Search This Blog

Friday, October 06, 2006

НАРОДНА

Ова беше доста популарна “Детска игра“ од моето време. Долго време гледав дека ја наследија и некои други генерации на деца по мене ... Но во последно време некако не ја гледам нешто да се игра кај децава во мало ... Се игра со топка по можност “тешка топка“ – за што е погодна топка за ракомет – или фудбалска топка ... Кошаркашка топка е претешка ....

Правила. По некаков договор меѓу децата се бираат дваица “конзули“. Сите преостанати деца стојат во средина на обележано поле обично правоаголник (со димензии 4х8 м да речеме). На двата потесни краја на полието стојат конзулите... Тие имаат задача со топката да удрат некого од средните деца ... Маваат што посилно со топката – а богами пуштаат и вртени топки за да не ја фатат топката жива децата од средината ... Ако некое дете биде удрено два пати со топка од конзулите тоа е надвор од игра – “изгорено е“. Но ако некое дете фати “жива топка“ двапати тогаш горат конзулите ... и детето што ги фати двете живи топки – бира уште еден конзул – и одат на цртите каде сега тие маваат со топка - стануваат нови конзули ... Конзулите сега одат внатре во полето заедно со сите други деца и почнува нов круг на игра ...

Ако се предалеку децата кои како конзул ги маваш тогаш – може тактички да ја префрлиш топката кај другиот конзул – кој заради близината на децата до него може лесно да погоди некое дете во полето ... Е сега мајсторство е да ги пребациш децата – а да не ти ја фати некој жива топката ... мајсторство е и оној кој ја прима топката да ја прими во еден потег – за да има време веднаш да мава – према децата од средината/полето ...

Така требиш/гориш едно по едно дете од полето ... додека не останат две деца во полето ... Последните две деца ... по заслуга во нова игра стануваат конзули ... и почнува нов круг на игра ... ако во меѓувреме не те викнат дома за ручек :)

Играта знае да трае доста долго ... децата трчаат наваму натаму (трошат енергија и растат...) ... маваат и вежбаат удари со топка и прием на топка – што е многу потребно при игри како ракомет ... Често оваа игра ја игравме и на часови по физичко ... Има и доста смеење и забава – заради разни смешни ситуации ...

** Горенка (или во средина) е игра во која двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче“ при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено“ со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите“ Smiling:) - oksimoron

No comments:

Blog Archive

Site Meter