И ова е една од омилените игри од моето детство. Се работи за игра која претежно ја играа малите машки деца, но имаше и девојчиња (машкаданки) кои ни се придржуваа во играта.
Правила. Има правила за неколку вида на игри со џамлии. Воопшто за да играш џамлии - главен услов е да имаш “џамлии“ - да имаш желба и да најдеш други деца што сакаат да играат џамлии ....
Самиот збор етимолошки укажува дека се работи за играчка која е составена од “џам“ - стакло. Значи се работи за округли Џамлии - изработени од стакло - кои се во разни големини - нормални Џамлии - мали “цимпури“ и големи “картали“ .... Стаклените џамлии се изработуваат од прозирно стакло а во внатрешноста на стаклото близу до средината се вметнуваат разни листови и други фигури во живи бои ... Имаше безброј варијанти на бои и фигури во внатрешноста на џамлиите - што им дава посебна драж ...
Имаше џамлии од метал - ги вадевме од разни лагери ... Овие беа добри за да пукнеш туѓ коњак - но и незгодни за некои други исфрлања (има правило да со онаа џамлија што си ја почнал играта играш до крај - ако не сте се согласиле и во текот на играта да имате право да менувате џамлии - коњаци... каде сепак најдобри се стаклените џамлии ... Во недостаток на џамлии по селата се играше со мали ореви или лешници ... или со природни џамлии од мали камчиња кои ги баравме по течението на реките и потоците .....
Џамлии може да се играат на ограничен - оцртан простор - во форма на круг (се оцртава со оштар камен или стап) или било која друга форма - квадрат правоаголник и сл ... или неограничен простор ....
Важна работа е “основната црта“ од која се почнува да се игра играта ..... и “шлајка“ ... е да шлајката се изработува најубаво со пета од чевелот. Ставиш “пета“ и со вртења во круг изработуваш мала вдлабнатина - која се нарекнува шлајка. Со зборот “шлајка“ во повозрасните периоди на човековиот живот добива и други значенија - но секојпат прво кога ке слушнеш шлајка те асоцира на Џамлии ...
За да почне играта т.е. редоследот на играчите кој ке биде прв, втор и т.н. играчите се редак кај шлајката и ја џиткаат својата џамлија “коњак“ (омилената џамлија која има и фетиш во себе) . Оној што ке биде најблиску до основната црта - ја цапочнува прв играта и така редоследно ... Битни се и милиметри од цртата . Се мери со методата “од око“ - а во критично блиски ситуации се мери со петици (фути), но за сични должини се користи и стапче - па со прстето поставено на стапчето се споредува кој е поблизок до линијата ....
Има и драматични ситуации во кои мора да суди некој кој ке се прогласи за судија ...
Значи оној кој е прв ја фрла џамлијата најблиску што може до шлајката - (важно во играта е да имаш шлајка - без тоа и да погодиш некого тој останува во играта се додека не влезе играчот во члајка) а се труди и од прв потез да влезе во шлајката ....
Другите играчи имаат различни тактики ...
Една тактика е да влезеш во шлајката со еден потег (со самото влегување во шлајката се изборуваш да почнеш да играш со променет редослед стануваш прв .... - во шлајката можеш да се одлучиш да “спиееш“ - што значи не се мрдаш од шлајката и чекаш погодна ситуација некој да се приближи до шлајката .... или можеш да отидеш на некое место во зацтаниот круг ... и да чекаш да ти дојде редот ...)
Друга тактика е да се тргнеш понастрана од близината на другите играчи ... Цели стратегии се равеа во текот на играњето ...
Кога сите што се во игра и сите со првиот потег се влезени во зацртаниот круг со првиот потег ... започнува играта со редослед кој како стасал до линијата ... или со изменет редослед ... Заборавив да кажам дека редоследот се изменува и во случај кога од основната линија со својот коњак некого си погодил од “тепка“ (директен воздушен погодок) или само ке го “цакнеш“ ( џамлијата оди по земја и во своето движење допира друга жамлија “цакнува“ ... “Те имам тебе и тебе“ ... е израз кој играчите меѓу себе го изговараат во текот на играта - додека не влезат во шлајка ... а означува дека си цакнал некого или си го погодил од тепка но не си влегол во шлајката .... А да погодувањето од тепка е со посебен бонус ... обично бонусот се изразува во ќарување на две џамлии ... ако играта се игра на “ќар“. А скоро секојпат се игра на ќар ...
Значи оној што влегол во шлајка и удрил од тепка некого или само го цакнал - ќарува една или две жамлии од оние кои излегуваат од игра .... Џамлиите ги чува во раката со која не игра - или ако се повеќе ги става во џеб ... се прави купче од џамлии во џеб кои даваат карактеристичен - мил звук на џамлии што удираат една од друга ....
Самото исфрлање на џамлијата од раката со карактеристичен покрет на една рака каде џамлијата оди во едно движење на палецот и допалецот и се исфрла врвот од палецот ... се исфрла силно за да се удри со тепка (ако тепката ја најавиш пред да го изведеш добиваш бонус уште една џамлија - но има и казна ако промашиш а си најавил тепка губиш една џамлија) ... Заради ова играчите те деконцентрираат додека го изведуваш ударот со разни магии кои ги прават со удирање на ногата пред или позади џамлијата .... Извикуваат одредени фетиш зборови кои ги користат за да те деконцентрираат ... Тука има доста и “иље“ (Илеџија - е играч кој не ги почитува правилата и игра по свои правила и не признава видни факти - со илеџија никој не сака да игра и затоа децата се трудат што помалку да се илеџии...)
Може да се исфрли и со технички дотеран удар (вртено) за да џамлијата дојде на некое посакано место или влез во шлајка ...
“Спие“ и “шлајка спие“ е правило кое играчите го употребуваат во тактика да не се мрднуваат од место - кое по нивен избор е погодно или да не се мрднуваат од шлајката ... Ако спиеш во шлајка а некој влезе во шлајката, тој за да те ќари ке мора со еден потег-удар да те исфрли од шлајката ... Понекогаш се ствара збир на повеќе шамлии во шлајката и оној кој ги вади џамлиите е мајстор ако ем ја извади противничката џамлија од шлајката ем џамлијата сеуште останува во шлајката.... (вртен удар) ... со тоа тој повторно е на потег и вади друга џамлија или игра по своја желба ....
“Колено“ е правило кога некој играч го изведува удар од своето колено - за да надмине некој природен сокривач на противничката џамлија - камен или висинка ...
“Спотер“ е правило кога мавајки еден играч од тепка или со цакнување, имаш право повторно на следен потег, да удриш друг играч или да пробаш да влезеш во шлајка. Еднаш влегување на шлајка (имам шлајка) важи за целата игра (кругот на играта). Спотер може да направиш и со влегување во шлајка (имаше мајсоти за тој потег) , за да од подобра близина некого мавнеш од шлајката...
Ако излезеш од кругот - со твојот удар, зависи од правилото- договорот на играчите или излегуваш од игра а џамлијата ја даваш на оној кој ке победи во играта (оној кој последен некого ке исфрли) или застануваш на самата црта од местото каде си излегол ....
Резултат на играта секогаш е убаво поминато време со другарите и обавезно прљави раце - коготово на раката со која играш .... Обавезно следува добро миење на раце со сапун ... На јаките играчи со џамлии секогаш десната рака им е прњава - поготово делот на зглобовите на секој прст кој за друга прилика служи да каже кој месец колку денови има ....
Весели се оние играчи кои се шетаат со полни џепови џамлии и кои успеале да го ќарат и коњакот на противничкиот играч ... Џамлиите беа ефтини и другиот ден оној кој ги изгубил сите џамлии оди и во трафика купува нови жамлии ....
Во текот на играта од меѓусебните удари џамлиите и се оштетуваа од силните удари од тепка - и само колки тага имаше на лицето на играчот на кој му е оштетен коњакот ....
Некој нека ме потсети во коментар - за правилата на играње на џамлии со “мор“.... или некое друго неспомнато од мене правило ... може да опишете и некое ваше доживување за играта ...
Јас џамлии играв и со моите деца по дома ... Но домот не е природна средина за играње на џамлии ... тие одат под незгодни места (под кревет, ормар или сл..) и ке ги пронајдеш дури кога ке кречиш или со генерално чистење на станот ... А може и да стапнеш на џамлија и да се испружиш на патос ...
Search This Blog
Monday, October 02, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
October
(38)
- НАСКО ЏОРЛЕВ
- НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!
- АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО – втор дел
- АРХЕОМАФИЈА - МК
- ЛАК И СТРЕЛА
- АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО
- АНТИГОНЕА - НЕГОТИНО
- ФИЛИП II - УТВРДЕН ГРАД - КИКЛОПСКИ SИДИНИ КАЈ ОХРИД
- ИНТЕРНЕТ АРХИВА НА МК ВЕСНИЦИ – ИНТЕРНЕТ РЕПРИНТ Н...
- АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)
- ХАКЕРИ НА БЛОГЕРАЈ
- СОН ВО БОЈА
- МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА
- МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ - КОНЕЧНО
- ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ
- БУГАРСКА - АРХЕО - МАФИЈА
- ПЕЛАГОН – ВИСОКА - БОНЧЕ
- БОНЧЕ
- ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти
- ЉУБОМОРА - НОВИНАРСКА - БИБЛИСКА
- АРХЕО - ***ИЈА ?! – втор дел
- “МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ“ – се вратија дома
- УМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ЈАЗИЦИ
- АРХЕО - ***ИЈА ?!
- КЛИК КЛАК
- ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет
- ПИШТОЛИ – ПУШКИ
- ДЕТСКА ИГРА - опасна
- ВРТИМУШКА
- Мојот среќен ден во 2006 број 2
- ТОПКАТА НА МЕСТО
- СКОПСКИТЕ ТРУЈАЧИ
- НАРОДНА
- БУЛЕВАР
- МАЧУВАЊЕ
- ЏАМИЈА
- Бззззззз...
- ЏАМЛИИ
-
▼
October
(38)
2 comments:
** http://okno.mk/node/33941?fb_action_ids=10151931883827917&fb_action_types=og.likes
Џамлии
16.12.2013 14:16
Став
Ѕвездан Георгиевски
Џамлии
Покрај сите будалаштини што ни се случуваа и ни се случуваат во последна време, сепак една навидум маргинална работа ја одбележа неделата зад нас – забраната за продажба на џамлии! Наводно се опасни, затоа што според некакви стандарди не ја надминувале големината од 31 милиметар, што е најмала дозволена големина на детска играчка или дел од детска играчка.
Но, ајде и да не навлегуваме во нелогичните објаснувања (бидејќи и нема кај да се навлезе, зашто замени за џамлии секогаш има: од камчиња до лагери), оваа мерка беше дефинитивно непотребна зашто џамлиите и досега речиси сосема исчезнаа од репертоарот на детските игри. Една од причините за нивно исчезнување, како и на повеќето детски учични забави, секако, е големиот наплив на видео и компјутерски игри, а втората и поважната е исчезнувањето на терените за нивно практицирање. Едноставно, во забетонираниот град сè помалку можат да се најдат земјени терени (најчесто паркчиња и мали зелени површини) каде што можат да се играат џамлии.
А џамлиите не се шега. Тие ја развиваат моториката, концентрацијата, натпреварувачкиот дух, едукативни се во однос на системот на вредности и функционирањето во група, зашто оние што играле џамлии знаат што е парк, што е зелена површина, а што е улица и за што таа служи.
Џамлиите се, конечно, една блескава инкарнација на инвентивноста на човековиот дух. Да ги земеме, на пример, само синонимите за џамлии. Во Велес ги нарекуваат зуски, во Струмица топчина, во Свети Николе колубајчиња, во Делчево коњаци, во Прилеп скокалиња (внимавајте: не скокалчиња, туку скокалиња – од скокале), во Тетово пишии, во Битола билии...Правилата се едноставни и најчесто проследени со гласни најави („ренту туриен“, „кревам“, „тепка“, „спотер“, „пипка-тепка“, „апси“, „так’ се мааш“...). Па потоа видовите џамлии: повторно коњаци (за омилените џамлии), прцули (за малите), порцеланки, картали (за големите), полукартали (за средните), нафталинки (за ветеранките), потоа троперки, петоперки (според шарите) итн. На крајот на краиштата, насекаде во светот (а џамлии буквално се играат секаде во светот), постојат илјадници игри со нив, а во Македонија популарни се неколку варијанти, од кои секоја има своја подваријанта (со варијанти и на лексиката што се употребува) во зависност од местото, односно градот каде што се игра. Најпопуларната варијанта е „на шлајка во круг“, а функционираат „на шлајка слободно“, „на мор со картали“, „на мор“, „на прва“ итн. Значи, за „на шлајка во круг“, потребна е утабана земја на која се црта круг, чија големина зависи од дадените услови и бројот на играчите (најмалку се двајца играчи, а над осум веќе се третира за сериозна гужва). И, секако, потребна е шлајка. Шлајката е дупка чија големина не е прецизно одредена, ама како стандард се зема дупка што ја прави човек со тежина од 40 килограми, број на патики 38, што со својата петица ротира околу една точка во земјата (црница). На тој начин се добива дупка со приближен дијаметар од десет сантиметри и длабочина од околу 3,5 сантиметри. Правилата се едноставни и најчесто проследени со гласни најави („ренту туриен“, „кревам“, „тепка“, „спотер“, „пипка-тепка“, „апси“, „так’ се мааш“...).
Историски гледано, џамлиите се една од најстарите игри во светот. Според некои археолошки истражувања тие датираат дури од пред пет илјади години и пронајдени се на археолошки локалитети на територијата на денешен Пакистан. Првите џамлии се правени од животински коски и, се разбира, од камен. Она што се знае е дека биле познати и во античкиот Египет, а особено станале популарни во стариот Рим (и денес во Италија, особено во Рим, џамлиите се една од најпопуларните игри). Во Рим е направена и првата џамлија од мермер, некаде во првиот век пред нашата ера. Тоа е периодот кога Рим ги освојува британските острова, па се претпоставува дека англискиот збор „marbles“ што означува џамлии, потекнува токму од тоа време (marble значи и мермер). Античките џамлии од тоа време денес можат да се видат во британските музеи и по приватни колекции. Првите стаклени џамлии (зборот „џамлија“, кај доаѓа како изведенка од турскиот збор „џам“ што значи стакло, иако џамлиите на турски се викаат „мискетлер“) доаѓаат со пронаоѓањето и популаризацијата на стаклото. Постојат теории дека првата стаклена џамлија е изработена во Венеција, од денес мошне популарното муранско стакло.
Кога сме веќе кај историјата, џамлиите играат важна улога во Втората светска војна. Имено, сер Барнс Невил Валис (1887- 1997) во 1943 година (по година дена експериментирање со џамлии) ги осмислува таканаречените отскочни бомби, бомби кои отскокнуваат по водена површина, а потоа нагло потонуваат до подножјето на бетонска брана. Таа година, Британците бомбардираат неколку брани и хидроцентрали во нацистичка Германија, практично уништувајќи ги и создавајќи огромна штета.
За значењето на џамлиите доволно говори и фактот дека низ светот има десетици музеи, специјализирани токму за нив, од кои најпознати се „џамлискиот“ музеј во Њу Џерси (САД), како „Куќата на џамлиите“ во Девон (Велика Британија).
Конечно, џамлиите се „мајка“ на повеќе спортови. Неспорен е фактот дека токму од џамлиите произлегуваат билијардот, куглањето и бочањето. Во Тинсли Грин од 1932 година редовно се одржува клупско британско и светско првенство во џамлии (станува збор за едно првенство кое се нарекува така – британско и светско), а во средината на 90-тите години започнува да се одржува и репрезентативното светско првенство во џамлии (главно во категоријата „на мор“). Прв домаќин е Брајтон (Велика Британија), а се одржувало и во Љубљана (Словенија), Виена (Австрија), Ниш (Србија)...
Во Македонија, очигледно, нема да се одржи, барем не во јуниорските категории и секако не легално. На крајот на краиштата, освен илустрацијата за карактерот на владеењето, забраната на џамлиите има свои позитивни ефекти – веќе е во иницијатива формирање на ветерански џамлиски клуб, кој има намера да организира ревијални и едукативни џамлиски турнири. Токму зашто се џамлиите забранети. И, пред сè, затоа што станува збор за една социјална, урбана, маалска, дружељубива игра...
Post a Comment