Ова не е игра од моето детство - Клик Клак се појавија некаде во седумдесетите години од минатиот век (еј .... минатиот век :))... Но затоа децата што ја играа им одеа на живци на многумина и затоа беше игра што се игра на улица... Сепак имам пробано да ја играм .... Се сеќавам кога некој од постарите ке се налутеше на децата со КликКлак - ке им ја џитнеше на жиците од бандера - сеедно за телефон или за струја ... и така како елки беа накитени жиците ...
Играта ја пријави WeedBoy - и за тоа сум му благодарен ...
** Е вртимушки немаше во мое време, ама па затоа клик-клак или „ракаташки“, како што популарно ги викавме кај мене во маало, имаше и тоа како.
Јас како копиљ, кој страдаше од инсомнија, ќе станев ко вампир во 6:30, 7 саат сабајле и ракаташките во рака и тропав ко луд. После минута-две ќе ме испцуеја од дома и ќе ме пратеа надвор.
Надвор, нормално пошто е 7, немаше жива душа и си лупав колку сакав без некој да ми се качува на курот и да ме замара да престанам (освен еден мрднат старец, на кој се му сметаше и кој кога игравме фудбал се случуваше да не гаѓа со полни тегли мед).
И така ќе поминеше пола саат, саат и ќе дојдеше некое другарче, па ќе се натпреварувавме (демек двобој) кој подолго може да тропа. Победникот после ќе му се качеше на глава на лузерот и дента цело маало ќе знаеше за тоа.
Накај 8:30 ќе се нацртавме пред флиперницата и ќе чекавме да дојде Аџо у 9 да ја отвори и да ги „старта“ флиперите. После тоа цел ден забава.....
No comments:
Post a Comment