Search This Blog

Thursday, October 05, 2006

МАЧУВАЊЕ

Кога јас бев дете – ова беше популарна игра – можеби поради популарност на филмовите од типот на “Три мускетара“, а можеби затоа што беше лесно да се направи меч за мечување.

Обично по дома или од дворот ке исечевме некое право стапче и кај подебелиот крај ке укрстевме помало стапче со некаво јаже, конец или евентуално шајка и оп - имавме спремен меч за мечување ... Ставаш мечот на каиш или евентуално подебела ортома на појас – како држач за мечот ... Трчаш на улица и бараш дете со меч и играта може да почне ...

Ова беше секако игра за машки деца – девојчињата баш нешто и на се палеа на мечеви и мечување .... Тие повеќе беа по куклите и други женски игри ...

Се случуваа и повреди од невнимание – но многу ретко ....

Правила. Одкога ке се договориш дека ке се мечуваш со некого (... ај ке се мечуеме ли ...) застануваш еден спрема друг и ги вкрстуваш мечовите. Победува оној кој со својот меч ке го допре телото на другиот мечувалец ... Неретко имаше мечување на повеќе “банди“ ... групи на деца од повеќе маала ...

Подоцна се правеа поубави мечеви од убаво измазнети тенки даски ... ех ... тоа беа мечеви ... реткост беа штитови ... (потешко се изработуваат..) ... Покасно дојдоа и пластично изработени мечеви ... но такви беа неколку генерации на деца после мене ....

Сега не гледам баш дека е популарна оваа детска игра меѓу децата. Дури мислам дека е тоа добро ... незнам зошто ... можеби заради воинствениот карактер на играта ... можните повреди ... и сл.

Но на времето од овие детски мечувалци се отворија неколку спортски клуба за спортско мечување ... имаше и некои добри спортски мечувалци ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter