Search This Blog

Thursday, September 28, 2006

ЖМУРКА

Има ли дете на светот што не играло некојпат Жмурка .... Мислам дека нема .... Мислам дека е ова најраспространета игра на сите меридијани ... иако немам проверено дали се игра на сите меридијани ? ...

Играта се игра на тој начин - што едно дете по избор - со друга игра “сана бана“ или “ени мени сени“ - се избира да жмури ... (се мавта со рачињата - со покажување на лице или наличје на дланката - вртење - и во еден момент се застанува - и оние кои имаат повеќе да речеме дланки со лице не жмурат .... нешто слично како италијанската игра со прсти - прикажана во песната на Северина “Моја штикла“)

Детето што жмури - застанува до некој зид - или дрво и со покриени очи брои до десет и вели “пу пред мене, пу зад мене - гори пу - барам..“

Оние други деца се разбегуваат по околните ќошеви и скришни места - и чекаат прилика да оној кој жмури се одалечи од местото каде броел и со трчење пред него да стигне до местото и плукне на тоа место - со што се спасил да не жмури ...

Ова “пу пред мене, пу зад мене“ е за сите оние што се непосредно пред или позади (не се сокриле на време) она дете што жмури ... тие ведаш се елиминираат ...

Сега детето што жмури ги бара со поглед оние што се кријат - и кога ке види некое дотрчува до местото каде што “жмурел-броел“ и заедно со извикот на името на тој што е откриен плука ... со тоа тоа дете е вон од игра .... изгорен е ...

Но ако потоа некое дете дотрча порано пред детево што жмури и плукне на зидот ... сите претходно “изгорени“ деца “плукнати“ ... се спасени ...

Кругот на играта се игра се додека не искочи на виделина и последното дете ... кое или ке ги “спаси“ сите пред него кои се плукнати или тоа ке жмури :)

Симпатична игра во која се развива мисловниот процес каде да го најдеш другарчето (мислиш каде ти најпрво би се скрил и таму бараш) или (мислиш каде би се сокрил а да не те пронајдат... )... Понатака се развива моториката и се набива и троши енергија со трчањето (што е многу неопходно за правилниот и брзиот развој на децата)... а и адреналинот работи - за да не те отријат ... за да те спасат ... Иако е проста играта полна е со возбуда за децата .... Башка што не е потребно ништо осем имагинацијата на децата - која со играта се развива ...

Има веројатно и други варијанти на жмурка ... жмурка на топка ... но јас не сум ја играл и не ги знам правилата ....

Кој знае друга варијанта на играта и други правила нека каже во коментар ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter