Search This Blog

Saturday, April 01, 2006

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Од секогаш се зборувало за реформи во здравството. И такви и се правеле. Секоја влаада си правела свои реформи.

Во што е проблемот. Просто е нема пари.

Па кога е просто зошто се прави комплицирано. Од здравството се бара премногу. Но има една народна: “колку пари толку музика“. И сега зошто здравството да не се направи такво – по принципот “колку пари толку музика“. Веројатно затоа што така ке бидат болни реформите за целото здравство.

Збор два за факултетите за Медицина. Најпрвин зошто не се признаени во светот дипломите. Што треба да се направи за тоа. Толку ли е тешко. Ми мириса дека некој си го штити монополот. Ако факултетот за медицина во Скопје па и било кој друг факултет не може да обезбеди меѓународно признаена диплома, по мене треба да се укине. Вака испаѓа дека немаме светски стандарди во школството но тоа е друга тема...

Кога нема пари реформата треба да оди во два правца.

1. Да се обезбеди општо примарно здравство – превентива, вакцина и некои други категории од здравство кои треба да бидат потполно бесплатни за пациентите. Ако ова не може да го постигне државата, државата треба да си прогласи банкрот...

2. Специјализираното здравство треба да се подели на приватно и општествено.

За приватното нема да зборам. Кој има пари ке се лекува, кој нема ке ја бара шансата во државното здравство... (така е секаде во светот).

Но муабетот ми е највеќе за ова. Од оваа година буџетите на здравството се намалени за по 30 проценти, така пишуваат весниците.

И сега што пошто нема лекови и репроматеријали – парите се трошат само за социјални плати за лекарите и останатото особје. Па по затварање на толку фабрики – за жал ке мораме да затвориме и дел од здравството, инаку во колапс ке оди целото. Просто е нема пари клуч на врата, а особјето оди на завод – како и работниците пофабриките. Тоа треба да се случи и со просветата и другите државни институции.

Затоа пак оние кои ке останат да работат, не треба да примааат социјални плати туку треба да примаат плати со кои ке можат да го тераат месецот.....

Во еден друг пост зборував за тоа колкави треба да се платите...

No comments:

Blog Archive

Site Meter