Search This Blog

Saturday, September 30, 2006

ДОЛГА МАГАРИЦА


.mpg 1,41 MB

“Долга магарица“ е игра за малку поголеми деца кои имаат појаки кичми и не е препорачлива за женски и помали деца.

Долга магарица се игра кога групата деца се дели на две групи.

Едната група на деца се реди со наведнати глави меѓу нозе на тој пред нив. На почетокот на оние што лежат стои исправено едно дете, потпрено на зид или дрво - тоа може да биде и женско (овој играч се нарекува и “перница“ и поради мекоста на перницата затоа и се става женско) - тоа стои со подраширени нозе - првиот што лежи се наведнува - ја пика главата меѓу нозе на тој пред него - го фаќа за струк и ги подраширува нозете за да се нареди групата - во стил како први така други ....

Другата група скока врз полегнатите и ке победи ако успее некој од полегнатите да подклекне - да не го издржи товарот од децата што рипаат ...

Ако издржат оние полегнатите се менуваат улогите ... Ако не издржат за казна повторно лежат истата група на деца што подклекнале ...

Женските деца - пријателчиња на групите машки деца стојат по страна навиваат и се кикотат ...

Сигурно сте играле "долга магарица".
Ова финта сме ја правеле и ние, но за жал никогаш не сме ја снимиле :(

Благодарение на мобилниот на Горан и USB кабелот на Стефан:
.wmv (360 KB)

** ...ова е омилена игра во горните класови на осмолетката и во долните класови од средно ... :)

** е да извесен/а - еМуле - (во коментарите) ме потсети дека ако издржат оние кои лежат “капитенот на децата што скокаат - подига во воздух прсти од една рака (од еден до пет...) - и со извикот “чаталигу, паталигу, утнам, бутнам - колку се ?...“

“Капитенот“ - на децата што лежат - мора да погоди колку прсти има покажани во воздух - Обично судија е оноа дете или девејче кое стои прво во редот ...

И заборавив да кажам или сега се присетив на правилото дека оние што скокаат мора да издржат на грбот на децата - што клечат - ако некое дете падне - сите горат и во новата тура тие лежат ...

** . . .сум го гледал клипов. . . добар е. . . па да сите сме ја играле како мали. . . Smiling - patriota2

No comments:

Blog Archive

Site Meter