Во минатите неколку дена ова беше мета на моите истражувања – се разбира на интернет ...
Пишав неколку поста за тоа (види линк 1,2,3,4,5,6,7,8,) ... Ту што постови за кратко време – како опседнат да сум бил од темава – што не е далеку од вистината ...
За темата на постов пишуваа скоро сите весници – и ТВ куќи (посебно Канал 5) а и поедини други блогери – меѓу кои и најактивни беа Arwena и anaveno .
Во написот во Вечер од денеска Фалсификување на античката историја!? – се супроставија два дијаметрално спротивни става:
Едниот на Археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман – кој вели – “Археолошка мафија во Македонија не постои“
И другиот на доскорешниот директор на Управата за заштита на културното наследство – правникот Јован Ристов: “Археолошка мафија во Македонија постои“
Во истиот напис Паско Кузман вели:
“... Грците откупуваат многу предмети од овие простори, ги носат таму, ги презентираат како тамошни, па може да се каже дека ја фалсификуваат историјата. Тоа го прават со намера да акумулираат што повеќе артефакти, за да ги докажат своите тврдења...“
А јас прашувам – ако е вистинита изјавата на Паско Кузман – од погоре – (истото и самиот сум го кажувал како моја шпекулација дека грците без жалење на државните пари купуваат артефакти и ги прикажуваат како свои ...), тогаш кој им ги продде артефактите на Грците - кои Грците ги ставаат во витрините на нивните музеи и во царската гробница во Вергина ?? ...
Понатака во истиот напис на Вечер Паско Кузман вели:
“... Но, нашиот проблем е тоа што воопшто не сме "агресивни" во презентирањето на доказите за нашиот идентитет, вели Кузман. Тој додава дека за "агресивното" пласирање на факти, најмногу треба да биде задолжена МАНУ, но и Универзитетот и професорите...“
Тука длабоку се согласувам со Паско Кузман – треба галама, врева и прав да се крева позади секое ново археолошко одкритие – поготово на крупни откритија – како артефактите од Бонче ... Но галамата пред се траба да се крева веднаш ... и со сите сили ... да не се чека години да поминат – па да дознаеме од истражувачот – архелогот – што тој одкопал и што значи тоа за нашата историја ...
Зошто чекаше на пример година дена нашиот почитувам Археолог д-р Викотор Лилчиќ да ги објави во интервју своите наоди-предпоставки за локалитетот ПЕЛАГОН – ВИСОКА – БОНЧЕ – или зошто државата навреме не му одобри повеќе пари за хитното истражување кое Личиќ го најави пред една година …
Искрајно од МАНУ и не очекувам превише – тоа е инертен собир на старци – (погледајте им го нивниот сајт – мртов е со месеци) кои местата во МАНУ ги користат за додатни хонорари ... но од активните Универзитетски Професори и те како очекувам многу ... Затоа и бев изненаден од постапките на дваицата уважени професори за случајот – кои неколку недели молчеа за артефактите, кои им беа “трезорирани“ на факултетот...
Ај да завршам со постот тука – и така сите постови ми се предолги – па во коментарите ке се доискажам ...
No comments:
Post a Comment