Search This Blog

Monday, May 31, 2010

Перфидна манипулација на јавното мнение со народни пари

Манипулациите со јавното мнение се практика во сите опшества. Ги имало и ке ги има. Но вообичаено манипулација со јавното мнение се прави со приватни пари за приватни потреби. И тоа по мене не би требало да биде дозволено бидејки секоја манипулација води кон кризни периоди. Но манипулација со јавното мнение со народни пари е изум на сегашната власт. Начин да се подјарми една цела новинарска фела и упрегне со народни пари да работат за нивен интерес. Тоа е најнова новинарска фабрика – платена со народни пари. Згора на се власта тврди дека се е законски.              Повеќе ».....

Sunday, May 30, 2010

Што се исплати а што не ?

Оние што се возрасни и имаат одговорност пред себе, пред својата фамилија и општеството често се во дилема да одговорат на прашањето: Што се исплати а што не ?. Често во моментот нешто изгледа исплатливо и ти тргаш по тој пат кој моментално ти изгледа исплатлив – но во периодот на време кој следи работите не одат така како што си планирал/ти изгледало/си очекувал, одат по лош пат и твојата одлука се покажува како неисправна/неисплатлива. За одлуката која си ја донел сам и се однесува на тебе одговараш сам со сите последиците од лошата одлука/избор.      Повеќе ».....

Saturday, May 29, 2010

Ѓувеч Македонски, Македонска крем супа од зеленчук, Македонска шопска салата (ала волан) ...

Безмалку месец дена помина како останав без мојот животен другар/сопруга. Постов го посветувам на нејзе, ми фали во секоја миута, имавме прекрасно разбирање и скалден фамилијарен живот. Во скоро 30 години брак во кујна завлегував многу ретко. Женами уживаше во готвењето. Колку само емисии за готвење следеше – уживајки во нив, правеше цела шема на следење на такви кулинарски емисии. Во тоа време немав достап до телевизорот … Кујната беше нејзин ресор. Понекојпат знаев да помогнам да замијам тањири и да помагам кога ке се прави зимница или некоја прослава, роѓенден на децата на пример. По загубата готвењето го презедоа децата а јас бев судоперка и набавувач на артикли. Децата инсистираа на ручеци кои не содржат месо и се орјентиравме на Грашок, Боранија, Грав, Леќа, Ориз, Компири, Макарони, Печурки, со богати салати и разните видови на крем супи … и лебот го намаливме на минимум. Е сега без нлашко тешко оди но сведено е на минимум. Овоштие во нашиот дом одсекојпат се консумирало во изобилие а одкако имаме квалитетен соковник секое утро децата се будат со свежо цеден сок од портокали (најчесто) но и друго овоштие, јаболка, лимун, или друго сезонско овоштие …            Повеќе ».....

Friday, May 28, 2010

Нова Македонија по третпат ми здипли фотка

http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/untitled%5B5%5D.jpg http://www.novamakedonija.mk/Uploads/News/Bonsai.jpg http://www.novamakedonija.mk/Uploads/News/muzej.jpg
Сите горни три фотографии се мои и неовластено без мое одобрение се најдоа во три различни написи во интернет и во печатените изданија на Нова Македонија.      Повеќе ».....

Thursday, May 27, 2010

Со што се бави ВмроДпмне … Доктрина/вредности на ВмроДпмне

  1. Главата горе – живеј го животот
  2. Главата горе – среќно и берикетно
  3. Македонија знае – преродбата продолжува
  4. Македонија има сила
  5. Заедно можеме повеќе
  6. Резултати сега
  7. Имате право
  8. 110 години ВмроДпмне
  9. Вербата во бога како висок приоритет                Повеќе »....

Wednesday, May 26, 2010

Македонците немаат доверба во своите политичари … довебата во актуелните политички партии е на најмало ниво досега … Курто и Мурто ке продолжат уште долго да не јаваат …

http://www.inpress.com.mk/WBStorage/Articles/6844AC927B7E4C429D9058F72FDB4736.JPG
Долго време ги пратам рејтингувањата во Македонија кои се прават за партијски потреби. И последново рејтингување нарачано од ВмроДпмне (Институтот Павел Шатев, кој е изработувалч на последната анкета е основан од ВМРО-ДПМНЕ за свои потреби) повторно покажува дека политичарите и политичките партии во Македонија се со мал процент на доверба кај МК гласач.           Повеќе ».....

Како да завршиш работа во државните служби (социјално, здравствено, пензиско …)

Ако сакате да завршите работа во некја од институциите на државата (сеедно дали е на централно или на локално ниво) најдобро за Вас е да пронајдете “пријател“ кој работи во неа. Пријателот Ви треба не за да завршите работа која не Ви следува туку напротив, Ви треба пријател за да завршите работа која Ви следува. Значи во практика ако имате работа во социјална, здравствена, даночна или да речеме пензиска установа сите бараме пријател кој работи внатре за да ни ја каже процедурата.             Повеќе ».....

Monday, May 24, 2010

Јавна тајна … табу … мистика … мистерии

Тајна (Middle English secrette from Old French secret from Latin sēcrētus (“‘hidden’”)) е нешто демек што го знаат малкумина, нешто што треба да биде сокриено и неоткриено, нешто кое може да стане и табу … тајните секојпат се пропратени со мистика, со полувистини, со мистерии … тајната се доверува, се чува – но никојпат не се дочувува, тајната го пробива патот до јавноста, наоѓа пат …          Повеќе ».....

Thursday, May 20, 2010

Чистење на Скопје обврска или … од денеска ке почнам редовно да го чистам домот …

Вчера гледам неколку градоначалници на Скопје со сите директори на јвните комнунални претпријатија се наредија пред ТВ камери и сликајки порачаа: Од денеска ке почнеме да го чистиме Скопје !!         Повеќе ».....

Wednesday, May 19, 2010

Хашки “туризам“ …

Ва хашкиот случај на брат Лубе и брат Јохан се изнагледавме на неброени случаи на злоупотреба на нивната хашка мака во разни политички цели. Се билдаше рејтингот на актуелната власт но и на минатата. Сите актуелни премиери, министри поврзани и неповрзани со случајот во икс пати ги посетија МК бранители во Хаг. За брат Љубе беше пратен специјален авион/владиниот да се врати од Хаг. Премиерот лично го дочека на ајродром. За пресудата тогаш како и сега се организираше специјален авион со подржувачи (“хашки туристи“).       Повеќе ».....

Антички статуи во Грција се продават за ДЕСЕТ милиона евра

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/72209/statui%20Grcija-afp_f.jpg http://images.tanea.gr/AssetService/Image.ashx?w=160&pg=315366
Нетпрес објавува дека во Грција горните статуи се продавале на црниот пазар за десетина милиона евра … ова е ударна вест скоро во сите грчки медиуми …          Повеќе ».....

Monday, May 17, 2010

Пчиња повторно се излеа

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/9E14C8A67499B0499D2EDC0A08BEA91D.jpg http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/vesti/WESTIII/pcinja_katlanovo_230_180.jpg http://sitel.com.mk/sites/default/files/imagecache/statija_img/novosti/2010/05/16/pcinjaizlevanje_16104.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/polavi-spasuvanje.jpg http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/kumanovo_poplava_230_180.jpg
Пчиња повторно се излеа – поплавена бањата Стрновац, околните кафеани, музејскиот комплекс АСНОМ, срушени неколку моста, поплавени ниви и ораници. Со хелихоптер спасени четворица од бањата Срновац. Општината бара од владата на РМ регулација на речното корито и помош за претрпената штета.        Повеќе ».....

Friday, May 14, 2010

Сликање … Трпе, Трајче, Мирче …

Двете Влади на Груевски досега ги остваруваат највеќе оние ветувања пред кои можат неколкупати да се сликаат. Неколку пати додека најавуват дека нешто ке изградат, неколку пати додека нештото се гради и се разбира гранде сликање кога нешто ке се пушти во употреба. Се едно дали е тоа селска/маалска чешм, локален пат, „слободна економска зона“, реконструкција или изградба на некое школо, набавка на … Сликањето се разбира е наменето за потребите на рејтингувањето. Неколку пати во изјавите на видните водечки личности на владеачката партија на прашањето зошто се гради некој објект да речеме оние во центарот на Скопје – одговорот гласи, за да можат граѓаните и особено странците да се сликаат пред објектите кои се планираат за градба. Имаше дури тврдења дека таквите објекти ке бидат профитабилни, ке го зголемат туристичкиот прилив и така натаму. Не е важно што слични такви објекти има низ Скопје а истите се запуштени и руинирани, полни со смет, со ударни дупки во околните патишта …    Повеќе ».....

Wednesday, May 12, 2010

Како понатака ?!

Кога животот ке се поигра со судбината, кога ке прекине еден среќен од - се прашуваме: како понатака, како да продолжиме ?! Во една таква животна раскрсница се најдов и самиот. Верувам дека знам како, ветувањата мора да се исполнат.

Monday, May 03, 2010

ЗБОГУМ НАЈСАКАНА, СЛАВИЦА (ЦАЦИ) ДИМИТРИЈЕВИЌ 1954 – 2010

Вчера по долго и тешко болување почина најсаканата жена во мојот живот. Мајка на моите две деца Ана и Воислав, мојот најдобар другар

Цаци беше сакана сопруга, добра мајка и одличен другар. Обожавана меѓу пријателите и роднините. Дете на хорското пеење:
  • Член на хорот Развигорче од неговото оснивање,
  • Член на академскиот хор Мирче Ацев,
  • Член на Радио хорот при МРТВ,
  • Професионален член на Хорот при Македонската опера и балет,
  • Член на професионалниот Црковнен хор, при Соборниот Храм на МПЦ од неговото оснивање,
  • Дете на Македонското хорско пеење.
Цаци, засекогаш ке останеш во нашите срца и мисли.
Погребот ке биде на 04.Мај.2010 год. (вторник)
Во капелата во 10,30 часот  а на гробиштата во Бутел во 11,30 часот.

Blog Archive

Site Meter