Search This Blog

Wednesday, October 04, 2006

ЏАМИЈА

Оваа игра ја играат-сакаат подеднакво и женските и машките деца и неретко ја играат заедно измешано ...

Се избираат две екипи од по 4/5 мина. Се црта квадрат на асфалт или земја сеедно. На средината од квадратот 1,5 м, се редат 5 плочки (една плочка 10 см.). Се редат една над друга (тоа го викавме „џамија“ а ние најчесто ги правевме од керамиди). Едната екипа, со топка, од определено растојание (7/8м.) се обидува да ги растури коцките, а кога тоа ќе и успее, другата екипа ги реди коцкоите-плочките (4 по аглите и една коцка насредина).

Цел на играта:
- Екипата што првобитно ги растураше коцките (џамијата), се обидува да ја изгради повторно џамијата, а за тоа време е попречувана од другата екипа (екипата што ги распореди коцките по аглите) која со топката ги удира оние што сакаат да ја изградат џамијата.

Играта завршува кога џамијата е изградена или кога се погодени сите играчи кои се обидувале да ја изградат џамијата.
...Хм... интересно е што како мал имам изградено еден куп „џамии“, а сега некој сака да им го руши детството и на оние што граделе „цркви“ и на оние што граделе „џамии“....

Ова појаснување на играта е од - RIBARO – со кого се договоривме кога ке се видиме, да честам пиво (што би рекол кумашинот мој-стар кафеанџија од Куманово “.. ќе утепамо ли по еднога скопјанца – скопско пиво де ...).

** Во Џамија има квадрат во кој се распоредуваат 5 плочки. Едниот тим го чува квадратот со топка за да не дојдат играчите-децата од другиот тим – да ја наредат џамијата, која се состои од петте плочки наредени една над друга ...

Ако те удрат со топката, надвор од игра си ... ама ако дојдат да те бркаат со топката некој од твоите соиграчи, може да дојде и да ја намести џамијата ...

Играта завршува или со редење на џамијата или со одстранување на сите играчи-деца од тој тим со удирање со топката ... тимот кој победил повторно напаѓа ...– Пишано во приватна порака

No comments:

Blog Archive

Site Meter