Еве ке пробам да одменам еден познат Блогер кој за ова сигурно поубаво ке напишеше ...
Вест открива дека престои Археолошко одкопување на утврден град на Филип Втори на локалитетот Киклопски зидини кај Охрид.
** На самиот влез во Охрид од правецот на Струга, на локалитетот Киклопски sидини започна откопувањето на нов, утврден град, војнички позначаен дури од Самуиловата тврдина. Археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман претпоставува дека градот во 358 година пред нашата ера го подигнал Филип Втори Македонски. Големиот војсководец, според археолозите, ја изградил тврдината кога поминувал на овие простори. Таа опстојувала околу седум века.
** На почетокот од триесеттите години од минатиот век, првите истражувања на Киклопските sидини ги вршеле археолозите Грбиќ, Унверцакт и Келер. Тие откриле питоси во кои се чувала храна и вода, и други археолошки предмети. Не е познато зошто ги прекинале истражувањата, но има претпоставки дека сметале оти градот не бил довршен.
** "Во овој момент ние вршиме подготвителни работи, а ископувањата на овој исклучително значаен археолошки локалитет ќе траат најмалку пет години. Најдобро зачуван е североисточниот бедем од градот. Sидот е долг околу 240, а широк 2,40 метри. Моја претпоставка е дека камењата долги 1.80 сантиметри и широки 90 сантиметри, се носени од ридот што се наоѓа во близината на Филиповиот град", објаснува Кузман.
** Според димензиите, утврдениот град, чии sидини го опкружуваат целиот рид, сместен на околу 800 метри надморска височина, може да се спореди со Самуиловиот град, но стратешки бил многу позначаен.
** "Од врвот на градот, бидејќи имало и подградие, како што претпоставуваме, Филип Втори Македонски го контролирал целиот простор покрај Охридското Езеро. Очекувам за време на ископувањата да откриеме и шест кули околу бедемот на градот и една на неговиот влез", кажува Паско Кузман.
** "Сметам оти претпоставката дека градот не бил довршен не е точна и тоа ќе го докажеме со понатамошните ископувања. Аргумент за тоа ни е златото што го откриле дивите копачи во годините кога овој простор не беше заштитен. Тоа значи дека тука се одвивал организиран живот. Градот опстојувал околу седум века, а бил напуштен кога се промениле тогашните услови", вели Кузман.
** Иако моментно до утврдениот град кај Киклопските sидини тешко се стигнува и со џип, изминативе години дивите копачи го преорувале просторот. На повеќе места се видливи големи дупки каде што се вршени ископувања. Деновиве се очекува да биде пробиен патот до врвот на ридот и ќе се обезбеди и постојана чуварска служба.
Ова не е првпат да слушнеме нешто за оваа смела предпоставка на Археологот Паско Кузмин ... Но во ред е таква смелост треба да има во секој Археолог а Паско Кузман сигурно знае нешто повеќе од мене за ова....
За Киклопските ѕидини на Филип II пишуваше и Arwena ...
Оваа вест – ја најави со краток пост и anaveno - линк тука и уште еден пост линк тука.
1 comment:
#
Киклопските ѕидини на Филип II
** Археолозите стартуваа со ископувањата на т.н Габровски Рид кај Охрид, со цел да ја откријат тајната на киклопските ѕидини кои се поставени токму на него. Ридот које е таргет на дивите копачи со децении најверојатно би можел да стане и заштитен. Терминот киклопски ѕидини го дал археологот и раководителот на ископувањето Паско Кузман, бидејќи самата тврдина е изградена од големи камени блокови. Taa постоела околу седум века, а престанала да функционира во доцното античко време.
** ”Најсмелите претпоставки, засновани на археологијата и теологијата говорат дека токму тука, околу 356 година пред нашата ера,Филип Втори Македонски, како што сметаме, поминувајќи во овој крај, наредил да се изгради најмоќната тврдина на македонските простори,посилна и од Самуиловата,која,пак, има свој континуитет и е бесмртна".
** Меѓутоа,археологот Кузман вели дека сега има нови сознанија кои фрлаат нова светлина на Киклопските sидини,кои претставувале утврден град.”Јас за овој простор кај Киклопските sидини имам свој работен наслов,го викам Енгелана.
Во антички извори стои дека е тоа Енхелеа, име што е добиено по племето Енхелејци кои што тука живееле.
Јас сега стално говорам дека тие не биле Илири, туку Македонци што подоцна влегле во составот на македонската држава.
Името Енегелана е настанато како резултатот на транкскрипцијата на зборот Енхелеја.
Претпоставките говорат дека утврденото место,sидините и градот Хермелеја во неговото подножје, згаснале со создавањето на нови општествени односи кога тие станале непрактични,некорисни.
Тоа се случило, иако се наши претпоставки,некаде во трети или четврти век Малку подоцна како најака урбана средина се формира Лихнидос,иако Охрид како предурбана населба постои уште во неолитскиот период.
Тоа значи дека на овој наш охридски рид се живее околу 7.000 години”, појаснува археологот Кузман.
Изворен линк Тука
#
РХЕОЛОЗИТЕ ЈА РАЗОТКРИВААТ ТАЈНАТА НА ГАБОВСКИОТ РИД КАЈ ОХРИД
Киклопските sидини биле најсилната тврдина на Филип Втори
** Најсмелите претпоставки, засновани на археологијата и теологијата говорат дека токму тука, околу 356 година пред нашата ера,Филип Втори Македонски, поминувајќи во охридскиот крај, наредил да се изгради најмоќната тврдина на македонските простори
** Ридот што се наоѓа на самиот влез во Охрид од правец на Струга, во последно време одново предизвикува голем интерес кај овдешните археоилози.
Кај народот е познат како Кулишта,географите го нарекуваат Габавски рид,а во најново време во науката се употребува и терминот Киклопски sидини поради остатоците од големи камени блокови.
** Интересот на Паско Кузман за овој локалитет,на кој веќе врши истражувања,не е случаен.Тој кажува дека за Киклопските sидини,за кои вели дека така ги именувал поради големите камени блокови,на почетокот на четртата деценија од минатиот век се заинтересирале и странски научници.
На Габавски рид истражување вршеле Германецот Унвергцакт,потоа Келер, па и Србинот Грбиќ.Тие во големите sидини нашле многу питоси,(простори каде што се чувале резервите на вода жито),ќерамички садови и други предмети што ги имало низ цела
Грција.
Овие научници констатирале дека sидините потекнуваат од третиот век пред нашата ера,но не и кому му припаѓале.
** Поради сознанијата дека македонските градови киптеле од злато,Киклопските sидини не ги оставаат на мир бројни диви копачи по археолошки вредности,особено на злато и златни предмети.”Тоа добро го знаеме и ние и затоа е потребно да се обезбедат доволно средства овој простор да го истражуваат луѓе од науката.Она што се гледа,sидините,е само еден дел од утврдениот град.
Под земја ,претпоставувам, има уште многу тајни на кои научниците треба да дадат свој одговор,што ќе биде своевиден придонес за осознавање на нашето далечно минато”,напоменува паско Кузман.
Изворен линк Тука
#
НОВО ОТКРИТИЕ НА АРХЕОЛОГОТ ПАСКО КУЗМАН ВО ОХРИД
Откопани остатоци од првата тврдина на Филип втори
** Група археолози, предводени од археологот од Заводот и Музеј во Охрид Паско Кузман, деновиве во внатрешноста на Самуиловата тврдина открија остатоци, за кои се претпоставува дека се дел од првата тврдина на Филип Втори Македонски. Оваа тврдина, подигната на охридскиот рид, се смета дека била изградена во средината на четвртиот век пред нашата ера. Археолозите досега пронајдоа остатоци од бедемот на крепоста и кула од рана антика.
** “Научните сознанија потврдуваат дека охридската тврдина за прв пат се споменува во 208 година пред нашата ера во античките извори и тоа од авторот Ливиј.
Претпоставка е дека оваа крепост била изградена кон крајот на четвртиот и почетокот на третиот век пред нашата ера.
Нашите истражувања во цитаделата продолжуваат и ние очекуваме да дојдеме до круцијални сознанија за периодот кога била градена првата крепост во стариот Охрид”, вели Паско Кузман.
Откривањето на бедемот и на кулата во внатрешноста на Самуиловата тврдина за археологот Кузман, но и за македонската археологија се посебен предизвик.
Тоа произлегува од некои сознанија дека Филип Втори Македонски имал влијание врз изградбата на првата крепост.
“Најсмелите претпоставки говорат дека првата тврдина на охридскиот рид била изградена во средината на четвртиот век пред нашата ера.
Тогаш, така велат моите сознанија, лихнидската област ја посетил Филип Втори Македонски, кој наредил да се изградат тврдини на ридот над Охрид, но и на Габовскиот рид кај сегашен Свети Еразмо.
Остатоците на овој дел на влезот во Охрид ги викаме Киклопски sидини, или Енгелана, што е транскрипција за топоним од старомакедонскиот збор за Енхелеја.
Покрај ископувањата во внатрешноста на Самуиловата крепост, со мојата екипа планираме подетално да ги истражиме и Киклопските sидини,за што има изготвено конкретна програма”, кажува Паско Кузман.
Изворен линк Тука
#
ПОТРАГА ПО ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЕНХЕЛЕИТЕ
** Археолозите ќе ги откриваат тајните на киклопските ѕидишта, археолошки локалитет од 7 век пред новата ера, што се наоѓа над базиликата „Св. Еразмо“, Охридско.
Истражувањата ќе ги раководи археологот Паско Кузман, од неодамна директор на Управата за заштита на културното наследство. Тој го подготвува тимот што ќе ги направи првите посериозни ископи на тврдината.
Друга екипа деновиве го расчистува теренот од бујната вегетација што ги забарикадирала бедемите. Треба да се направи и пристапен пат, кој ќе им овозможи на археолозите без проблем да стигнуваат до локалитетот.
- Се надевам дека првите археолошки удари ќе се случат во октомври - вели Кузман.
Тој веќе подготвил апликативен проект за да може да бара донации и пари, свесен дека Министерството за култура нема големи можности да финансира истражувања на вакви објекти.
Проектот го прифатила Општина Охрид и со ребалансот на нивниот буџет одвоиле 2 милиона евра за почеток на истражувањата.
** Ги викаме киклопски ѕидишта поради големите мегалитни камени блокови вградени во тврдината.
Целта е да го истражиме локалитетот, да го презентираме, зашто е од огромно археолошко и историско значење за Охрид.
Сметаме дека киклопските ѕидишта и' припаѓаат на престолнината на Енхелеите - племе што живеело на овие простори во 7, 6 и 5 век пред новата ера.
Податоците што ќе произлезат од археолошките истражувања ќе бидат од огромно значење. Ќе констатираме дали Енхелеите биле македонско, илирско или некое друго племе, што е многу значајно за нашата историја - вели Кузман.
Тој додава дека локалитет е атрактивен зашто стратегиски е многу значајно место. Поставена над базиликата „Св. Еразмо“, тврдината се наоѓа покрај патот Охрид-Кичево-Скопје, во близина на охридскиот аеродром.
Кузман смета дека, со можностите што ги дава, локалитетот ќе биде привлечен за посетителите на Охрид, за туристичката и за научната јавност.
- Планираме подолга археолошка кампања, да обезбедиме научни сознанија што ќе го осветлат животот во 5, 4 и 3 век пред новата ера. Тоа е многу значајно зашто зборуваме за првото препознатливо живеење на етникумите, на племето на Енхелеите, кое со транскрипција се кажува и Енгелани. Затоа проектот го нареков „Енгелана“, нивното главно, престолното седиште - објаснува Кузман.
Археолозите за локалитетот имаат извесни податоци од истражувањата што пред околу 75 години ги направиле германски и археолози од Белград. Тие успеале да откријат еден економски дел на градот, на тврдината, каде што нашле многу питоси - садови во кои чувале продукти и храна.
Изворен линк Тука
Post a Comment