Search This Blog

Tuesday, October 31, 2006

НАСКО ЏОРЛЕВ

Еден од великаните на Македонската народна песна Наско Џорлев – почина на 27 октомври – по подолга болест.

Наско Џорлев е творец на „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Кажи, кажи облаче ле бело“, „Фато мори душманке“, „Дедо мили златни“, „Земи оган запали ме“... и уште стотици песни, синглови, ЛП-плочи и ЦД-а.

Долги години беше предводник на фамилиарниот Бенд – ЏОРЛЕВИ – кој свиреше на многу забави – свадби ... Во последните неколку години кога го притисна болеста – палката ја препушти на своите деца – кои сега предводени од Зоран Џорлев познатиот – виолинист виртуоз на својот инструмент – кој предава виолина и во Средното Музичко училиште. Секако тука е и Софче Џорлева која во групата е соло пејачка – инаку пее и во хорот на Операта при МОБ.

Погребот, по негова желба, е извршен во неговата родна Струмица, каде што во 1932 година го започнал животен пат.

Како внук на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, Наско Џорлев бил воспитуван



и израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба. Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее со естрадниот леб, по патишта и турнеи. Како негово откритие секогаш се претставувале видни пејачки имиња на македонската народна песна, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, но и Уснија Реџепова, а и инструменталистот Ферус Мустафов. Со последното кажување добра ноќ на Наско Џорлев останаа песни, кои неговиот син Зоран Џорлев ги смета како аманет за да бидат изведени.



Во продолжение еве дел од неговите песни, кои ке останат длабоко запишани во народното паметење – а некои од нив се со придевка НАРОДНИ – иако се творечки од Наско Џорлев.

НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!

За визното гето - во кое се наоѓа Македонија – која културно – историски и геогравски припаѓа во ЕУ – многупати пишував. Види линкови 1,2,3,4,5,6,

Ние имаме едно природно право кое ни е повредено - а тоа е правото на слободно движење.

ЕУ е секаде околу нас. Ние без да стапнеме на ЕУ територија не можеме да одиме никаде. Не барам никој да ми даде милостиња - тоа е наше природно право.

Одсекојпат сметав дека осем исполнувањето на техничките услови за безвизен режим со ЕУ (соодветен пасош, соодветни гранични премини, договори за реадмисија со земјите на ЕУ и незнам што се уште) – мораме да вршиме притисок и со други средства – разни кампањи – протести па ако треба и големи митинзи.

Вакви кампањи - имаше и во минатото – но недоволно агресивни ...

Македонија без шенген – затоа што зидови сеуште постојат,

Во мојот напис: Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство – во еден од коментарите реков – направив сценарио како побрзо до симнување на визите – се разбира осем спроведување на техничките прашања:

“... Владата да подпомага и потикне неколку невладини организации да поведат кампања за ова (впрочем ова владата веќе неколку пати го направи - но само за да ја сочува власта).

Потоа излегуваат студентите, учениците (“спонтано“-да учиме од нашите браќа Албанци) неколку дена пред ЕУ канцеларијата во Скопје и десетина пред ЕУ седиштето во Брисел.

Плаќање на реклама на сето ова во некој медиум -
CNN да речеме. И ке видиш дека “спонтано“ процесот ке се убрза...а нашиот национален понос ке порасне бидејки за ова сме се избориле и не ни е поклонето...“

Ако можеме како држава годишно да плаќаме и по неколку милиона евра годишно за визи – тогаш можеме со значително помала сума да си помогнеме самите себе во укинувањето на визниот режим.

На крај на постот Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство повикав:

“...Граѓани на Македонија за ова вреди и да се организираме и да направиме еден симпатичен протес пред зградата на ЕУ во Скопје и пред седиштето на ЕУ во Брислел.

Ејде невладини организации истакните се.!!

Ајде студенска и ученичка младина на Македонија разбудете се сега е моментот за овој притисок до ЕУ!!

Ајде блогери помагајте!!
...“

Еве некој после осум месеци од мојот пост – како да го услиша моето сценарио - како побрзо до симнување на визите и Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, потпомогнати од Унијата на Средношколци на Македонија, Сојузите на Студенти на УКИМ, Младинскиот Образовен Форум, Балкан Идеа и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовен протест против визниoт систем воведен кон Република Македонија.

** Протестот ќе се случува со почеток во 11 часот пред владата на Република Македонија, а целата поворка ќе заврши пред зградата на Европската Комисија на улица МАКЕДОНИЈА, со голема журка.

** Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа.

** Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем.

** Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Организационен тим на кампањата – Виза, ај батали!

Протестот и кампањата наидува на широка подршка од колегите блогери:

Panta Rei * Виза, ај батали!

Кλειστοφοβίа * НЕ, на визите..

waterlily * НЕ на ВИЗИТЕ

волан * НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!

Вклучи_се * иницијатива - Виза, ај батали

jadiburek * Виза, јаа данке

Spartak * ПОДДРШКА ЗА АНТИВИЗНИОТ МИРЕН ПРОТЕСТ!!!

VBB * ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

MastermindMK * ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ 9-ТИ НОЕМВРИ

Nearen * ВИЗА - НЕ БЛАГОДАРАМ! САКАМЕ БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ!

Кичевчанец - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ 9-ТИ НОЕМВРИ

DUKI * Поема за визите

sting EYE * Стоп за визите!

all_is_half * ДЕВИЗА-БЕЗ ВИЗА

albanac * ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЗИМ

cartOOns * КАРИКАТУРА за визниот режим

Shepard - Студентски протест (искрајно не знам дали тука или подоле да стои твојот пост)

ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! VIZA, FORGET ABOUT IT! - (Блог на организаторот)

Блогот на Јован - На протест!

Археолошки дневники vol.2 - Не сакам да бидам уште една тула во шенгенскиот ѕид

alibi.com.mk - Виза, ај батали

Тука ке ги едеитирам сите кои ке ја подржат кампањава и протестот.

Протесто со свои постови го следат и Македонските форуми:

На Идивиди Форум - Виза, АЈ БАТАЛИ!

На Багра - Виза, АЈ БАТАЛИ!!

На Кајгана - Виза, АЈ БАТАЛИ!

На Неарен - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

На МојаМакедонија - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

Марифет - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

Има и такви кои од свои причини не го подржуваат протестот:

Блогот на Букаро * среќна ви журка, јас ќе пијам сам!

Мечето Ушко * САКАМЕ ВИЗИ СКАМЕ ВИЗИ САКАМЕ ВИЗИ САКАМЕ ВИЗИ

.аНТИблог - Шо ќе ми е виза - без пари?

Бајкобиограф - Виза: За!

Зомбификација © - „Свадба без тапани“ – со „тапанари“?

Со коментари за поршка на иницијативата на овој пост - или на другите блогови кои пишаа пост со подршка - досега се приклучија:

Vinetu * KIMI s * martin_91 * chote * атака * Јанис * Spartak * OGI SINKO * VBB * MastermindMK * Jakov * Скопски * Nearen * sinner * RIBARO * Arwena * Skopjance * Krapp * Б.Црвенковски * Буч * Natka * Вклучи се * E-Lady * Б.Дечак * ВизаФајтер * DUKI * sting EYE * all_is_half * ДЕВИЗА-БЕЗ ВИЗА * Kukle * Бунка * cartOOns * ADO JEF-Make… * patriota2 *

Што треба да се направи - за успешен протест:

***Сценарио за настапот во Скопје
***Сценарио за настапот во Стразбург - пред Советот на Европа
***Да добиете симпатии меѓу Македонските граѓани - поготово младината - без разлика на националноста ... и симпатии кај сведската јавност ...
***Да воспоставите соработка со огранците на партиските организации - подмладоците на партиите (кои треба да помагаат - но не треба да се појавуваат како организатори на протестот - протестот мора да е граѓански - никако партиски - без секакви партиски обележја)
***Да ги обавестите домашните амбасади за настанот - и релевантните институции и фактори во државата
***Навреме да ја информирате светската јавност и инстуции - за случувањето
***Соодветно и навремено - да се организирате за протестот во Стразбург
(доволен број на луцидни транспаренти - маички и други обележја на протестот ...)
***Да обезбедите дозволи за протестот - за Скопје и за Стразбург
***За протестот во Скопје да обезбедите доволно редари - кои во соработка со нашата полиција ке спроведуват ред
***По завршување на протестот да обезбедите тим кој ке го зачисти просторот од митингот - Ова е многу важно и симпатично ке прозвучи кај нашата а поготово светската јавност.
***Да обезбедите масовност на протестот - со само еден прес е недоволно - треба да имате најмалку три преса - еден во следните два дена и еден на денот пред протестот - и еден после протестот ...
***Да обезбедите учество во ТВ медиумите - каде ке зборувате за протестот ...
***Да обезбедите спонзари за трошковите - можни спонзори се :
- докажаните македонски мецени
- градот и општините
- Акцент Медија - за да обезбедат доволно плакати
***Да се молите на бога за добра карма на протестот - и добро време на денот на протестот ...

Ги молам останатите блогери да помогнат со давање на идеи како да се направи што поуспешен протест ... значи малку “бреинсторм“ молам ...

Најдобрите плакати и идеи за Флаери ке ги едитирам во основниот пост.

** Виза, ај батали!
** ВИЗА НЕ БЛАГОДАРАМ
** СТОП ЗА ВИЗНИОТ РЕЖИМ
** ЗА УРИВАЊЕ НА СИТЕ ЗИДОВИ
** НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО
** СТОП ЗА ВИЗИТЕ
** ДОЛЕ СО ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД!!

перо cartOOns
Olesnuvanjeviza(B).JPG

Гласам НЕ, за визниот режим.


Не сакам да бидам уште една тула во шенгенскиот ѕид

Сакам да го срушам.

Па да си помогнеме на самите себе – НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !!

Ruta viza aj batali (Medium).jpg
Oficijalen plakat (Medium).jpg

Горрниот плакат е официјален плакат на протестот.

Предвидено сценарио за 9ти Ноември

11.00 Почеток на манифестацијата во 11 часот пред Владата на РМ.
Обраќање до владата како институција, а не политичка партија која е на власт и барање од релевантните служби да им помогнат на грѓаните на Македонија, со забрзување на административните процеси (Конечно издавање на новите пасоши, допотпишување на договорите за реадмисија и електронско поврзување на граничните премини).
11.40 Поворката ќе почне да се движи по улицата Илинденска, преку Орце Николов, и ќе скршне лево на улицата Димитрија Чуповски. На пресекот со улица Македонија, поворката ќе сврти десно кадешто во 12.20 ќе заврши пред Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.
На улица Македонија пред споменикот на Мајка Тереза, поворката ќе ја пречека импровизирана граница и граничари кои треба да го симболизираат нашиот влез во земјите од Европската Унија.
12.20 Пред Делегацијата на Европската Комисија ќе ги потсетиме релевантните Европски фактори, дека Македонија и нејзините граѓани несмеат да бидат колатерална штета во бирократскиот систем на Унијата, и ќе биде испратена порака до Амбасадоро Фуере, од кого се очекува истата да ја пренесе до соодветните тела на Европската унија.
12.20 Поставен е импровизиран визен ѕид на кој граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки.
12.40 Се очекува да се обрати Амбасадорот Фуере.
12.50 – 13.30 Музички бенд, под мотото Не играј пред амбасада, играј на подиум, како потсетник на понижувањата со кои се соочија Играорците од Битола минатата година кога беа натерани да играат за да добијат визи пред Амбасадата на Обединетото Кралство.
13.30 Протестот завршува.

Monday, October 30, 2006

АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО – втор дел

Беше и помина најаважниот двегодишен собир на македонските Археолози - Од 25 до 28 Македонските Археолози се на симпозиум во Делчево - во организација на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) - подпомогнати од Министерството за култура.

Досега во јавноста излегоа само два написа во дневната штампа. Едниот беше на весникот Вечер За новите откритија и старите диви копачи и другиот на весникот Дневник Штитовите се од некропола голема колку Кавадарци.

И толку. Дали МК Археолози се затворија во самите себе. И си дискутутираат меѓу себе за случувањата во МК Археологија. Зошто симпозијумот не беше искористен да се промовираат некои најнови откритија на МК Археологија – како штитовите од Бонче – или незнам кој друг наод.

Ако наодите не се документираат и јавно презентираат – тие се повторно мртви наоди – како да се сеуште под земја. Иако се извадени од под земја тие стојат “трезорирани“ во разни магацини и далеку од очите на јавноста (како стручната така и обичната).

Ако за ископувањата не се прават извештаи – кои јавно ке се достапни на нашата и сведска јавност – тогаш МК Археолози не си ја завршиле работата. А подобро преставување и поефтино од интернет представување здравје. Само треба сајт и неколку познавачи да го полнат и освежуваат сајтот. Секако сајтот треба да биде на Македонски и Англиски – за да се проверуваат наодите во јавноста паралелно во светот и кај нас.

На интернет нема ни еден таков наш сајт – за разлика да речеме од Грција, Бугарија, Србија, Италија и да не набројувам. Па после Цацко ни бил крив. Некој ни го крадел иденитетот....

Евешто има на интернет од МК сајтови.

Сајтот на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) – кој е пресиромашен, за парите што ги добива за таа намена. Иако се организатори на симпозиумот – нема три збора за него !!??.

Освежување е web страната на Студентско Археолошко Здружение АКСИОСно тоа е само студенско ангажирање.

Во недостаток на други релевантни извори ние МК-Блогери – па и не само ние, за случувањата во МК Археологија дознаваме од Дневната штампа која одвреме навреме пишува за некој настан. Но тоа што го пишува по весниците е за потреба на весникот – што поголема читаност и тие ги користат шпекулативните информации и пишуват само кога во настанот се содржи афера. Добро има и афирмативни текстови. Секоја чест за таквите.

Честа на МК Археологија на интернет просторот во Македонија ја брани Археолошкиот дневник на извесна – Арвена. Останатите археолози бегаат од интернет – предпоставувам затоа што се или Интернет неписмени или недоволно стручни за да пишуваат јавно. Arwena има свои паралелни блогови и на Блогспот и на Блогер, но сепак навеќе е присутна на Блогерај. На Блогспот - Arwena пишува во последно време на Англиски што е многу значајно за светската промоција на МК Археологија.

Единствена добра Интернет презентација од некое случување од МК Археологија е Meeting “Prevention of Illicit Traffic and Other Illegal Actions
Related to Cultural Properties” - Hotel “Metropol” - Ohrid, March 15-18, 2006
.
Тука двојазично се презентирани сите дискусии и целиот настан е одлично интернет покриен.

Значи знаеме и можеме, ама не сакаме. Зошто ??!

Friday, October 27, 2006

АРХЕОМАФИЈА - МК

Сите мои написи во врска со темава можете да ги пронајдете по линковите на последниот пост на темата: АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)

Сега сакам да ви преставам три написа на весникот Време, кои се пишани во периодот крај на 2005 и почеток на 2006.

1.МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (1), Молчи и копај, парата е добра!
2.ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (2), Што сакаа да откопаат Фрчкоски, Владо Поповски и брат Љубе?
3.ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (3), Крадењето на црквите „ад акта“

Постов е малку долг – но оној што го интересира темава секако ке го прочита. Се надевам дека на Симпозиумот во Делчево (од 25 до 28 овој месец) нашата Археолошка фела ке ги допре и овие теми.

Написите се пишувани од

Надица Апостолова и
Маја Пандева

Надица Апостолова

Во првиот напис МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (1), Молчи и копај, парата е добра! – авторките на написот велат:

Тој што ќе го пронајде гробот на Александар Македонски ќе стане безмерно богат. Така барем веруваат луѓето што го бараат некаде на Беласица. Упорно се трага и по пленот на Александровата фаланга, донесен од освојувачките походи, но и по гробот на ќерката на царот Самуил, за кој се верува дека е некаде во преспанскиот регион. Тони и тони злато се кријат под оваа наша македонска земја, а археомафијата се труди да ги пронајде и да ги откопа.“

Понатака во написот ги посочуваат ударните локалитети:

Диви копачи, дилери, археолози, нарачатели и колекционери - сите заедно, предводени од недопирливите босови на археомафијата, смислено, систематски и организирано ја пребаруваат нашата земја, трагајќи по непроценливо богатство. Ударни локалитети се Исар-Марвинци, Милци, Вардарски рид, Каракуш во близината на Дојран, Требеничко кале, Вајтос, местото Рамне на Галичица, Стибера во Прилепско, Гарван-пештера во Тиквешијата и многу други, кои не се евидентирани во археолошката карта. На овие локалитети секој трага според својата приказна.“

Исар-Марвинци е нашата најпозната дивокопачка „сага“. Полицијата се сомнева дека денес локалитетот го контролираат две организирани банди. Локалитетот не е добро обезбеден, па тие непречено работат. Инаку, „заслугата“ за откривањето на овој „мајдан“ му припаѓа на извесен Б.П., сопственик на неколку златарски дуќани и главен бос за валандовскиот регион. За него во 1993 година биле раскопани и уништени 900 некрополи (гроба), кои датираат од железното време па до доцната антика. Б.П. во неколку наврати бил откриван и кривично гонет, но секогаш се извлекувал.“

“ Галичица е национален парк, но и цел на дивите копачи. Таму се трага по гробницата на ќерката на царот Самуил и по сарајот на жената на еден познат бег од Охридско. Месното население од Велестово кажува дека во месноста Рамне се копа ноќе, со мали липкери и со детектори - се бара злато, а местата брзо се камуфлираат. Градината Вајтос, локалитет што се наоѓа меѓу селата Вевчани и Октиси, ја контролира месното население. Тие се поделени по атари и трагаат по злато. Никој никому не смее да му се меша во атарот, а молчењето е поскапо и од златото. Секој обид да ги испровоцирате да проговорат останува безуспешен и опасен.“

Понатака во написот авторките на написот – зборуваат за вредноста на пооделниот тип артефакти:

Продажната цена на еден сантиметар од бронзените фигури и од раритетните теракоти на нашиот пазар денес е 1.000 евра, а на странскиот пазар дури 1.500 евра

Авторките биле амбициозни и во интервју со Драган Несторовски, виш инспектор во Секторот за насилен криминал во одделението за организиран криминал при МВР, еден од двајцата инспектори во државава задолжени да се справат со археомафијата – посочуваат:

Се проценува дека бројот на луѓето вклучени во „бизнисот“ (не сметајќи ги организираните групи од Бугарија, Грција и од други држави) е стравотен. Тешката економската ситуација мами многу луѓе, меѓу кои и чесни земјоделски семејства, да се вклучат во потрагата по брза заработувачка. Но, сепак, јавна тајна е дека на целата работа и кумуваат и археолози. “

Нашето истражување покажа дека археомафијата со децении е поврзана со државниот врв. Распродажбата на македонското археолошко богатство се толерира, па дури и се поттикнува. Високи политички личности директно раководеле со некои диви ископувања. Археолошки архиви намерно биле уништувани. Неколку големи акции, во кои се запленети предмети, се спречувани, а одземените предмети дури брутално им биле враќани на арамиите. Таа практика, за жал, трае до денешен ден.“

Во продолжение на првиот напис авторките посочуваат каде по нивно сознание завршуваат артефактите:

Дивите копачи не се само орудие во рацете на мафијата. Тие учествуваат и во менувањето на историјата на Македонија. Грците, со кои спориме за името, преку дивите копачи ги исцрпуваат сите можни докази од железното време, период за кој најмногу се заинтересирани, за да докажат дека ние сме само словенски доселеници на оваа почва. Станува збор за археолошки предмети од времето на Филип и Александар Македонски. Додека ние ги оставаме нашите локалитети неистражени, поради недостиг од пари, Грците преку своите дилери ја завршуваат работата.“

Во интервју со Илчо Бојчевски, раководител на одделението за превенција на споменичкиот криминалитет при Управата за културно наследство авторките на написот посочуваат:

Во Солун постои откупен пункт, каде што нашите дилери ги носат предметите од железното време.“

“ Познато ми е дека јужниот сосед од буџетот одвојува средства што се префрлаат на катедрата по археологија на солунскиот универзитет. Со тие пари се ангажираат соработници и транспортери и со помош на овдешни, локални луѓе, тие доаѓаат до вредни артефакти. Практично, црниот фонд им е во функција на целата политичка борба против нас.“

Горново е зајакнато со изјава на Милан Ивановски, археолог, советник-конзерватор во Националниот конзерваторски центар. – кој посочил: “ Додека Грција сестрано ја помага науката, на нашите институции фактите им бегаат од рака.“

На крај на овој напис – авторките завршуваат со:

И ние имаме Институт за археологија, но тој е интерен, факултетски, нема пари и право на самостојно истражување, ниту археолошки збирки. Неговата моќ е неспоредлива со онаа на јужниот сосед.

По толку врева против дивото копање, на Исар-Марвинци и понатаму се „работи“, на некои локалитети дури и со липкери, а Македонија од бандите диви копачи ја чуваат вкупно двајца инспектори


Во вториот напис: .ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (2), Што сакаа да откопаат Фрчкоски, Владо Поповски и брат Љубе? – авторките даваат сторија во која во копањето по археолошките локалитети се вклучени наши тогашн видни политичари- кои организирале потрага по скриено богатство на некој локалитет меѓу Радовиш и Штип.

“За оваа намена беше набавен детектор од 100.000 долари и не беше дозволен никаков пристап на теренот. Откако беше направена огромна штета и беа уништени три тумули, тие се повлекоа, а нам, за да ни ги затворат устите, ни доделија средства за санирање и за истражување на локалитетот - сведочат археологот Милан Ивановски и инспекторот Илчо Бојчевски.

Аферата брзо било забошотена, а по неколку години била повторена истата грешка, овојпат од страна на тогашниот министер Љубе Бошковски. Заведен од приказната за злато што се криело во кратовскиот регион, оставено при повлекување на војската од Првата светска војна, тој почнал ископувања. Но, наместо златото по кое се трагало се нашла руда за правење шамотни печки.“

“ Во 2000 година, на потегот Струмица - Радовиш, според картата на еден струмичанец, требаше да бидат откопани 20 тони златници од времето на Александар Македонски. Замислете, тој поседуваше уредна дозвола од Министерството за финансии за спроведување на оваа акција - вели археологот Ивановски.

Оваа тридневна авантура го чинела дивиот копач 15.000 германски марки и кривична пријава за поткопување на магистралниот пат. Од договорот 20 наспрема 80 од откриеното во корист на државата не излегло ништо.“

“ Но, јавна тајна е дека одвреме-навреме и припадниците на НАТО стационирани во Македонија се врткаат околу археолошките локалитети. Една таква "археолошка експедиција“ на 80 германски војници во близина на Дојран беше откриена од локалната полиција, во април 2000 година. Овој настан портпаролот на НАТО во Скопје тогаш го објасни како „историска екскурзија“. Вакви „екскурзии“ и денес се случуваат пред нашите очи и сведоци сме на културна катастрофа со која се губат многубројни археолошки артефакти.

На крај авторките на написот – ја допираат темата на презентација на артефактите на јавноста и обвинуваат дека:

“... откриените археолошки предмети упорно остануваат далеку од очите на јавноста - само во Стоби има 18.000 такви предмети, кои кога не се презентираат, како и да не постојат!“

“.. познатиот германски археолог Драгендорф, кој во Првата светска војна од дојранско-валандовскиот регион ги однел првите докази од македонското железно време..“

На крај на овој втор напис авторките заклучуваат:

Археолошкото богатство на Македонија еден век се краде и се изнесува во странство. Но, дури денес владее вистинска златна грозница. Помогнати од Македонскиот институт за медиуми, Надица Апостолова и Маја Пандева се обидоа да и влезат во трагата на македонската археомафија. Нивното истражување доведе до единствен заклучок - нашето археолошко богатство и денес систематски се краде, а во тоа учествуваат видни личности, министри, дури и државни институции. Ова е второто продолжение од оваа фасцинантна истражувачка сторија“

Во третиот напис на авторките на овој серијал за Археомафијата во МК - ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (3), Крадењето на црквите „ад акта“ – се занимаваат со перманентното крадење овојпат од Црквите и Манастирите во МК.

Нема археолог што не знае за вредните колекциите од предмети од македонска почва што се однесени во белградските музеи, како на пример збирката на Црниловиќ, сега поставена во Манаковата куќа. Оваа богата збирка содржи 20.000 фотоплочи, документи и записи од Вардарска и од Егејска Македонија. Но, за љубов на вистината, треба да се каже дека Црниловиќ пред да си замине од Македонија и ја понудил збирката на државата, но некој моќен решил дека таа не треба да се задржи. Дали тоа се случило сосема случајно?“

Авторките посочуваат дека некој се потруди да уништи доста архиви :

За односот на нашата држава кон културното наследство на овие простори речито зборува и податокот дека во 1972 година тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи (денес МВР) ја уништил целата документација што била водена за уништувањето и за крадењето на црковното богатство - како „застарена и неважна“.

“Вината за одлевањето на културното богатство треба да ја бараме првенствено во односот на државата, велат доброупатените. Според три члена од Кривичниот закон (264, 265 и 266), почнувајќи од 1996 година до денес се поднесени 118 кривични пријави против 222 сторители на вакви кривични дела. Но, тие секогаш добивале само условни казни. Сега имаме нови закони (казните за дивите копачи се од една до десет години затвор, во зависност од делото и од вредноста на изнесениот материјал), но, како што вели народот, волкот влакната ги менува, но не и табиетот. Имаме многу бизарни примери кога кај некои дилери и на аукции биле откривани раритетни колекции од наши локалитети, а на нашите стручњаци не им било дозволено ни да ги откупат. На овој начин е загубена трагата на многу вредни колекции.“

Драган Несторовски, виш инспектор во МВР, раскажува за една случка од 1997 година, кога полицијата добила податок дека ќе се изврши препродажба на археолошки предмети што имаат многу висока вредност.

- Во тридневна рација по домовите во неколку града низ Македонија беа одземени околу 3.600 предмети. Против прекршителите беа поведени судски постапки. Но, да биде иронијата поголема, процесите се одолжуваа додека судските предмети не застареа. Причината беше вмешаноста на влијателни личности. Не само што тие не добија никакви казни туку бевме принудени да ги повлечеме пријавите и да им ги вратиме одземените предмети. Меѓу вратените предмети имаше и вредна нумизматичка колекција, која во тоа време беше проценета на 1,6 милион швајцарски франци - се сеќава Несторовски. “

“ Луѓето искрено загрижени за последиците на археомафијата велат дека постои само еден вистински начин да и се застане на патот - да се засилат легалните истражувања. И покрај сите уништувања, Македонија изобилува со вакво богатство. Добрите познавачи велат дека неколку археолошки локалитети се чуваат во строга тајност, бидејќи кријат старо злато со кое би можеле да се покријат внатрешниот и надворешниот долг на државата. Или да се наполнат многу џебови на мафијашите. Останува да видиме што ќе се случи.“

На крај на серијалот авторките заклучуваат:

Археолошкото богатство на Македонија еден век се краде и се изнесува во странство. Но, дури денес владее вистинска златна грозница. Помогнати од Македонскиот институт за медиуми, Надица Апостолова и Маја Пандева се обидоа да и влезат во трагата на македонската археомафија. Нивното истражување доведе до единствен заклучок - нашето археолошко богатство и денес систематски се краде, а во тоа учествуваат видни личности, министри, дури и државни институции.“

Секоја чест на авторките, мојот наклон и им симнувам капа ....

Thursday, October 26, 2006

ЛАК И СТРЕЛА

Ова игра како деца ја игравме под пресија на филмовите за каобојци и индијанци. И славниот Робин Худ се разбира. Стрелата беше оружје на индијанците. Многу и романи од Карл Мај прочитав - попосле со таква тематика.

Потешко беше да се изработи Лак. Мораше да се најде некое јако но не предебело дрво кое има еластичност во себе... Дрен беше добар избор ... Но каде да најдеме дрен – тој во падините на Водно растеше но во маалото во која јас живеев (близу Техничко училиште – денешна Универзална) го немаше....

По земјотресот една година бев евакуиран во Словенија Камник (неколку месеци) и Пореч 8 месеци. Камник беше идеално место за правење на лак и стрела. Околу групите на куќи распрскани ваму таму – беа обронци на шума – густа шума и добар извор за материјал за Лак и Стрела. Но наставниците не ни дозволуваа да одиме сами во шума ... Словенчињата некако не не играа ... не избегаваа ...

Вистинските Лак и Стрела ги правев во населбата Бутел еден – каде моите добија барака после земјотресот ... Е таму кај самопослугите имаше остатоци од некаква шума од Багрем – која ја имаше се до некое време – кога поради старост ја исекоа ....

А уште повеќе материјал имав во селото во кое сум роден с. Старо Нагоричане. Пчиња изобилуваше со материјал за лак и стрела ... а за надополнување на сликата ... дедоми имаше прекрасна кобила по име “Ласта“ – која во полн трк – галоп - ме носеше и по неколку километри .... Во трки со коњи сега уживаат само побогатите слоеви а тогаш беше забава за нас сиромасите ....

Интерсно е дека кога ке паднеш од коњ во полн трк (се навалуваш како каскадерите од филмовите) и паѓаш под коњот ... Коњот веднаш се укопува во земја и не се десило коњ да нагази дете кое паднало ... Коњите се многу внимателни животни ....

Ласта ке ја јавнев и за десетина минути галоп бев во река – каде Ласта ке се напасеше на сочните ливади – јас ем ке се избањав во пчиња им ке најдев добар материјал - прав и доволно јак и жилав за Лак и Стрела ...

Потоа брзо ке се вратев на “работното место во селото“ – обично како и секое дете на село и јас добивав по некоја дневна задача (да се заработи ручекот – велеше дедоми) – претежно околу чување на крупниот добиток – неговото терање на паша и поење ....

Дома во двор кај дедоми ке најдев некоја стара жица и ке го оптегнев Лакот. А од тенките но јаки прутја ке направев стрели. На крај на стрелата оној кој беше од напред знаевме да уковаме пресечена шајка и правац чавки (омилени за одстрел) ... Ем доволно големи, ем штеточини ... Брзината на такви Стрели беше голема и знаевме да погодиме чавка дури и на 40 метри оддалеченост ... но се разбира најчесто промашувавме ...

Во меѓувреме (во право пладне – кога сонцето е највисоко) кога на село ништо не може да се работи – знаев често да се најдам во дворот на црквата св. Ѓорѓи – во дебелите сенки под големите багреми - во друштво на добра книга за мојата возраст ... Ех, детство ... најубавиот период на животот ...

АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО

Од 25 до 28 Македонските Археолози се на симпозиум во Делчево - во организација на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) - подпомогнати од Министерството за култура.

На симпозиумот ке се разгледа работењето на МК Археолози - фелата - за археоложките истражувања во последните две години. Се очекува и да се расветлат некои случувања од последниве денови - а тоа е ситуацијат со Епохалниот наод од Бонче и ситуацијата со “дивите копачи“ ....и таканаречената АрхеоМафија (има-нема)

Симпозиумот е отворен за јавност и новинарите здушно ке не информираат што се случува таму ... а очекувам и доста интервјуи и ТВ прилози. Веројатно е поради жескоста на последните случувања дека некои Археолози ке ги фрлат ракавиците и жешко ке пробаат да се разрачунаат со другата страна - поготово во “случајот“ Бонче ...

Таква размена на високи тонови имало и последниот пат на нивната средба - симпозиум кој се одржуваше од 16-21 Мај 2004 год - во мотелот “Вардар“ на самиот локалитет Вардарски Рид. Имено и таму “се фатија за гуша“ .... околу наводното фингирање на наодот на златните маски ....

Сега има повеќе врели теми а и нашата јавност очекува конечно да се отвори списокот од 200 те диви копачи кој го има во Управата за заштита на културното наследство ... имено го најави во интервју за Вечер Јован Ристов - стариот директор на Управата за заштита на културното наследство ....

Секако таму ке се разговара и за чисто стручни и научни теми и начини на презентација на нашето Археолошко наследство.

Blog Archive

Site Meter