|
Најдобар и најбрз интернет се добива каога се користи оптички кабел. Кај нас иако постојат неколку оптички кабли се користи само оној на МТ - кој не е доволен за новите потреби.
Изминатата година имавме ситуација да се даде концесија па се одземе концесијата (на крај незнам како заврши случката) за оптичкиот кабел на железница. Имено “Неоком“ најпвин закупи водови од железница - па потоа мислам дека му ја одземаа концесијата.
Линк тука.
Трета оптика која не се користи е оптиката на Окта - која е проблематизирана бидејки е изградена без обобрение ....
Четврта оптика за која највеќе се зборуваше тоа е оптиката на МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем). Имаше огромен интерес за закоуп на оваа оптика - но државата никако не сакаше да ја даде на тендер за користење. Веројатно така сакаше да го заштити монополот на МТ.
Во последниот напис на Дневник: “Ќе се издава оптичкиот кабел“ се најавува од МЕПСО, дека цените и правилникот под кои ќе се издава оптичкиот кабел се одобрени од управниот одбор на МЕПСО . Се чекало само новата политика на новата влада.
За изнајмување на оптичкиот кабел се заинтересирани неколку домашни, словенечки, хрватски и други странски компании, а интерес има пројавено и НАТО.
Имаше и други обиди и муабети за оптички кабли кои треба да дојдат кон МК. Но осатана само на најави - така најавуваа некои кабелски оператори - потоа некаква оптика од Бугарија (Кинеска мислам).
Новата влада ако се сеќава што се вети за Интернетот во МК. Линк 1 , 2 и 3 - сигурно ке настојува да донесе нова оптика а и ова постојнава да ја искористи - се со цел да се направи конкуренција на МТ.
Со тоа верувам дефинитивно ке се симне сегашната ситуацијата на спориот и скапиот интернет во МК.
1 comment:
#
Форум плус број 4, 04.12.2005 - во написот за “Железница“ - најавува:
**Должно внимание им е посветено (а тоа ќе продолжи и во иднина) на лините на интерконекција и оптички кабли.
Во оваа насока, паралелно со патот Драч-Ќафасан (граница со Македонија) се простира и оптичкиот кабел што е дел од меѓународниот проект "Trans-Balkan-Line" (TBL), кој обезбедува врзување со оптички кабел на Италија, Албанија, Македонија, Бугарија и Турција.
Набргу, овој кабел ќе биде поврзан со Македонија за да осигура продолжеток со оптички кабел до Турција, во согласност со проектот
Линк
# тука
ЗНАЧИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИНК ЗА ОПТИКА - ДО КАДЕ ЛИ Е СО ОВА ПОВРЗУВАЊЕ - ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ ?
(волан 10 Септември, 2006 - 22:41 | избриши | измени | одговори)
#
Бугарската компанија "Кабелтел" од ноември ќе нуди евтин пакет услуги.
**Се прават подготовки за поставување на подземен оптички кабел низ Македонија со кој ќе се поврзат кабелските оператори во градовите.
Компанијата ќе нуди интернет телефонија која нема да наплатува претплата, туку претплатниците ќе плаќаат само за интернет конекцијата.
Линк
# тука
(волан 10 Септември, 2006 - 22:45 | избриши | измени | одговори)
#
Совет на Град Скопје на 02.03.2006 носи одлука за одобрување на набавки на основни средства во 2006 година - во која е содржана и набавка на:
-Оптички кабел 50/125 multi mode со 4 фибер-оптички влакна со сопствена изолација и
-Оптички кабел 50/125 multi mode со 8 фибер-оптички влакна со сопствена изолација
ЗА ШТО ЛИ МУ ТРЕБА ОПТИКА НА ГРАДОТ ?
Линк
# тука
(волан 10 Септември, 2006 - 22:50 | избриши | измени | одговори)
#
Кадис се фали со оптика
http://www.cadis.net.mk/
(волан 10 Септември, 2006 - 22:56 | избриши | измени | одговори)
#
Што е оптика
Домашна работа по предметот
Компјутерски мрежи
“ Оптички медиум “
изработил: Лазарова Марија ментор: проф.д-р Марјан Гушев
Природно-математички факултет
Институт за информатика
Скопје
**Оптичкиот кабел (медиум) е тенок, флексибилен медиум способен да пренесува оптички зраци.
Различни видови на стакла и пластика можат да се искористат за производство на оптички кабли.
Најдобри перформанси, оптичкиот кабел покажува доколку е изработен од ултрачист растопен силициум, но ваквиот кабел тешко се изработува. Затоа се користат повеќекомпонентни стаклени оптички кабли кои се поекономични и покажуваат добри перформанси.
Пластичниот медиум е дури и поефтин и може да се искористи за short- haul линкови, за кои умерено високи загуби би можеле да бидат прифатливи.
Оптичкиот кабел има цилиндрична форма и содржи 3 концентрични сектори, делови: јадро, обвивка и џакетче.
Јадрото е скриениот дел и се состои од една или повеќе тенки влакна, конци. Кабелот од пластика и стакло имаат дијаметар на јадрото од 8 до 100 m.
Секој кабел е опколен со своја обвивка. Стаклената или пластична обвивка кои имаат оптички особини се разликуваат од оние особини на јадрото.
Интерфејсот помеѓу јадрото и обвивката се однесува како рефлектор кој ја насочува светлината која и онака би излегла од јадрото.
Надворешниот слој кој опколува еден или пакет врзани влакна е џакетот.Составен е од пластика и други материјали за да го заштитува кабелот од влага, абразија (излижување), кршење и други слични опасности.
Апликации
Еден од најпознатите технолошки изуми во врска со преносот на податоци е развојот на пластичниот оптички комуникационен систем. Оптичкиот медиум веќе има значајна употреба кај телекомуникациите на долги растијанија и неговата употреба во воени апликации се повеќе се зголемува. Постојаното подобрување на перформансите и опаѓањето на цената, заедно со интернет предностите кои ги нуди, оптичкиот кабел го направија доста привлечен за локалната мрежа. Следниве карактеристики го прават оптичкиот кабел различен од twisted pair и коаксиалниот кабел:
• Поголем капацитет. Потенцијалниот пропусен опсег, а оттука и data rate е огромен. Демонстрирана е податочна рата од стотици Gbps преку 10 –ци километри. За споредба да ги земеме само максималните 100 –ина Mbps преку 1 километар на coaxial –ниот кабел и само неколкуте Mbps на 1 km или повеќе од 100 Mbps до 1 Gbps на неколку десетици метри за twisted pair.
• Помала големина и умерена тежина. Оптичките кабли се далеку потенки од coaxial –ните кабли или од преплетениот twisted pair. Барем во смисла на помала величина за споредбениот капацитет за пренос на податоци. За цевките, каналите во зградите и подземјето предноста од малите димензии е значајна.Соодветното намалување на тежината ги намалува и структурните побарувања за одржување.
• Намалено ослабнување (attenuation). Ослабнувањето е далеку помало кај оптичкиот кабел отколку кај coaxial –от кабел или пак twisted pair.
• Електромагнетна изолација. Надворешните електромагнетни полиња не делуваат врз оптичкиот кабел. Така системот неможе дабиде оштетен од мешање, шумови или вкрстени разговори (crosstalk). Од истите причини кабелот не зрачи енергија па имаме мала интерференција со друга опрема и постои висок степен на сигурност од прислушкување.
• Поголем опсег на repeater –от (Greater repeater spacing). Помалку повторувачи значи пониска цена и помалку извори на грешка. Перформансите на системот на оптичките кабли од оваа гледна точка се повеќе се подобрува. Опсегот на повторувачот на 10 –ци километри за оптичкиот кабел е едноставно, додека на 100-на е дмеонстрирано. Coaxial и twisted pair системите имаат повторувачи на неколку километри.
Пет основни категории на апликации станаа важни за оптичкиот медиум:
- Long-haul
- Metropolitan
- Rural exchange
- Subscriber loops
- Local area networks
Long-haul (долги растојанија) врската станува се повеќе користена за телефонската мрежа. Long-haul покрива околу 1500 km во должина и нуди висок капацитет (типично од 20 000 до 60 000 гласовни канали). Овие системи се натпреваруваат економски со микробрановите и им ја намалуваат цената на коаксијалните кабли во многу развиени земји така што коаксиалниот кабел рапидно се отстранува од телефонските мрежи во тие земји. Оптичките кабли под морињата се повеќе се користат.
Комуницирачките кругови во метрополите имаат средна должина од 12 km и можно е да имаат околу 100 000 гласовни канали во една главна група. Повеќето особини, подобности се поставуваат во подземните цевки, уживајќи притоа во разменета на телефонска линија во метрополите или градските околини. Во оваа категорија се вклучени патеки кои ги поврзуваат long-haul микробрановите особини кои завршуваат на перифериите со главната телефонска централа во градот.
Руралната комуникација има опсег од 40 до 160 km и ги поврзува градовите со селата. Во САД, често ги поврзува раменувањата на податоци помеѓу различни телефонски компании. Повеќето од овие системи имаат помалку од 5000 гласовни канали. Технологијата во овие апликации се натпрварува со микробрановите способности, карактеристики.
Претплатнички јамки (Subscriber loops) се кабли кои работат директно од централното подрачје (central exchange) до претплатникот. Овие можности ги заменуваат twisted pair и coaxial –ниот кабел откако телефонските мрежи се проширија, развија во сеопфатни сервисни мрежи способни за пренос на глас, податоци, па дури и на слики и видео. Почетното пробивање на оптичкиот кабел за оваа намена е за бизнис претплатникот, но нема да помине доста време кога оптичкиот кабел ќе се користи и во домовите.
Крајната битна намена на оптичкиот кабел е за локалната мрежа. Развиени се стандарди и производите наменети за мрежа со оптички кабли треба да има вкупен капацитет од 100 Mbps до 1 Gbps и може да подржува 100 –ци или 1000 –ци на станици во огромни административни згради или комплекс на згради.
Предностите на оптичкиот кабел над другите два стана се поспоредлив како побарувачка на сите видови информации ( глас, податоци,слика, видео).
Карактеристики на преносот
Оптичкиот кабел пренесува кодиран сигнален зрак на светлина односно целосна внатрешна рефлексија.
Целосната внатрешна рефлексија може да се појави кај секој транспарентен медиум кој има повисок индекс на прекршување од околните медиуми. Всушност, оптичкиот кабел реагира како насочен бран со фрекфенција од 10 до 10 Hz, ова ги покрива дел од инфрацрвените зраци и видливата светлина.
На слика 2 може да го видиме принципот на пренос преку оптички кабел. Светлината од изворот влегува во цилиндричното стакло или пластичното јадро. Зраците од површинските агли се рефлектираат и се прошируваат низ кабелот, другите зраци се апсорбираат од околните материјали.
слика 2
Овој начин на проширување се нарекува step-index multimode, кој укажува на различните агли кои се рефлектираат. Со multimode преносот, постојатмногукратни проширувања, секој со различна должина па и време за да се помине низ кабелот. Ова прави сигналите (светлосните пулсеви) да се распространат наокалу, што ја ограничува ратата на оние податоци кои моментално можат да се примат. Од друга страна, потребата да се напушти растојанието, просторот помеѓу пулсевите ја лимитира data rate. Овој кабел одговара за пренос на кратки растојанија. Кога радиусот на јадрото се намалува, неколку агли ќе се рефлектираат. Со намалување на радиусот на јадрото во смисла на брановата должина, само единствен агол или на единствен начин може да се помине, аксијалниот зрак (средишниот). Овој single-mode проширување произведува супериорни перформанси од следниве причини. Бидејќи има единствена патека за пренос со ваквиот метод дисторзијата, искривувањето кое се јавува кај multimode тука неможе да се појави. Се користи за апликации на големи растојанија, вклучувајќи телефон и кабловска телевизија. Конечно, со менување на индексот на прекршување на јадрото, третиот тип, graded-index multimode, се добива. Овој тип претставува средина, помеѓу карактеристиките на другите два типа. Поголемиот прекршувачки индекс во центарот прави светлосните зраци да ја движат надолу оската, настапувајќи многу побавно од оние кои се наоѓаат близу до обвивката. Зракот во јадрото многу подобро отколку зиг-зак кај обвиката, се искривува hellcally поради graded index, намалувајќи ја притоа неговата патека. Скратениот пат и повисоката брзина дозволува зракот од периферијата да пристигне до примачот во исто време како и правите зраци по јадрената оска. Овој вид кабли најчесто се користат кај локалната мрежа.
Како извори на светлина се јавуваат LED диодата и ILD (injection laser diode). И двете се полупроводници кои емитуваат зрак, сјај светлина кога им се пушта напон. LED диодите се поефтини, функционираат на повисоки температури и имаат подолг век на траење. ILD диодите функционираат со ласери, се поефикасни и можат да подржат поголеми data rate.
Постои врска помеѓу работната бранова должина, видот на пренос и потигнатата data rate. Single-mode и multimode може да поддржат неколку различни бранови должини и можат да работат со ласер или LED извори. Кај оптичката врска, светлината се шири најдобро во три различни рамки, центрирани на 850, 1350 и 1550 nm. Сите овие се во инфрацрвениот дел од спектарот на фрекфенции,подолу од видливата светлина која е 400 до 700 nm. Загубата е помала на повисоки бранови должини, дозволувајќи поголеми податочни рати на подолги релации. Повеќето локални апликации денес користат 850 nm LED извори. Исто така оваа комбинација е релативно ефтина, воглавно е лимитирана со податочната рата под 100 Mbps и растојаниеод неколку километри. За да се постигнат повисокиподаточни рати и подолги растојанија потребни се 1300 nm LED или ласерски извор. Највисоката податочна рата и најдолгото растојание побаруваат 1500 nm ласерски извор.
Wavelength-Division Multiplexing
Вистинскиот потенцијал на оптичкиот кабел е целосно експлоатиран кога многубројни зраци на светлина (сноп светлина) на различни фрекфенции се пренесуваат преку истиот медиум. Оваа форма на frequency-division multiplexing (FDM) често се нарекува Wavelength-Division Multiplexing (WDM). Со WDM, светлината се насочува низ кабелот составен од многу бои, или бранови должини, секој од нив носи одделни канали со податоци. Во 1997 –та, се достигна границата, лабараторијата на Bell демонстрираа WDM систем со 100 зраци, секој од нив оперирајќи на 10 Gbps, за целосна податочна рата од 1 трилион бита во секунда (1Tbps). Комерцијални системи со 80 канали на 10 Gbps можно е да функционираат моментално.
ЕВЕ ДОБРА ДОМАШНА РАБОТА Smiling
twins.pmf.ukim.edu.mk/courses/Mrezi/2003/domasna2/S.4.1.2a.doc
(волан 10 Септември, 2006 - 23:17 | избриши | измени | одговори)
#
Еве подолу уште една домашна работа кај истиот професор но сега изработена од Дамјанов Владо
Оптички медиуми
Оппичките влакна претставуваат тенок флексибилен медиум кој е способен да пренесе светлински зрак. Најмали загуби се постигнати со користење на влакна од чист силициум.
Силициумовите влакна се тешки за производство затоа повеќе-компонентните стаклени влакна се поекономични за употреба иако имаат загуби.
Пластичните влакна се уште поефтини и тие се употребуваат за кратки врски каде големите загуби се прифатливи.
Оптичкиот кабел има цилиндрична форма и се содржи од три дела и тоа јадро, обвивка и заштитен слој. Јадрото е внатрешниот дел и се состои од една или повеќе тенки влакна направени од стакло или пластика и има дијаметар од 8-100μm. Секое влакно е опкружено со обвивка која може да биде од стакло или пластика но со различни својства од тие на јадрото. Обвивката има рефлекторно својство и на тој начин се избегнува светлината да избега од јадрото. На надворешноста околу купчето од влакна се наоѓа заштитниот слој. Заштитниот слој е направен од пластика или друг материјал кој врши заштита од надворешни влијанија.
Примена
Оптичкиот кабел е една од најважните откритија во комуникациските системи и е во голема употреба особено во телекомуникацијата на големи далечини. Оптичкиот кабел се разликува од коаксијалниот и извртениот кабел по неколку работи:
• Поголем капацитет кој се мери во Gbps и тоа на десетици километри за разлика од неколку стотици Mbps на1км кај коаксијалниот или само од 100 Mbps до 1 Gbps на неколку десетици метри кај извртениот кабел;
• Помалата големина и тежина кое го прави доста употреблив;
• Помало ослабнување (гушење);
• Електромагнетна изолација т.е. на оптичките влакна не влијаат електромагнетните полиња така што системот не подлежи на надворешни влијанија и не зрачи енергија и на тој начин не врши пореметување на работата на другата опрема;
• Побарува помалку засилувачи и тоа на десетици километри е потребен засилувач, за разлика на другите медиуми.
Оптичките кабли се употребуваат за поврзување на големи растојанија, во градски мрежи, претплатнички мрежи и локални мрежи. За поврзување на големи растојанија на околу 1500 км се употребуваат оптички кабли и тоа во телекомуникациите бидејќи овозможуваат голем капацитет од 20000 до 60000 гласовни канали. Ваквите системи се натпреваруваат по економичност со микробрановите. Градските мрежи имаат обично должина од 12 км и можат да имаат до 100000 гласовни канали. Во оваа категорија спаѓаат и линковите од пунктовите каде се наоѓаат станиците кои работат на микробранови, до главни телекумуникациски згради во градските подрачја. Со оптички кабел се поврзуваат и руралните подрачја кои се наоѓаат на растојание од 40 до 160 км. Во САД многу често се поврзани и меѓусебно различните телекумуникациски компании. Претплатничките мрежи ги заменуваат коаксијалните и извртените кабли со оптички и телефонските услуги прераснуваат во мултимедијален сервис способен да емитува видео, звук и податоци. Оптичките кабли се употребуваат и во локалните мрежи и постигнуваат брзини до 1 Gbps и можат да подржат стотици терминали во една зграда. Колку се зголемува потребата за трансфер на различни мултимедијални содржини толку се зголемува важноста на оптичките кабли.
Технички карактеристики
Оптичкото влакно пренесува сиглали кодирани со светлосен зрак по пат на тотална рефлексија. Тотална внатрешна рефлексија може да настане ако некој транспарентен медиум има повисок степен на рефлексија од медиумот кој го опкружува. Оптичкото влако може да пренесе фреквенции од 1014 до 1015 hertz.
Светлината влегува во цилиндричното влакно од стакло или пластика и зраците се рефлектираат под агол, а други зраци се апсорбираат од околниот материјал. Ваквиот начин е на простирање е наречен step-index multimode, а тоа се однесува на различните агли под кој се прекршуваат зраците. Со multimode трансмисијата постојат повеке патишта на пренос секој со разлина должина и брзина на движење. Ова предизвикува светлосните зраци да се раздвојат временски. Поради тоа се ограничува ратата на податоците кои можат да бидат примени без грешка. Затоа овој вид на емитување е добар на кратки растојанија.
Со намалување на радиусот низ влакното може да помине само еден зрак со што се добива на перформанси. Бидејки има само еден сигнал нема мешање со другите сигнали. Ваквиот начин на пренос се нарекува single-mode односно единечен мод. Единечниот мод има употреба на на долги растојанија.
Со варирање на рефлексијата на јадрото е добиен graded-index multimode. Овој тип е спој на првите два. Големиот индекс на рефлексија во јадрото овозможува зраците кои се движат надолу по оската да напредуваат побавно од тие што одат зиг заг, но го редуцираат патот што треба да го поминат. Пократкиот пат и поголемата брзина овозможуваат зракот да стаса непосредно со правите зраци. Graded-index каблите се користат за локално поврзување.
Како светлосен извор во оптичките системи се користат LED диоди и ILD (injection laser diode). LED диодите се поефтини и работат на поголем температурен интервал. За локална употреба се употребува LED диода, а ако е потребно да се поврзување на големи далечини се користи ласерската ILD диода.
Вистинскиот потенцијал на оптичките влакна се постигнува кога повеке зрака на светлина се емитуваат низ исто влакно со различна фрекфенција. Ова се нарекува wavelength-division multiplexing (WDM). Тука потокот на светлина се состои од повеќе бои или бранови должини и секоја носи различен канал на податоци.
Во лабораториите на Bell во 1997 година демонстрирале употреба на WDM систем со 100 зрака секој да работи на 100 Gbps и пренос од 1 трилион бита во секунда ( 1 Tbps). Моментално во комерцијална употреба се наоѓаат системи со 80 канали од 100 Gbps.
twins.pmf.ukim.edu.mk/courses/Mrezi/2003/domasna2/S.4.1.2.doc
(волан 10 Септември, 2006 - 23:21 | избриши | измени | одговори)
#
Меѓусебно телефонско поврзување на сите институции на државно и локално ниво
**Министерствата, локалната самоуправа,јавните претпријатија,судовите и сите други државни институции да се поврзат меѓу себе со оптички кабел и сопствена централа по принципот на локал и да не му плаќаат на Телеком ниту денар од Буџетот за фиксна телефонија.
**Иако овој проект е изработен уште во 2002 та година од непознати причини не е реализиран иако сите државни институции во Скопје веќе се поврзани со оптички кабел, а за реализација на проектот се потребни не повеќе од 2 милиони
ОВАА ВЕСТ ЈАС ЛИЧНО ЈА ПРОГЛАСИВ ЗА БЛЕФИРАЊЕ ПРЕМА МТ ....
Линк
# тука
(волан 10 Септември, 2006 - 23:40 | избриши | измени | одговори)
#
Железницата вози телефонски бизнис
**"Македонски железници" поставиле оптички кабел по должината на пругата Табановце-Скопје, преку кој може да се даваат услуги во фиксната и во мобилната телефонија и интернет-приклучок.
На столбовите покрај пругата, долга 50 километри, е поставен фибер оптички кабел, а наскоро тој треба да се спроведе и по пругата од Скопје до Велес, во должина од 53 километри.
Кабелот ќе биде функционален откако скопската фирма "Неоком" ќе ја монтира опремата вредна околу 500.000 евра.
**За да може да се даваат услуги во фиксната и во мобилната телефонија и интернет-приклучок, не е доволно само да се инсталира оптичкиот кабел.
Потребна е и функционална опрема, но "Македонски железници" немаат пари да ја купат. Затоа направивме договор со "Неоком", кој треба да ја постави опремата, а ние ќе им дадеме да користат четири оптички влакна од кабелот, што е доволно само за Интернет.
Инсталираниот кабел има 32 оптички влакна, а само за споредба, тој што го користи телекомот има 28. Тоа значи дека за нас остануваат 28 - објаснува директорот Наумов.
Линк
# тука
(волан 10 Септември, 2006 - 23:49 | избриши | измени | одговори)
#
ДИРЕКТОРОТ НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА, МИЛЧО СМИЛЕВСКИ ВЧЕРА ИСПРАТИЛ ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО "НЕОКОМ" ДЕКА ЕДНОСТРАНО ЌЕ ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ. "НЕОКОМ" ЌЕ БАРА ОТШТЕТА
**Сега Железницата кабелот ќе го понуди под закуп на тендер откако ќе добие согласност од Владата.
**Кабелот кој е грант од САД требаше да послужи за развој на мрежата на Железницата, односно за обезбедување на патните премини што се вкрстуваат со пругите. Со договорот, "Неоком" доби можност во наредните 15 години да користи четири оптички влакна од кабелот и обврска да монтира функционална опрема вредна 500.000 евра. Со оптичкиот кабел на Железницата можат да се нудат услуги во фиксната телефонија, како и Интернет.
САД донираше оптички кабел долг 280 километри, од кои, 130 треба да се стават под земја.
Линк
# тука
(волан 10 Септември, 2006 - 23:54 | избриши | измени | одговори)
#
За Оптичките кабли во МК на долго и широко се пишуваше и на блогот р-Еволуција
http://revolucija.blogspot.com/
(волан 11 Септември, 2006 - 00:05 | избриши | измени | одговори)
Post a Comment