Луѓето, родителите се прашуваат меѓу себе - а прашуват и стручни лица (педагози, пихолози, социолози...) дали треба да се забрани играње на компјутерски игри - во кои се “учи да се убива“ и потоа како награда ти се даваат виртуелни пари - со кои ти се дозволува да купуваш поново и посовремено оружје ....
Пред да го кажам моето мисење за “компјутерското - виртуелно убивање“, еве ке пробам да се присетам на моето детство, со кои игри се игравме како мали пред 45 - педесет години ...
Имаше машки и женски игри а и игри за сите деца ... Некои од игрите ги играа и девојчињата “мушкаданки“ - мислам на игрите за машки деца ... И обратно ...
Сега игрите се се помалку групни - се повеќе самостални и виртуелни и се губи социјализирањето низ игра ...
*** “Машки игри“ беа - “Камај“ - тоа е игра во која се делите на две групи на брзина - и играта се состои во бркање на другата банда (која се крие или пак та брка а ти бегаш...) и кога ке го видиш - го упуцаваш со “упереното прсте..“ . Убиениот веднаш паѓа и тој е вон игра ... Играта завршува тогаш кога ке бидат убиени сите членови од спротивната банда ...
(Оваа игра е многу блиска до сегашните виртуелни игри - со компјутерите).
Напоменувам дека во тоа време немаше по домовите телевизори. А киното беше само за возрасни.
-Кого емитираа децата? ...
-Од каде им беа сознанијата дека “возрасните се убиваат...“ - кога ке се договорат дека се во “војна“ ...?
*** “Мачевање“ ... Вообичаено ке откастревме по некое дево - ке преврзевме по едно кратко стапче на еден крај од подолгиот стап - и имавме мач за мечување и убивање ... понатака дојдоа кратки даски од пои се правеа поубави мачеви ... Играта се состоеше во укрстување на мачеви со некој “противник“ и победува оној што прв ке го допре до телото (градниот кош) другиот ... Нешто како и во Флоретот и другите спортски дисциплини на база на мечување ....
*** “Пиштоли - Пушки и тешка артилерија ...“ Обилно пиштоли ни беа нашите прсти, а пушки ке направевме од некоја даска - со нишан некоја шајка ... орозот беше потечко да се направи и затоа беше виртуелен ...
*** “Лак и стрела“ ... Ова беше супер игра во која се развиваше до совршенство техниката на изработка на Лакот и Стрелата ... Малку беше и опасна затоа што со добар лак и стрела се ствараа лоши повреди ....
*** “Чател и прачка“ ... И ова беа опасни направи кои предизвикуваа повреди кај замислените противници. Имено “пачките“ за чателот се правеа од рѓави жици и до десетина метри беа опасни по некои органи - Око - глава ... А праќките богами зависи од големината на каменот што се користи за маваше .... Колку ли само дупнати глави се створиа од тогашните праќки - беа ефикасни и до 50 метри далечина ... А знаете брзина пута маса ....
За да не биде долг постот останатите “машки игри“ - ке ги опишам во коментарите:
- Фанта
- Покер
- Возене тротинет
- Вртимушка
- Возење на тркало со комош на жица
- Спузгање
- Санкање
- Бркање - шуга
- Криенка миженка (кодеднако популарна и кај машките и кај женските деца ....
- Плочка - купчиња - вообичаено од семки од кајсии ...
- Џамлии
- Сличуги
- Џилит ... и уште многу други
- Фудбал ...
- Дама - Шах ..
Женски игри:
- Јаже
- Ластик
- Учителки и докторки
- Фота
- Прва кралица еден два три ..
- Прекинување на низа ...
- Школица
- Народна
- Лулашки
- Вртелешки
Ги молам сите да се сетат на своите омилени игри од детството и да дадат опис во коментарите или сеедно во свои постови ...
Постов ми е инспирација од написот во Дневник од денеска
ИГРИТЕ СО НАСИЛСТВО ПРЕДИЗВИКУВААТ АГРЕСИЈА - Основци учат да убиваат во компјутерски игри
No comments:
Post a Comment