Се редат големите археолошки одкритија и предпоставки во Македонија. Тоа ја потврдува тезата – која е и моја дека во Македонија каде и да копнеш има неколкуслоја на историја.
Затоа и чуди инертноста на државата која не го користи ова како можност за развивање на специфичена понуда на туризам ... Археолошко – Црковен туризам ... За ова имам пишувано повеќе пати види линкови 1,2,3,4,5,
Овие денови по епохалното откритие во Бонче и најавата за откопување на утврден град на Филип Втори на локалитетот Киклопски зидини кај Охрид. , враќање на Македонските бронзи од Словенија и нивно представување, следи денешнава најава за откопување на бедемите на Антигона.
Би сакал – искрајно би сакал да имаме секојдневни вакви најави за откритија ... но поради сплетот на околностите – можеби е ова уште еден обид да се рехабилитираат Македонските Археолози – кои поради познатиот случај со штитовите во Бонче беа “обвинети од јавноста“ за вмешаност во таканаречената “Археолошка мафија“ и директна соработка со таканаречените “диви копачи“.
За ова овие денови доста пишував. Види линкови 1,2,3,4,5,6,7,8,
Да се вратам на денешниот напис на Дневник АРХЕОЛОЗИТЕ ПРЕД СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ - Откопани бедемите на Антигонеа
** Масивните бедеми долги сто метри, на некои места подебели и од два метра, ги
натераа археолозите да веруваат дека се на чекор од сензационално откритие - локацијата на античкиот град Антигонеа, од 3 век пред новата ера.
** Откривме стотина метри од ѕидот. Постарите делови од камен и кал биле изградени во хеленистичкиот период, а горните слоеви од бедемот биле наддадени во римскиот период, кога камењата ги спојувале со малтер - објаснува археологот Киро Ангеловски, кустос-советник во Музејот во Неготино, раководител на археолошките ископувања.
** Постари слоеви се' уште не се откриени. Археолозите не се осмелиле да го спуштат нивото на земјата за да не се урнат масивните ѕидини.
** Локалитетот е многу атрактивен. На површината се гледаат остатоци од хеленистичка, римска и доцноримска керамика, од 2 век пред новата ера до 4 век. Според историските извори, токму во тој период живеел градот - вели Ангеловски.
** Акрополата на градиштето зафаќа површина од 5 хектари, а заедно со подградието градот се простирал на површина од 8 хектари. На тврдината археолозите направиле една контролна сонда во земјата и наишле на објект од хеленистичкиот период. Не продолжиле да работат, имајќи предвид дека се наближува зимата и дека нема да има време да го заштитат објектот.
** Од движните наоди, археолозите пронашле стаклени унгвентариуми (мали издолжени шишенца во кои се чувале мирисливи масла), стаклени чаши, керамички луцерни (ламби) од 1 век пред новата ера, фибули (украсна безопасна игла) карактеристични за тиквешкиот регион и две што се сосема некарактеристични за Македонија. Пронајдени се и монети на македонските кралеви. Дел од нив биле пронајдени во осамен детски гроб, во подградието.
** Постојат три локалитети околу Неготино, на кои научниците сметаат дека се наоѓал градот Антигонеа - Чаир рид кај Тремник, неготинско и војшанско Градиште. Според археологот Елеонора Петрова-Митевска, супервизор на проектот, најголемо внимание во археолошката наука предизвикале првите два локалитета, особено неготинското Градиште.
** „Населбата имала континуитет уште од архајскиот период, а нејзиниот вистински процут е сврзан со класичниот и почетокот на хеленистичкиот период. Многубројната сива керамика со хеленизирани форми и реткиот увоз на антички сликани вази укажуваат дека градот најинтензивно живеел во 5 и 4 век пред новата ера. Поврзувањето на локалитетот со Антигонеа изгледа сосема логично“, вели Петрова-Митевска.
** Македонскиот крал Антигон Трети Досон (229-221 г.п.н.е.) ја основал Антигонеа во 222 година п.н.е. за да ја заштитува северната македонска граница. Според Петрова-Митевска, до тој период границата меѓу Македонија и Пајонија веројатно била појужно.
** Во археолошките ископувања учествуваа и археологот Антонио Јакимовски од Музејот на Македонија, препараторот Петар Ризов и академскиот сликар Методија Ангелов.
No comments:
Post a Comment