Search This Blog

Tuesday, October 03, 2006

Бззззззз...

И ова е доста стара “игра“ ... ако така може да се нарече. Ја играат деца од школска возрастпоголеми одделенија на осмолетка и средношколска возраст ... Омилена беше и кај војниците при служењето на воениот рок ... Посебна драж има играта кога се изведува пред публика и тоа женска публика ... Каде пред нив се докажува кој е поголем фраер и се искажува телесната сила и спремност на “мажјакот“ при евентуалното придобивање на симпатии кај “женката“ ... (Вакви “игри“ играат и останатите животински видови – но тие се претвараат во борба на територии и придобивање на “симпатии“ на женките кои се спремни за парење) ... Ако се знае возраста на “децата кои ја играат играта “Бзззззз..“ – лесно ке се направи корелација межу борбата на животните за “женката“ и освојувањето на симпатии кај децатаа од адолесцентната возраст ...

Правила. Нема многу. По некаков избор едно дете “лежи“ – всушност стои со едната рака – најчесто левата рака под десната мишка (може и да ја смени ако ептен го здоболе раката од приманите удари :)) – спремна да добие шлаканица од друга десна рака .... Обично се тоа силни удари, понекојпат и толку силни што се слуша голем тресок а детето – момчето што лежи може дури и да падне на страна или добро да се затетура ... Е сега по примениот удар – ладејки ја раката и дувајки во неа - тој треба да погоди кој го има упатено ударот ... Групата што удара, обично солидарно го крие ударачот – имено сите се со исправени раце и викаат Бзззззззз ... и се кикотат – заедно со публиката од страна – обично девојчиња ... Кога оној кој го прима ударот ке погоди кој е ударачот. Тој го зазема место на “лежачот“ – детето/момчето што го прима ударот ... Ако не погодиш кој го задал ударот – останува повторно да лежиш ... и така до крајот на училишниот одмор ... Обично по силината на ударот лесно се погодува кој удрил ... но има и лажњаци ...

Не паметам случај оваа игра да ја играат – девојчиња/девојки. Машките не сакаат да испраќаат удари накој девојките – знак на нежност и џенталменство ... Може да се деси некое девојче и да те мавне – но тоа веднаш се осеќа по нежниот допир на женската рака ...

Кога го примаш ударот – вообичаено го стегнуваш телото за помалку да те боли и се спремаш да не паднеш – дури и мижиш со очите ... воколку ѕиркаш кој е позади и кој удира (значи мамиш), играта за момент престанува и групата те предупредува да го покриеш окото што гледа назад и да ја завртиш главата на друга страна. Групата знае и да побара да ја наместиш убаво раката која е ставена за примање на удар ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter