Search This Blog
Saturday, December 30, 2006
САРМА - новогодишна
Ако се прашам самиот по што ги паметам дочецице на овите години .... хм,хм ... ке морам да ги поделам на неколку периоди од мојот живот - 52 години имам за оние кои незнаат ...
На многу раното детство искрајно и не се сеќавам нешто на дочеците ... но на она што се сеќавам е некакво собирање на нјблисите по дома ... на полни маси со јадење ... вино и ракија ... Воедна таква нова година станав и прв пациент на Клиниката за таксикологија - имав алкохолно труење на 6 годишна возраст ... Моја среќа била што како дете сум имал ретки заби и сум по**аќал нiз запчињата што ми овозможило да го прочистам стомакот ...
За оние кои не ме знаат во животот осем тогаш другпат не сум бил пијан ... не дека не сакам да пијам ... сакам чашка две три добро црвено ... чашка две узо или некој друга мастика ... пиво две ... но секојпат знам кога да прекинам во пиењето. Не би можел да се поднесам себе како тотално пијан човек - гледајки што се може да направи и прави човек кога е пијан.
Како малку постаро дете се собиравме кај некое другарче каде ке имаше празен стан и ке ја поминевме ноќта во играње карти - во коцкање на ситно ... И тука имав добро искуство - најчесто губев и така ја научив лекцијата за цел живот дека пари од коцка не се добиваат ... од коцка може само се да изгубиш ... Благодарен сум на таа лекција. Коцката ствара зависност и скоро е неизлечива ако те зарази ...
Некако највеќе ми се драги новите години кои ги дочекувавме со нашите девојки - кога исто ке се соберевме во некое празно дома - и со нашите девојки или сеедно слободни дечковци и девоки се забавувавме непрекинато 2 дена ... Што се не сме правеле ... Имаше време за сите глупости што ке ни текнеа во тие 48 сати ... Одлична музика ... играње до бесвест ... стискавци ... бакнежи и нешто повеќе во некое скришно ќоше ... мачкање со паста за заби ... мавање со смег - еееее што снег имаше за новите години а не како во последниве без снег ... без снег нова година некако не е нова година ...
Имаше неколку нови години кои ги дочекував со помало друштво во дупла кино програма па после на плоштад ... за жал тогаш немаше вака добро организирани дочеци на плоштади ...
Едно време кога сите се испооженивме испоомаживме од друштвото - поминавме на славење на нови години во кафеани ... Искрајно тоа се некако ме подсеќаше како да сум на свадба и немам баш нешто добро во меморијата осем една нова година која ја дочекав на Шапка во прекрасно друштво со многу снег околу нас ...
Имаше една нова година пред неколку години ја дочекав на плоштад - но поради милионите петарди ... нема да ми текне другпат пак да чекам нова година на плоштад ...
Во последно време дочекот на нова година стандардно го правиме во домашна атмосфера кај некој од пријателите - каде секој ке си донесе што му се пие и јаде ... добра музика ... малку песна ... жените ни се преправаат дека се “Локици“ ... а и ние се придружуваме со по некоја лудорија ... значи муабет... играње ... смеење ... зезање ...
Е сега зошто насловот на постот е САРМА .... незнам за вас но јас во новогодишни сарми се давам ... Дневно јадам и по десетина и затоа дома за нова година - се прават по два лонца сарма ... Правиме и другпат сарми но овие новогодишните имаат посебен вкус ... или тоа само мене така ми игледа ...
Е да ке заборавев ... утрово само што станав - гледам едното тенџере беше готово со сармите ... ставив кафе - жената некаде искочи да докупи нешто ... го подигнаф капакот од тенџерето со сарми кое го наменивме за мојата мајка ... која ми е нешто болна во последните години ... и не можев да одолеам ... кркнав две онака со неизмиени очи ... во пижами ... дури ни со утрински кафе испиено ... мљац, мљац ... уште го осеќам укусот на сармите ....
Friday, December 29, 2006
БЛОГ на МК Политичари
Кај нас на ваков чекор се осмелија само неколку политичари:
Можда има уште некој - но мене не ми е познат ...
Блогот на Макрадули Јани почна силовито ... но по многуте прашања и незгодните по него коментари Макрадули го запушти блогот ... поготово по губењето на изборите ...
Блогот на Славевски Трајко е замислен од авторот како место каде ке ги реобјавува своите колумни ... И овој блог авторот го има запуштено ... под притисок на работата како Министер за финасии (последен пост на 28 Јули, 2006).... Сепак Славевски мора да знае дека без разлика на немањето на време ако не продолжи со пишувањето на својот блог ... ке има последици поради својата неактивност ... која ке се рефлектира во намалувањето на популарноста ...
Блогот на Груевски Никола искочи кратко пред изборите а по изборите стои пораката - заштитено од злоупотреби ... Незнам за какви злоупотреби се работи ... ако некој мисли дека пуштање на пораки од народот се злоупотреби ... се излажал ...
Со затварањето на Блогот на Груевски ... Груевски изгуби извонредна шанса непосредно да комуницира со народот ... Па ние сме нешто повеќе од 2 милиона од тоа само десетина иљади читаат блогови ... Од кого тоа се плаши Груевски и како би го злоупотребиле луѓето - кои на блогот би го критикувале и фалеле за лошите и добрите потези ... а би му давале и свои идеи ...
Моја порака до Груевски е под хитно да го отвори блогот и реактивира ... Секој би сакал да знае што мисли народот за него ... и не гледам причина блогот да биде затворен ... Секако некој во име на Груевски треба да го уредува Блогот - нешто како личен/блог/портпалор ...
Сега незбам што од она што го промовира Вуна е блог на Петровски Филип ...
Мене ова ми личи на гола промоција - на блог не ...
Што сакам да кажам ... Македонските политичари не ја разбрале уште можноста што им го пружа блогот на еден политичар било во позиција а поготово на оние во опозиција ... специјално на оние кои не се застапени во Парламентот - тоа е непосредна комуникација со избирачите ... народот Македонски ...
На својот блог можат да ги промовираат најбрзо и најефтино своите идеи и ставови ... да соопштуваат ... да црпат идеи од оние кои ке коментираат кај нив ... да трпат критики (оние вистинските) за да видат кај погрешиле или грешат ...
Сега драги мои МК политичари ако не знаете да пишувате по блогови една препорака ... Во Македонија се појавија стотина многу квалитетни млади блогери ... кои за релативно мали пари би Ви биле Ваши извонредни Блог-Лични-Портпароли ...
Прошетајте по Блог сцената на Македонија и ке си најдете лесно свој Блог-личен-портпарол ...
БЛОГ и САЈТ на МРТ
По промовирањето на одличната интернет страна на МРТВ која излегува на повеќе јазици - Македонски - Англиски - Албански - Турски - Влашки - Ромски - Србски - Босански - Бугарски - Грчки ...
Самиот сајт е лесен за следење:
Главно мени | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Програма | ||
---|---|---|
|
Емисии и филмови | ||||
---|---|---|---|---|
|
Информации | |||
---|---|---|---|
|
За нас | ||||
---|---|---|---|---|
|
Македонија | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Јазици / Languages |
---|
Пребарување |
---|
Сателитска програма | ||
---|---|---|
|
Избор | |
---|---|
|
Контакт | |
---|---|
|
На Кратко одличен Вебсајт ... дури изненадувачки добар веб сајт кој е изработен во време кога МРТ е во општа криза - пред се финансиска ...
Но тука требаше да биде представен пред се Блогот на МРТВ ...
Страници:
ВрскиАвтори:
Категории:
Архиви:
Ако кликнеме на Блог правила ке ги видиме правилата на Блогот ...Се дава слобода на избор на темите ... на јазикот ... и некои други правила
Ова е редакцијата на Блогот кој ке го полни со содржини по свој избор ...
Еве го и нивното соопштение зошто е отворен блогот:
Следејќи ги модерните трендови во интернет светот и потребата од освежување и заживување на порталот МРТ онлајн, се воведе „рубриката“ МРТ блог.
Блог е модерен, брз и приемчив начин на изразување на сопствените ставови и видувања.
Во МРТ блог е замислено да пишуваат свои „колумни“ автори од различни области и автори за кои ќе процениме дека имаат што да кажат и дека би ја зголемиле посетеноста на МРТ порталот. Значи за разлика од востановената практика дека секој може да отвори свој блог, во случајот на МРТ блог би се правела една селекција на автори, односно ќе постои начин на пријавување желба за пишување на МРТ блогот, а редакцијата ќе го прифати или не авторот.
МРТ нема да се меша во изборот на темите и материјалите на авторите што е регулирано со пристапниот договор меѓу авторот и МРТ.
Предности на постоење МРТ блог: следење на совремието, отворање на поле за културен натпревар во рамки на јавниот сервис, мултикултурност и мултијазичност за продолжување на веќе постоечкиот имиџ на МРТ онлајн како врвно и модерно средство за изразување, привлекување на публика а со тоа и на можни спонзори…
МОРАМ ДА ПРИЗНАМ УШТЕ ЕДНАШ ОД МРТ НЕ ОЧЕКУВАВ ВАКВИ НОВИТЕТИ ... НО - ИСКРАЈНО ГИ ПОЗДРАВУВАМ НОВИТЕ БЛОГЕРИ НА МАКЕДОНСКАТА НОВИНСКА СЦЕНА И ИМ ПОСАКУВАМ УСПЕШНА РАБОТА ...
Thursday, December 28, 2006
СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ
На МК политишка сцена доминираат две покрупни политички партиски структури - кои се менуваат на власт (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) ... Останатите партии се или сателити на големиве две партии или се премногу малечки за да влезат на политичката сцена ...
СДСМ е партија наследничка на поранешната КПМ - која во трансформација влезе во МК политичка сцена. Имено во името на партијата го воведеа зборот “социјал-демократиски“ - но начинот на кој дејствуваат некако не е соодветен на социјалдемократските принципи .... За СДСМ се вели и дека е творец на ВМРО-ДПМНЕ (“Сина птица“-случајот) ... за да може стално да си го победува на избори ...
СДСМ ја направи неколку “реформи“ во нашата понова историја од која позначајна е таканаречената трансформација на општествениот капитал - каде по моделот на преземање на управување со Предпријатијата - фактички се пребаци сопственост на дотогашните големи директори во МК ...
Оваа структура е и главното финасиско лоби на СДСМ ... така да сега може да се каже дека со СДСМ од сенка владее ова моќно финасиско лоби ... Но СДСМ не направи на време смена на кадрите и не донесе доволно свежа нова крв во партиските редови - кои ке донесеа и нови идеии и без разлика што се најмоќна финасиска партија ги изгубија изборите ...
ВМРО-ДПМНЕ изника како феникс на првите парламентарни избори - дури и победи на нив ... но поради “немоќта“ да направи мнозинство вопарламентот т.е. да кохабитира со некоја партија од Албанскиот политички блок ... тие станаа опозиција иако беа победници ...
За Политичките аналитичари (каде јас не се вбројувам) треба да биде доста интересен начинот на кој се појави ВМРО-ДПМНЕ - како и неговата структура а посебно трансформациите кои ги доживуваше овие последни години ... Имено се смета дека СДСМ преку свои структури успешно го цепкаше ВМРО-ДПМНЕ на мали партии кои се одвојуваа од матицата ... се со стратешка цел да им се ослабат редовите и да се победат лесно на следните избори ... Тоа цепкање ВМРО-ДПМНЕ го кошташе пораз во неколкуте избори ... Дури и на последните ако одеа заедно со другите делови на ВМРО ... најверојатно ке добиеа самостојно мнозинство во парламентот ...
ВМРО-ДПМНЕ го искористи периодот на опозициона состојба целосно да се трансформира и подмлади и да излезе на избори со голем број на нови кадри - за кои СДСМ велеше дека директно од детски градинки одат во Парламентот на РМ и Влада на РМ ... Во периодот на опозицината состојба ВМРО-ДПМНЕ искочи на политиката сцена со многу млади кадри кои се калеа како разни портпароли и се дошколуваа по странство ...
Повеќе за да го казни СДСМ а не гледајки друга атрактивна понуда на МК политички пазар на последните избори Македонскиот избирач се одлучи сепак за ВМРО-ДПМНЕ, на кого му даде уште една шанса да покаже што знае ...
Останувањето на власт и на наредните избори во МК ... ВМРО-ДПМНЕ ке го обезбеди само ако ги остварува своите изборни ветувања ... тоа сега за сега релативно успешно го прават ...
Често пати се прашувам има ли разлика помеѓу МК Политичар и МК Проститутка ...
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
December
(43)
- САРМА - новогодишна
- БЛОГ на МК Политичари
- БЛОГ и САЈТ на МРТ
- СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ
- ОХИС - измама
- ДЕДО МРАЗ vs. МАТЕМАТИЧАРИ
- ГОЛИ БУГАРИ
- БРЕНД КОМПАНИЈА ВО МК
- МЕСТЕНКА ?! - кој кого
- ВЛАДИЦИТЕ - ШТО ВОЗАТ ?
- ПОЧИТУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ
- ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
- ШЕРАТОН ХОТЕЛ - на местото на печатницта Гоце Де...
- „Некстсенс“
- ВМРО музеј во штипско Ново Село
- ТЕПАЧКА ЗА ЉУБОВ БОЖЈА
- JEF Македонија
- ТУМБА МАЏАРИ
- БЛОКАДА ВО ПАРЛАМЕНТОТ
- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА НУБ
- БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА - You Tube
- СТАРО СКОПЈЕ - You Tube
- ВРАБОТУВАЊЕ - Агенција за вработува
- ПЕТАРДИ
- "Хик Родос, хик салта!"
- ФИСКАЛИЗИРАНА КАША
- Бараш ФИСКАЛНА - добиваш ПРИТВОР или ЌОТЕК
- БЛОГОВИ - БОГОВИ
- БЛОГЕРАЈ
- Латас vs. Геровски (трет дел)
- ВЛАДА НА РМ - меил
- КИНОТО - полека умира
- БЛОГ - зошто блогирам
- ПАРНО
- М-Р ДРАГАН ЗАЈКОВСКИ
- КРСТ
- “КУРТО и МУРТО“
- САЈБЕРСЕКС
- Св. Климент Охридски и Македонски - репринт
- ЕСМА vs БОРАТ
- Попе дај фискална!
- AEK - го минира развојот на интернет комуникациите
-
▼
December
(43)