БЕЗРЕДИЕТО ВО УРБАНИЗМОТ ГО ОСТАВИ ГРАДОТ БЕЗ АСФАЛТ-Секој копа улица кога ќе му текне
Во низа написи за Скопските дупки еве уште еден.
“..Неподносливо ми е веќе секој ден да возам слалом низ споредните улички. Си го испокршив автомобилот од многубројните дупки и прекопи. Бидејќи нема асфалт, секаде прав има. Не ми е јасно како се дозволува така да се гради. Само што завршил еден инвеститор и ги пополнил сите дупки што ги ископал на улицата, еве ти сега до него се гради нова зграда и повторно копање.
Зарем не може сите предвидени згради на една улица да се изградат наеднаш, потоа се да се асфалтира и со години повеќе да не се копа - прашува Никола Михајловски..“
“..Идејата е прво да се изградат улиците, под кои ќе биде поставена комплетната инфраструктура, па во иднина инвеститорите нема да мораат неколку пати да раскопуваат, за да ги приклучат зградите на струја, вода, канализација и на парно..“
“..
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова изјави дека градот е преполн со прекопи и дупки поради нејасностиите во договорите кои Градот и општините ги склучуваат со инвеститорите, во кои не е прецизирано кој е должен да ја врати улицата во првобитна состојба..“
“..- Со Градот преговараме во секој договор што ќе се склучи со некој инвеститор да се вметне и задолжителен анекс во кој јасно ќе биде кажано кој ќе биде должен и за колку време да ја врати улицата во првобитна состојба - изјави Аларова..“
“..Градоначалникот на Карпош Андреј Петров вели дека улиците во општината се во катастрофална состојба, а излезот го гледа во парично казнување на инвеститорите кои ги раскопуваат, па не ги санираат коловозите..“
4 comments:
Temava mi se dopadja. Imam edno nagradno prasanje:
Dali vo Skopje ima neraskopana ulica?
Ova e fenomen vo svetot. Problem e toa sto za da se vratat ulicite vo prvobitna sostojba se potrebni pari koi Makedonija gi nema. Dolzinata na unistenite ulici e sigurno pogolema otkolku da se napravi avtopat od Gradsko do Bitola i Ohrid ili od Gostivar do Ohrid. I sto e sega nasata idnina, mesto da razvivame patna mreza niz Makedonija vo narednite desetina godini ke mora da se asvaltiraat skopskite ulici.
Haosot nema koj da go sredi. Samo kako primer ke ja dadam ulica Praska. Se kopase nekolku meseci i pred nekolku dena ja zatrpaa. Taman site ocekuvaa asvaltiranje, vcera ulicata ponovo e raskopana.
KOJ TOA GO DOZVOLUVA. ISTITE TIE KOI SEGA KONSTATIRAAT DEKA ULICITE SE VO HAOS. GRADONACALNIKOT NA KARPOS NE E OD VCERA. DOZVOLATA ZA OVAA ULICA JA IMA DADENO TOJ, A SEGA SE PRAVI LUD DEKA ULICITE MU SE VO HAOS.
Ова тема ја пратам одамна и има повеќе постови за тоа.
Кое е решението ? Веројатно не е просто, но би се свело на помалку проблеми ако се унифицира решавање на проблемот за целиот град.
Казни драконски за тие што не почитуваат прописи, што не запазуваат рокови за градба.
Зошто прво се дозволуваат прокопи во зимска сезона, кога нема асфалт??
Решение би нашле градските власти ако постои закон дека можам да го тужам градот за незавршена работа. Пример сум упропастил гума и бандаж, на некоја дупка - па тужам и сега градот плаќа трошоци а одговорниот за дупката плаќа казна од џеб...
A koj znae mozda moze i da gi tuzime. Ne sme probale
Искрајно ова е добра тема за некој новинар исражувач, кој произлегол од правната струка.
Јас иначе самиот не сум правник, и не се осмелувам да истражувам на ова поле...
Post a Comment