Таман што ги искритикував другите ТВ куќи дека немаат прилози за ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет – еве денеска А1 направи прекрасен афирмативен прилог за сторијата со Бронзаните штитови и заедно со Виктор Лилчиќ д-р, Професор Археолог и новинарот Дарко Штаргоски – се искачија високо на планината- 1470 метри надморска височина - каде Лилчиќ подолго време ги истражува обронците на Античкото кралство – Четвртата Македонска престолнина – 165 години баран стар град Пелагонија –
Значи според Личќиќ овој град можно е да се наоѓа на врвот Висока на Селечка планина во Мариово.
Овие наоди според Лилчиќ го надминуваат локалниот значај – не само археолошки и културен – туку пред се Национален и политички ... ги надминуваат регионалните рамки ...
Се наоѓаме на 1470 метри надморска височина – а ова е портата од каде што се влегувало во кралскиот дворец ...(вели Душко Штаргоски – репортер) ... Според првичните проценки таа потекнува од четвртиот век пред нашата ера ...
Ако се докаже ова според Лилчиќ – откритието би било еднакво на откривањето на првата Македонска престолнина, градот Ајга кај планината Олимп во Грција.
Ваков архелошки комплекс (вели Лилчиќ), како што е Висока и подградието на Старо Бонче, со придружните локации како што се Пала чука, Колкот, Плаза, Спаница и други ... зслужуваат еден сериозен пристап – со заеднички сили ...
Професорот Лилчиќ е еден од вмешаните во аферата со пронајдените штитови на крлот Деметриј во селото Бонче, кое се смета за предградие на градот Пелагонија – вели дека морал да ги откупи за да не паднат во рацете на странските држави .
На локалитетот веќе беа забележани трагите на дивите копачи. Ако итно не се преземе нешто за заштита на културните споменици, нашиот идентитет секој ден ке се пренесува преку границите а којзнае колкав дел од него е веќе пренесен...
Морам да признам дека ова е афирмативен ТВ запис на А1 – кој упеа да го натера Лилчиќ на лице место (во овој прекрасен сончев ден) да ги каже своите научни предпоставки ...
Браво за трудот на А1 и Лилчиќ ... Веројатно од нив ке следат и други прилози наредните денови – ке ги следиме ...
No comments:
Post a Comment