше дупка од која се ископуваше руда бентонит. Таа се преработуваше во фабриката надвор од селото, што веќе не работи. Стоеше така долго време, па ја исчистивме и ја порамнивме, а потоа со цевки донесовме вода за да го наполниме и на крајот го порибивме езерото – раскажува Раде Стојчевски, татко на сопругата на Горан.
Ресторанот има три дела. Едниот е покриен и затворен и тој може да се користи во зима. Потоа има неколку маси покрај брегот, како и сплав на езерото, место што е најбарано од посетителите.
Околу целото езеро е направена пешачка патека, каде што луѓето се шетаат покрај жални врби, трски и други растенија. До нив се поставени чадори, клупи и столчиња, кои ги користат пред се рибарите.
Малата зоолошка, пак, е омиленото место на децата. Во мало езерце кое со поголемото е поврзано со тесно каналче пливаат патки, лебеди и други птици. Во кафезите, пак, има десетици зајаци, четири срни и неколку кози. Во посебен кафез се сместени фазаните и пауните. Се чуваат и диви свињи, кои сопствениците ги користат за обука на загари. Децата, сепак, најмногу го сакаат пони коњчето, со кое поминуваат добар дел од времето додека нивните родители се одмораат во ресторанот или наоколу.
Особено импресивно изгледа поплочениот двор, со многубројните цвеќиња засадени наоколу, покрај масите, до сплавот и пред зоолошката. Зад ресторанот има и бавча, од каде што се користи свеж зеленчук во кујната. Над сплавот, пак, се гради мало црквиче, „Свети Павле“, кое се планира да се освети и да се користи како верски објект.
СО ПРИВАТНА ИНИЦИЈАТИВА И УПОРНОСТ - БРАВО
изворно

Friday, August 25, 2006

БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации)

Во последните неколку месеци во Македонската Блогосфера се зголеми пишувањето за Бугарско/Македонските (односи-релации)


Ако погледнете на сајтот на Блогерај-Топ листите во рубликата Најгледани содржини ке видите дека во последниот месец Најгледани содржини се:

-S T I N G E Y E: ПРОТЕСТ !!!!1935 гледања

-Spartak: БУГАРИЈА СЕ ИСПАНИЧИ!!!1204 гледања

-Bi: Игнорањето е благослов ;)1155 гледања

-волан: БУГАРСКА ПРОПАГАНДА НА НАШЕ ТЛО.....АПСОЛУТНО Е НЕДОПУШТЛИВО969 гледања

-волан: БУГАРСКИ ПАСОШИ881 гледања

-Spartak: ИЛИНДЕН - ИЛИНДЕНЦИТЕ СО МАКА ГО УЧЕЛЕ БУГАРСКИОТ ЈАЗИК806 гледања

-Македония е българска: Петиция за признаване на истината за Македония774 гледања

Меѓу најгледаите содржини за последната година:

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Бугарите, што народ е тоа?10152 гледања

Тенденцијата сеуште трае во последната седмица:

-стани: ТАТАРИТЕ371 гледања

-стани: Какъв е бил националният характер на средновековната държава управлявана от Самуиловата династия?257 гледања

И во Форумот на Блогерај имаше две теми кои имаат голем интерес

-Татарите во БГ пиздат

-Национализам на блогерајов!!!

-Бугарска азбука-писмо на Блогерај

И на Блогспот имаше неколку добри текстови на темата:

-Историчари - дај престанете да не лажете!

-Бугарски пост

-Македонскиот Б-комплекс

-Бугарскиот воз, да го ебам

-„Бугарски“ работи

-Македонска тројка и бугарски воз

-Две македонско-бугарски тачки

-Љубчо, нели, Георгиевски

-„Јазичкиот спор“ - решен со преводот?

-Б-комплекс срещу М-комплекс

-ВАЖНО: Македонска vs. бугарска историографија (by: chuvashki)

-„Бугарска“ љубов!

-И порано и сега Македонија е бугарска

-Прашања Нешто е труло во државата Бугарска

-Историчарите против заедничко одбележување на Илинден со Бугарија

-Правата на Македонците во Бугарија

-ЕУ да ја услови Бугарија да го признае македонскот (by: toni_a)

-Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански за белградска "Политика"

-Заедничка историја

-Јас се срамам - а Вие ?

-Трендо, накриви капа! Риспекат!

-проф. Иван Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македониjа

-Што и сторија на историјата?

-ОСЕЧАЈ....

-за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка

-ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА-НОВИ СОЗНАНИЈА

-Букаро - тинкачот битолски и Македонската Блогерска Заедница. Кои ...

Постови на Блогерај – кои можеби незаслужено не привлекоа внимание:

-Paranoic chicken killer: БлогМастер v.s. Параноја

-koi se bugarite: МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ПОСТОЈАТ ВО СИТЕ ПОПИСИ ПО 1944 г.

-koi se bugarite: АНТИБУГАРСКОТ КАРАКТЕР НА КИРИЛО-МЕТОДИЕВАТА МИСИЈА

-стани: И С Т И Н А Т А

-koi se bugarite: Бугарското фалсификување на историјата

-koi se bugarite: ВО БУГАРИЈА НЕМА БУГАРСКИ НАРОД

-стани: Какъв е бил националният характер на средновековната държава управлявана от Самуиловата династия?

-koi se bugarite: Бугарите се палат на ..

-стани: ТАТАРИТЕ

-Spartak: БУГАРСКА ЗАСЕДА

-атака: Основањето на ВМРО

-koi se bugarite: Мизи и визи и Власи

-koi se bugarite: ИСЧЕЗНАА ЛИ ВИСТИНСКИТЕ БУГАРИ?

-MACEDONIAN CIVILIZATION: МАКЕДОНЦИ:СОМНИТЕЛНИ ЗАРАДИ НИВНОТО ОТСУСТВО 3

-MACEDONIAN CIVILIZATION: МАКЕДОНЦИ:СОМНИТЕЛНИ ЗАРАДИ НИВНОТО ОТСУСТВО 2

-MACEDONIAN CIVILIZATION: МАКЕДОНЦИ:СОМНИТЕЛНИ ЗАРАДИ НИВНОТО ОТСУСТВО 1

-MACEDONIAN CIVILIZATION: МЕСТОТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ВО ИСТОРИЈАТА

-koi se bugarite: Писменост-неписменост..кусогледост

-Makedoner: Бугарска контаминација

-koi se bugarite: Бастардни татаро-монголски фаци

-koi se bugarite: Бастардни татаро-монголоидни фаци

-koi se bugarite: Бастардни татаро-монголски фаци

-Makedoner: Бугарски АТАК

-: С Р А М О Т А

-Тепај Време, блог за правите дечки: Доста беше слобода на говор

-online prdenje: Сите против Бугарите т. е. ТАТАРИТЕ

-trakomakedonec: ХОМО "ИЛИНДЕН"

-КНСИС: Глупостите на бугарската пропаганда

-Spartak: БУГАРСКА СЛОБОДА

-makedonskataistorija: За Бугерај

-Македония е българска: Петиция за признаване на истината за Македония

- no such thing as "Macedonia": Десетте Лаги на Македонизмот

-: Национализам на блогерајов!!!

-български блог: 10 - те лъжи на македонизма,автор: Божидар Димитров

-Spartak: БУГАРИЈА СЕ ИСПАНИЧИ!!!

-Spartak: Бугарија призна - биле окупатори во Македонија од 1941-1944

-Spartak: СПОРНОТО ИНТЕРВЈУ КАДЕ ШТО БУГАРИЈА ПРИЗНА

-КНСИС: Георгиевски со бугарско државјанство?

-В У Н А: Любчо Георгиевски обяви: Аз съм българин!

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Тодор Александов

-Јаков - Домашна работа: Заедничка прослава на националните празници

-Spartak: ЦАР САМУИЛ НЕ БИЛ ТУРКО-МОНГОЛСКИ ЦАР!

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Морони..Бучко и Станишев

-Spartak: И СПОРЕД БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ-АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!

-Spartak: МАКЕДОНСКОТО САМОИЛОВО ЦАРСТВО

-Spartak: БУГАРИТЕ ИМААТ ТУРКО-МОНГОЛСКО ПОТЕКЛО!

-volanskopje: Кејбл тел заинтересирана за купување на кабелските оператори во Македонија

-MACEDONIAN CIVILIZATION: 1941 - 45 документи 1

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Охридската архиепископија..документи и маки

-Бугарскиот окупатор: Рајко Жинзифов

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Тодор Александров..видувања

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Бугаро-татарски небулози

-MACEDONIAN CIVILIZATION: ДЕКЛАРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД 18 И 19 ВЕК

-MACEDONIAN CIVILIZATION: ИСКАЖУВАЊЕ НА ДИМИТАР БЛАГОЕВ ЗА НАРОДНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

-Бугарскиот окупатор: Бугарска лектира

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Cредновековните МАКЕДОНЦИ, kаkов народ биле?

-knsis: Гоце или Тито?

-The Skopje Times - Скопски времиња: Бугарска инвазија

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Митре и Василчо

-Lavot: Часови по историја

-volanskopje: Што се е одземено од нашите цркви

-Блогот на Слек...: Бугарите се вадат на нас

-Spartak: МАКЕДОНСКИОТ В-КОМПЛЕКС - ЧИСТА ГЛУПОСТ

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Мизи и визи и Власи

-Слобода на умот: Бугарски начин на АСИМИЛАЦИЈА

-Блогот на Слек...: До кога бе Бугари?

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Genocide of the Macedonian people

-Смрт на фашизмот-Слобода на народот: Македонците исчезнуваат на европскиот пат на Бугарија

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Бъдещето на Македония и България е конфедерация

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: МАКЕДОНИЯ 1941 Възкресението - СКОПИЕ

-Spartak: Георги Димитров за припојувањето на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија (1945-1949-1955)

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Историята се намира в книгите

-Spartak: БУГАРСКА ПРОПАГАНДА

-Исповеди на еден психотичен ум: Перверзиите на балканците

-Spartak: МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА VS Бугарска пропаганда

-RAZNO: ИСТОРИЈА(на победниците)! втор дел

-RAZNO: ИСТОРИЈА(на победниците)!

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: КЪМ ВСИЧКИ

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: ТАЈНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Вака немате иднина!

-Sirma Vojvoda: Etnicka Macedonia

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Makedonija vo vtorata svetska vojna- zagubi

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Меѓународен научен собир 100 години За македонцките работи на Мисирков-28.11.2003

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Кръсте Мисирков

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Етнография

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: 10 лаги на македонизмот

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Античките Македонци, кои се тие?

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Сепаратизмот на Македонците во Бугарија

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Makedoncite vo Bugarija - popisni rezultati

-MACEDONIAN CIVILIZATION: АВТЕНТИЧНАТА МАКЕДОНСКА СРЕДНОВЕКОВНА ИСТОРИЈА

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Увод- Стоп за странските антимакедонски пропаганди

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Документи- национално изјаснување на Македонците

-MACEDONIAN CIVILIZATION: SAMOILOVOTO CARSTVO

-MACEDONIAN CIVILIZATION: SREDNOVEKOVNA ISTORIJA - BUGARSKITE PUSTOSENJA

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Бугарската и српската пропагандна машинерија

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Македонските преродбеници од 19 век

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Македонија под српска власт во средниот век

-Number1: Нешто Феноменално... нешто наше!

-MACEDONIAN CIVILIZATION: ZABLUDITE OKOLU MAKEDONIJA-BUGARITE TATARI

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: МПЦ, Охридска Архиепископија

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Цар Самуил Македонски

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Бугарскиот јазик, што е тоа?

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Бугарски лаги: Македонците имале исто потекло со Бугарите историографија ги прикажува како турко-монголи

-koi se bugarite: АНТИБУГАРСКОТ КАРАКТЕР НА КИРИЛО-МЕТОДИЕВАТА МИСИЈА

-koi se bugarite: МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ПОСТОЈАТ ВО СИТЕ ПОПИСИ ПО 1944 г.

-koi se bugarite: Нордиски шари-пари

-Obedineta Makedonija: Tatari od kade dojdovte

-атака: Потресна приказна

-koi se bugarite: Македонците и "Бугарите"

-koi se bugarite: Како се роди идејата за Бугарија

-fakts: КАК ПИШЕХА ДУХОВНИТЕ ВОДАЧИ И ОСНОВАТЕЛИТЕ НА ВМРО

-koi se bugarite: Другар ми..

-Spartak: ПЕТИЦИЈА !!!

-koi se bugarite: Како бугарија стана независна..

-БУНТ: Вистината за Македонците се гледа во реакциите

-zoriv: Нешто за нетрпеливоста према Бугарија

-Тепај Време, блог за правите дечки: Среќен пат на Б'лгаришчана в ЕУ!

-koi se bugarite: Потеклото на денешните Болгари..

-Spartak: ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ЛУДИЛОТО НА БУГАРИТЕ

-koi se bugarite: Мисирков и Чуповски..

-koi se bugarite: Солунски патрдии

-koi se bugarite: Сонот за најромантичниот дел..од мене

-Мојот Блог: Бугараши на Блогерај ?!?!

-koi se bugarite: Кои се Бастардите-бугарите

-КНСИС: Пак за Бугарите

-Spartak: ММДЧП Бара од Бугарските власти да ја почитуваат слободата на собири на престојните Македонски прослави

-Spartak: СЛОБОДА НА ГОВОРОТ ВО МАКЕДОНИЈА

-ustapogana: За бугарите и нивната пропаганда........

-Bi: Македонија на Македонците

-Lavot: Татари си се Татари!

-ментална онанија: Бугарски пасош...

-Индијанополис: БУГАРИ И БУГАРАШИ

-български блог: Македонците што народ е тоа?

-български блог: Какъв е бил цар Самуил?

-БРЛЕ: Колку да се каже нешто

-АПЕТИТКА: Има само една вистина!!!

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Провокиран пост

-Социогеополитички, а и критички блог: Национална стратегија

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Татарите во БГ пиздат

-RAZNO: ОМО ИЛИНДЕН-ПИРИН и ВИНОЖИТО (ДВОЈКАТА)

-volanskopje: Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)

-Spartak: БОЛГАРСКИ ПРИЈАТЕЛИ - ОВА Е САМО ЗА ВАС

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Tайните на македония - 1-ва част

-Spartak: Пирин дел од Македонија - Pirin part of Macedonia

-ГЕМИЏИЈА: Ден на жалост кај Македонците

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: ГОВОРИЛНЯ

-Spartak: МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

-ЈУГОСЛАВИЈА: Етничка карта на Југославија

-OgiSinko: Бугарите и заедничката прослава на ИЛИНДЕН

-Spartak: КОЛКУ ДА СЕ ЗНАЕ

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Како (и зошто) Мисирков ги пердашел..

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Изненадувачки турски документ

-Istorija: Историја

-Бугарскиот окупатор: Уште еден добитник - Кузман Шапкарев

-Блогот на Слек...: Дали е тука проблемот?

-Бугарскиот окупатор: Барам соработници на окупаторот

-Болгарштината: Мамење .

-: Букаро - обратното од поддршка

-Болгарштината: Како се создаде Бугарот .........

-Болгарштината: Боре маж , Боре от Пиринска ..............

-The Skopje Times - Скопски времиња: Бугарски кош

-MACEDONIAN CIVILIZATION: СЕ "ПЕТЉААТ" ВО РАБОТИ ЗА КОИ НЕ СЕ КОМПЕТЕНТНИ

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Genocide of the Macedonian people in Greece_Zagoricani

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Българска екзархия

-MACEDONIAN CIVILIZATION: Големите илузионисти 1

-Lavot: Докази за македонската самобитност

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Един доста известен поет - родом от БАНСКО - НИКОЛА ВАПЦАРОВ

-В У Н А: Јебал нив национален идентитет

-front24: АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

-WORM: ИСТОРИЈА ПО ВОКАЦИЈА (разговор со самонаречен ИСТОРИЧАР) - дел 2

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Средновековна Македония

-WORM: ИСТОРИЈА по вокација (ДИСКУСИЈА со самонаречен ИСТОРИЧАР)

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Истината за обединението на мизия и македония ( на англииски )

-Развигор: Визно гето: до кога со понижувачките ѕидини и глоби?

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Парадокс

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Голо Бърдо - Македоснко???

-Един поглед към миналото на МАКЕДОНИЯ: Македоне номер 1 за 20 век

-online prdenje: Кај бевте браќа и сестри

-Lavot: Македонија на Македонците- втор дел

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Документи2- Македонскиот народ во 17, 18, 19 век

-ancient script in the world: macedonia: BULGARS LAIRS : BULGARIAN LANGUAGE AND LITERACY

-Makedonska Istorija, Istorija na Makedonija: Краток осврт на историјата на македонскиот народ

Како што и самите приметувате огромен интерес кај Македонските и Бугарските блогери пројави темата Бугарско Македонските односи во минатото и сега ....

Тука не се вклучани другите Блог сервиси во Македонија и Бугарија – како и многубројните форуми кои ја третираа оваа проблематика ...

Некои Блогери велеа дека е ова недопустлива пропаганда на Бугарските блогери на наше тло ... Други се залагаа за уважување на принципите на слободата на говорот и на пишувањето ... Трета предлагаа мерки за одстранување на некои Блогови и Блогери од Блогерај ... Четврти даваа рецепти за Идндигнација и Игнорирање на таканаречените Бугарски пропаганди ...

Многу од помладите Блогери од таканаречената Македонска и Бугарска првиниенција – беа доста груби во своите коментари – нафрлаа непотребни навредливи квалификации према едниот или другиот народ или поединец ... што е прашање на култура на комуницирање ...

Други пак ностоп – повторуваа исти коментари и се повикуваа на исти извори – што помина во спамирање ...

Но како и да темава предизвикува огромен интерес и интересот на темата не стивнува ....

Некои повикуваа за заеддничко препрочитување на Историјата на Бугарските и Македонските Историчари ... што е за поздравување ... Но сметам дека сеуште нема доволно долга историска дистанца – време, кое е потребно за да се даде конен непристрасен суд за некоја Историска личност или настан.

На крај ке кажам дека Македонската Влада треба да си запосли аналитичари – кои ке ги следат процесите на односите меѓу Македонија и сите соседни земји... Да го ослушнува што збори народот ... И да предлага мерки и решенија на појавените роблеми.

Идејата на овој пост ми е да прегледам дел од пишувањето на Македонските и Бугарските блогери и да видам кои се аргументите на едната и другата страна – на крај да видам дали има и решение за проблемот и кое е тоа.

Ги повикувам сите што ке го прочитаат постов – ако имаат желба да се вклучат во дискусијата. Да посочуваат линкови кои тука не се спомнати. Нормално да пробаат да бидат кратки и концизни во своите коментари. И молам без непотребни навреди.

Thursday, August 24, 2006

МАФИЈА – која си има своја држава.

Веќе подолго верме весникот Време има фељтон – кој се бави со прашањето на Мафијашките структури во Македонија и посебно се осврнува на Албанската Мафија вооопшто со посебен осврт на Македонската Албанска Мафија.

Ке пробам да извлечам некои делови од фељтонот и тука да синтетизирам што сакал да каже писателот.

Зборот Мафија прфпат е употребен како термин во Сицилија. Со зборот Мафија се означува организацијата “Коза Ностра“ – која во превод значи – Наша Работа. Организацијата датира од средината на 19-ти век во Сицилија – а некои велат дека влече корени уште далечната 1282 година.

Со зборот Мафија се означуваат криминалните организации, по светот. Во поново време аналитичарите кои ја проучуваат мафијата – велат дека е тоа една организација на моќ – чии цели на интерес не се веќе само криминалните активности туку прераснува во тесна поврзаност со функционерите на државата во која делуваат.

Па така во фељтонот на Време ке најдете напишано дека Македонија има организирано подземје - мафија со мафијашка структура „војници“ и „босови“, но и со силни врски со центрите на државната и политичката моќ.

Понатака се вели дека досегашната власт – воглавном се потпира на четири постулати на моќ:

- политичко-економската олигархија;
- репресивниот апарат, пред се, полицијата и тајните служби;
- организиран криминал односно подземје; и
- државните медиуми и пропагандните институции.

Во едн од насловите на серијалот “ Мафијата стана државна, односно режимско-партиска“ – весникот обвинува дека, кај нас мафијата на перфиден начин е „легализирана“ и „де факто“ станала државна односно режимско-партиска мафија.

Не треба да не чуди кога ќе слушнеме дека секоја држава во светот има своја мафија и си ја контролира - само албанско-македонската мафија има своја држава што си ја контролира. Овој слој го сочинуваат од 5.000 до 10.000 луѓе. Меѓу нив значаен е бројот на оние од правосудните институции, царината, инспекциските служби...

Македонските криминалци се измеќари и работат како наемници кај наркотрафикантите на различни албански фисови (при формирањето на албанските криминални групи се присутни основите на национален, семеен, клановски и земјачки план).

Приватизацијата на фирмите во Република Македонија, спроведена преку криминализацијата на власта, беше екстремен пример на бруталната првобитна акумулација.

Довчерашните комунистички лидери, социјалистите на самоуправниот систем и нивните елитни синови и ќерки, кои растеа во здружениот труд, школувани на приватните универзитети на Запад, помогнати од центрите на меѓународното организирано злосторство во името на демократијата, плурализмот, човековите права и ред други заблудувања на хуманитарното разбојништво, го распределија сиот државен капитал меѓу себе според принципот тебе-мене и грабни што можеш повеќе.

Го уништија целото македонско стопанство, а граѓаните ги преведоа во технолошки вишоци, стечајни работници, односно социјални случаи. Цели семејства беа разорени, а болестите на социјалната беда го зголемија општиот хаос во „правната држава“ на патот кон хуманите демократски општества?

Беше воспоставена неприродната коалиција помеѓу најлутите ривали во борбата за власт и поделбата на рекетот во Македонија.

Владејачките структури, во периодот од 14 години, од осамостојувањето на Република Македонија, формирале „корпоративна мафија“, која се темелела врз моќта на не повеќе од стотина приврзаници на двете македонски владејачки партии и партиите на Албанците, кои привидно ротираат во власта, а всушност перманентно владеат со македонската држава.

И по Бранко, и по Љубчо, со партнерите од албанскиот корпус не беше разорена номенклатурата на босовите така што никогаш и не дошло до вистинско и темелно разграничување на власта од подземјето. Се уште криминалците ги командуваат политичарите, што е вистински нон сенс на светско ниво.

Во тој период, преку огромните финансиски средства и недвижности, обезбедени на најбрутален начин, со продажба на дрога, оружје, перење пари, трговија со луѓе и човечки органи, албанската криминална структура израснува во водечка и респективна сила во државата.

Кај нас само неспособните политичари се делат врз национална и верска припадност. Наркомафијашите, напротив, се определуваат според интересите на бизнисот. Војната и хаосот во државата се особено погодни можности за остварување на профитот на организираните криминални братства со мултиетнички состав.

Оригиналните написи во Време – можете да ги најдете на линковите: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 а веројатно ке следат идруги продочженија.

ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица

Секојпат се радувам – кога некој гради некаков водостопански систем во Македонија.

Во ек е изградбата на Хидросистемот Злетовица.
Браната на Злетовска Река ќе биде висока 70 метри, изградбата ќе трае 4 години, а акумулацијата ќе собира 22,5 милиони кубни метри вода.
Се гради во кањонот на Злетовска Река, еден од најнепристапните, но и најживописните предели во државава.

I фаза. Објекти за водоснабдување:

  • Камено-насипна брана ˝Кнежево˝ со висина од 75 m и акумулационо езеро со вкупен волумен од 23 500 000 m 3 .

  • Пристапен пат од Злетово до брана ˝Кнежево˝ во должина од 20 km.

  • Доводни цевководи за водоснабдување на општините:

    • За Кратово целосно е изграден со должина од 22,14 km и е во функција.

    • За Пробиштип е во изградба. Од 19 km изградени се 11,80 km во изградба се 4,50 km, а за доизградба треба уште 2,70 km.

    • Заеднички цевковод за Штип, Св.Николе, Карбинци и Лозово со должина од 23,17 km.

    • За Штип со должина од 10,89 km.

    • За Св.Николе со должина од 24,56 km.

    • За Карбинци со должина од 4,50 km.

    • За Лозово со должина од 11,08 km.

II фаза. Објекти и систем на цевна мрежа за наводнување на 3 100 Ха земјоделски површини.

III фаза. Енергетски објекти, предвидено е да се изградат три последователни хидроцентрали со вкупно производство на електрична енергија од 56.400.000 KWh.

Хидросистемот "Злетовица" се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија и покрива област од 223.000 Ха. Средишниот дел на оваа зона е претежно со мали планини и широка речна котлина. Северниот дел од оваа област е со планини кои се граничат со Осоговските Планини, додека јужниот дел е претежно со котлини. Оваа област има Континентална клима со примеси на Медитеранска клима. Се каректеризира со суви и долги лета, со високи температури и кратки и благи зими. Просечни годишни врнежи во регионот се 500 mm. Овој регион покрива повеќе од 100.000 жители во општините Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Лозово, Штип и Карбинци. Главна дејност на жителите е земјоделство, сточарство, рударство и индустриско производство.

Водата е еден од најглавните елементи во животот на се што е живо – без разлика дали се работи за растителен или животински свет.

Водата воздухот и сонцето носат и значат живот.

Воздухот и сонцето некако ни следуваат по дифолт – сеуште ги има во неизмерно доволни количества, но со водата не е така. Иако скоро 2 третини од површината на земјината топка се простира водата – сепак голем дел од човештвото страда за вода. Страда и земјата - таму каде нема вода има пустелија.

Велат дека третата светска војна или војните во 21 век ке бидат – заради водите.

Да видиме како стоиме ние со водата на територијата на нашата држава –Македонија.

Наизглед добро – Иако немаме море имаме три прекрасни природни езера. Тоа се нашите главни резервоари. Сливот на Вардар со притоките е крвотокот на Македонските води. Има и неколку релативно големи хидросистеми кои се користат – комбинирано за енергија и наводнување. Секако ова не е ни оддалеку доволно – за да се искористат природните можности ....

Вода за пиење.

Една од ретките земји сме во светот – каде природата ни дала доволно квалитетна вода за пиење по градовите. Добро некаде е подобро решен проблемот – некаде се решава. Поголем дел од селата не беа со добри решенија за водата – иако во нивната близина има квалитетни извори. Во последно време и тоа се решава што со самофинасирање – што со донација – што со државна интервенција. Секако не се занесувам дека се е решено со водата за пиење ...

Вода за наводнување.

Секој што било кога се бавел со земјоделие – или имал допир со Македонските ниви – ке ви каже дека главен проблем на Македонското земјоделиее е водата за наводнување. Имено имаме релативно добра земја – по квалитет – сонце во изобилие – вредни зејоделци – но главен проблем е водата за наводнување. Имено големи се периодите кога природата не дава дождливи денови, а посевите без вода едноставно умираат.

Никојапат не можев да сватам како Ираел кој има проблем со недостаток на вода има огромни плантажи со мелирациони системи – а кај нас водата блика по планините и имаме огромен неискористен ресурс на подземни води – а имаме жедно земјоделско земјиште.

Водата ни оди низ Вардар – неискористена – навистина и загадена од нашето нехумано и немарно однесување кон водите.

Ако погледнеме низ светот што највеќе допринело за хуман развој на ресурсите – секако ке дојдеме до одговорот дека се тоа големите системи за хидро-мелиорација. Замислете ја Калиформија каква беше – каква е сега. Замислета ја долината на Нил без Асуанската брана. Замислете ја огромната акумулација која се гради во Кина. Огромните хидромелиорациони канали во Русија. Каналот и мелиоративниот систем Дунав-Тиса-Дунав. Скротувањето на Тигар и Еуфрат во Турција. Се се ова системи кои го сменија ликот на зејата и природата околу нив....

Затоа на мислење сум дека економскиот развој на Македонското стопаство во иднина директно ке зависи од вложувањето и инвестициите на државата во Македонските Хидросистеми (големи и мали).

Tuesday, August 22, 2006

ХАШКИ ТРИБУНАЛ

Имам чувство дека периодот кој следи ке наметне потреба се повеќе да се осврнуваме на Хашкиот Трибунал – со оглед на тоа што во Хаг се води процес против Бошковски и Тарчуловски (сеуште не е одпочнат главниот процес).

Долго време Македонската Влада – ги затвараше очите и ушите - пред процесот кој се води во Хаг и не сакаше да дава помош на Македонските представници кои се на оптуженичката клупа во Хаг... како тие да не беа дел на официјалните Македонски власти во времето на настанувањето на “инкриминирани дела“ ...

Сведоци бевме дека во минатите години Владата и нејзините надлежни институции (Министерството за правда и Државниот јавен облинител) ја одбегнуваа темата за Хашкиот трибунал и не ја дефинираа соработката со Хашкиот трибунал со Закон како што е тоа случај во сите други бивши ЈУ републики.

Во последните месеци од владеењето на старава влада – сепак нешто се направи – се дадоа Гаранциите .... и се донесе одлука да се финансира одбраната на Македонските Хашки притвореници ....

За да нема недоразбирања кај мене и кај другите – најпрвин се решив да си одговорам самиот на себе на неколку прашања:

  • Што представува хашкиот трибунал;
  • Кога е основан и како;
  • Зошто е основан хашкиот трибунал и кои се неговите цели;
  • Кој се може да биде суден во Хашкиот трибунал;
  • Кој се е осуден до сега во Хашкиот трибунал;
  • Кои се Македонските случаи – кои беа во трибуналот;
  • Каква е судбината на Преостанатите Македонски случаи – за кои не е поведена постапка во трибуналот – и кои се тие;
  • Што предходеше-кои настани, беа причина за формирањето на ХТ;

Ке пробам да не давам премногу “свои мислења“ за темата – туку повеќе да пренесувам релевантни написи и мислења на луѓе од струката и интересни написи по весниците ....

Што представува Хашкиот тибунал

Хашки тибунал е само скратеното име од полниот назив – Меѓународен кривичен суд за бивша Југославија. Хашкиот тибунал (ХТ-во понатамошниот текст) е всушност ад хок независен суд во Хаг, Тело на Обединетите нации – основано со резолуцијата 827 на Советот на безбедноста на УН.

Зошто е основан хашкиот трибунал

ХТ е основан со задача да им суди на извршителите на воените злостори на територијата на бивша ЈУ после 1 Јаноари 1991 година. Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за тешки кршења на меѓународното хуманитарно право извршени на територијата на поранешна Југославија од 1 Јаноари 1991 год.

ХТ подига оптужби и суди за:

Геноцид

Геноцид значи кое било од следниве дела извршени со намера во целост или делумно да се уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, како:

(а) убивање на припадници на групата;
(б) нанесување тешки телесни или душевни повреди на припадниците од групата;
(в) намерно наметнување животни услови на групата со цел да се доведе до нејзино потполно или делумно физичко уништување ;
(г) воведување мерки кои имаат за цел да се спречи раѓање на деца во групата;
(д) насилно префрлување деца од една во друга група.

Се казнуваат следните дела:

(а) геноцид;
(б) здружување за извршување на геноцид;
(в) директно и јавно поттикнување за извршување на геноцид;
(г) обид да се изврши геноцид;
(д) соучество во геноцид.

Злосторства против човештвото

Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за следните кривични дела извршени во вооружени борби, било да се од меѓународен или внатрешен карактер и усмерени против кое било цивилно население:

(а) убиство;
(б) истребување;
(в) поробување;
(г) депортирање;
(д) затворање;
(ѓ) тортура;
(е) силување;
(ж) гонење од политички, расни или верски побуди;
(з) други нехумани дела.

Повреда на Женевската конвенција за војување од 1949-та

(а) намерни убиства;
(б) тортура или нечовечко однесување, вклучувајќи и биолошки експерименти;
(в) намерно предизвикување на големи страдања и нанесување тешки телесни повреди или нарушување на здравјето;
(г) уништување и одземање на имот од големи размери кое не е оправдано од воени потреби и е направено на бескрупулозен и против правен начин.;
(д) присилување на воени заробеници или цивили да служат во единиците на непријателската сила;
(ѓ) намерно скратување на правото на воените заробеници или цивили на правилна и редовна судска постапка;
(е) противправно депортирање или противправно затворање на цивили;
(ж) земање на цивили за заложници.

Повреда на законите и обичаите на војување.

(а) користење на биолошко или други оружја за намерно предизвикување непотребни страдања;
(б) безобѕирно рушење на градови, гратчиња или села, или пустошења кои не се оправдани со воените потреби;
(в) напад, или бомбардирање, со какви било средства на небранетите градови, села и други станбени објекти;
(г) заземање, уништување или намерно правење штета на верски, добротворни, образовни, уметнички, научни и историски објекти и дела од уметничка и научна вредност;
(д)одземање на јавни или приватни имоти.

ХТ може да им суди само на поединцитене на организации или владиНајвисока казна му е доживотен затвор.

Индивидуална кривична одговорност

1. Лицето кое планирало, поттикнало, наредило, извршило или на друг начин помагало и поттикнало планирање, подготовки или извршување кривични дела (наведени погоре) - индивидуално ќе биде одговорно за кривичните дела.
2. Службената положба на секое обвинето лице, било да се работи за шеф на држава или влада, или за одговорен државен службеник, не го ослободува лицето од кривичната одговорност ниту може да ја ублажи казната.
3. Фактот дека кои било од наведените дела (погоре наведени) извршени од лице на пониска позиција не го ослободува неговиот претпоставен од кривична одговорност ако претпоставениот знаел или имал причина да знае дека лицето на пониска позиција се подготвува да изврши такви дела или веќе ги извршило, а претпоставениот не презел неопходни и разумни мерки да ги спречи таквите дела или да ги казни извршителите.
4. Фактот дека обвинетото лице постапувало според наредбите на Владата или на претпоставениот не го ослободува од кривична одговорност, но може да се земе предвид за ублажување на казната ако Меѓународниот суд утврди дека така налага правдата.

Меѓународниот суд има предност пред националните судови.

Меѓународниот суд може во која било фаза на постапката формално да побара од националните судови да му ја отстапат надлежноста на Меѓународниот суд.

ХТ треба да ги заврши сите судења до 2008 – а по жалбите да реши до 2010.

Кои беа процесите/настаните кои беа пресудни за настанување на ХТ

Секако начинот на распадот на СФРЈ која почна да се распаѓа во девеесетите години од 20 – тиот век.

Процесите за распад на СФРЈ се одвиваа и многу порано но секако најсилни станаа по смртна на Тито, кога косовските Албанци отворено бараа независно Косово. Словенија и Хрватска обилно ги подржуваа напорите на Косовските Албанци за независност на Косово.

Понатака со отворена подршка на Германија, Словенија и Хрватска прогласија независност 1991 год.

Словенија и Хрнатска прогласија независност на 25 јуни 1991 година.

Два дена потоа ЈНА крена према Словенија и одпочна таканаречената Десетодневна војна – меѓу ЈНА и Словенечките територијалци – предводени од Јанез Јанша. Силите на Јанша броеа цирка 36.000 територијалци. Во судирите гинат четириесетина војници на ЈНА и неколку стотини се повредени ...

Председателството на СФРЈ – носи одлука за повлекување на ЈНА од Словенија и така завршува воениот судир во Словенија – со повлекувањето на ЈНА према Хрватска.

Набрзо потоа се води таканаречената “Граѓанска војна во Хрватска (1991-1995)“ помеѓу Хрватите и Србите. Србите се побунија бидејки со новиот Устав на Хрватска го изгубија статусот на конститутивнен народ – (станаа само малцинство) – додека Хрватите настојуваа да створат Национална држава е покрај големиот број на Србското малцинство...

Брзо потоа бувна крвава Граѓанска војна во Босна и Херцеговина (1992-1995). Војуваа меѓу себе секој против секој Срби, Хрвати и Муслимани и војната доби дури карактер на верска војна. Муслиманите отворено бараа муслиманска држава Босна. А Хрватите и Србите од Босна настојуваа да се припојат кон Хрватска или Србија. Војната заврши со Дејтонската спогодба. На 21 Ноември 1995 година.

Од 1996 до 1999 се води и војна на Косово – Судирите почнуваат со таканаречените терористички напади на ОВК на безбедносните структури на Косово и офанзивните дејства на истите структури према припадниците на ОВК. Сето ова се проба да се реши со спогодба во Рмабуе - кој не заврши со спогодба и по познатите “случувања во Рачак“ – се деси бомбардирањето на Нато на Србија и некои воени позиции во Црна Гора. Бомбардирањето се заврши со Кумановската воено техничка спогодба потпишана на 9 јуни 1999 година.

И Македонија не остана поштедена од крвавите воени разорнувања низ цела ЈУ – иако предходно одкога Македонија прогласи независност 8 септември 1991 - се прогласи за зона на мирот (иницијатива на Глигоров).

Краткотрајните воени дејствоја беа предизвикани од активностите на таканаречената ОНА кои во почетокот на 2001 година парадираа во Танушевци. Од Танушевци силите на Она притиснати од КФОР се пребација према Тетово – каде имаше пукотници и помали суддири кои по оштрото возваќање на Македонските безбедносни сили завршија со кусо повлекување на ОНА и поминува во класично Герилско војување.

На 28 април 2001 година ОНА изврши убиство од заседа на осум Македонски војници во Вејце – ги кое предизвика познатите случувања во Битола и Скопје. Спорадичните судири сега прераснуваат во мала војна (некои ја нарекоа фингирана) – која се одвиваше во Тетовските села према Шар планина и Кумановските села према Танушевци. Оштри судири имаше и во Арачиново. Се случија многу киднапирања на цивили во споменатите кризни територии. Се случија настаните во Карпалак и Љуботен. Одпочнаа преговорите во Охрид кои завршиа со Охридскиот рамковен договор, кој е потпишан во Скопје на 13 Август 2001 година.

Бидејки темата е многу широка вообичаено ке ја надополнувам во коментарите кои ке следат. За овој дел до тука користени се разни написи на Википедија и изворно Статутот на ХТ. Линковите ке ги дадам во коментарите.

Blog Archive

Site Meter