Search This Blog

Wednesday, November 29, 2006

МАЈК ЗАФИРОВСКИ

Мајк Зафировски е виден Македонец кој бележи успеси во своето работење надвор од МК. Старата Влада го избегаваше а новата влада го подзаборави... Вакви видни Македонци треба да бидат вклучени во тимот на советници на Премиерот.

Mike S. Zafirovski (b. 1954? in Skopje, Macedonia) immigrated to United States in 1969, arriving in Cleveland, Ohio with his family, $1500 dollars among them and speaking no English. [1] [2] Two years later, he got into Edinboro University on a swimming scholarship.

He has a wife named Robin, who he met during his career at GE, and three sons.

In 2004, he received the Ellis Island Medal of Honor. [3]

Досега работел во:
Образование:
Bachelor of Arts in Mathematics from Edinboro University, Honorary Doctorate in Public Service from Edinboro University

Моментален ангажман:
CEO of Nortel Networks 2005 – present
COO of Motorola 2002–2005

Малку не има вака квалитетни Македонци за да не се искористат барем за советници ...


Tuesday, November 28, 2006

ФИЌО - ЗАСТАВА 750 - УБИЕЦ

Секојпат кога ке се спомне Фиќо (застава 750) - ме фаќа носталгија - за мојата прва љубов - моето фиќо.

Го купив на кредит со учество од 50 посто - Пред некои 20 години од сега - го имав скоро цели 10 години.

Црвеното фиќо со багажник и кука. Колку љубов имавме за оваа кола - сите што го имавме ... Иако мало не носеше секаде каде ке помислевме. Со него бев до Минхен, Истамбул, Загреб, Љубљана, Повеќепати до Београд, Нови Сад, Дубровник два пати, Црногорско приморје неколку пати, на Халкидики и други плажи низ Грција повеќе пати, тури до Солун истотака неколку пати ....

Одеше добро на снег - во планина - неколку пати на Шапка ... не ме остави на пат ... фала му ...

На крај со огромна љубов према Фиќото го продадов ... но и ден денеска се вртам со носталгија кога ке видам црвено фиќо со Багажник ...

Денеска читам во Утрински дека едно фиќо го усмртило Владе Додевски (57) од Стајковци го загуби животот при обид да поправи "фиќо".

Сиромавиот од невнимание легнал под Фиќото да ја замени спојката - чест дефект на Фиќото (колку пати само сум ја сменил) .... Додевски (нека му е лесна земјата) на кого му попуштила дигалката - не внимавал и не ја ставил резервната гума за обезбедување кога легнуваш под кола нешто да поправиш - нека ова биде поука за сите ....

КОГА ПОПРАВАШ КОЛА И СИ ЛЕГНАЛ ПОД НЕА - ОБАВЕЗНО СТАВИ ЈА РЕЗЕРВНАТА ГУМА ДА ТЕ ОСИГУРА ОД МОЖНОТО ПОПУШТАЊЕ НА ДИГАЛКАТА ....

Многупати другари и пријатели ми се смееле кога ке ставам резервна гума за обезбедување ....



Monday, November 27, 2006

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Денеска Утрински има напис - Потомците на Ѓорче Петров чекаат неговите мошти да бидат пренесени во Македонија - на кого ке се навратам покасно - ме инспирира да препрочитам кој беше Ѓорче Петров.

По стар добар обичај се послужив со пребарување по интернет:

Ѓорче Петров, роден 1864 година во Варош, Прилепско,каде живеел со неговите родители Петар Николов и Злата Тоскова. Учител во Штип, Скопје, Битола (1888-1895) и Солунската машка гимназија (1895-97). Долгогодишен член на Задграничното претставништво на ВМРО. Учесник во Илинденснкото востание. Во Првата светска војна градоначалник на Драма, после се застапува за „единствена и независна Македонија и балканска федерација“. Во Бугарија работи како началник за сместување на бегалците од Македонија, Тракија и Добруџа. Соработува со претседател на владата во Бугарија Александар Стамболиски. Убиен на 28 јуни 1921 г. по наредба на Ванчо Михајлов.

(пренесено од Македонската википедија)

За истата статија за Ѓорче Петров - во Бугарската википедија - ке најдете дека Гьорче Петров е български революционер ...

Да го кажуваат датумот кога е убиен “... Убит е на 28 юни 1921 г. в София ...“ но не кажуваат од кого и кој е нарачател на убиството ...

Многу е интересна тука категоријата на Македонци ... во кој контекст е употребена ??

А еве линк и од Англиската верзија на википедија за Ѓорче Петров ...

Gjorche Petrov

Go to fullsize image



http://www.opstinagpetrov.gov.mk/Uploadedimages/Gjorce%20Petrov-slikamala.jpg

Friday, November 24, 2006

СВЕТИКЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ – ПЛАОШНИК 2-ра фаза

Мината влада на ВМРО-ДПМНЕ под палката на Министерката Ганка Самоилова – Цветанова, а на иницијатива на тогашниот Премиер – направи грандиозен проект со возобновување на св. Климентовата црква на Плаошник, во името на Св.Пантејелмон - извршена е конзервација на крстилницата, атриумот, цивилната базилика, трпезаријата и Поликонхалната базилика.

Сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ сега под палката на Груевски го продолжува проектот Плаошник .... сега со идеја за возобновувањена Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Светиклиментовиот универзитет е најстариот универзитет во Европа. Светиклиментов униврезитет со 3.500 ученици бил еден вид ресавска школа каде во тоа време се умножувале црковните книги или попознат како Охридска книжевна школа – формирана во 886 година од Климент Охридски.

Во рамките на оваа школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Западна Македонија, во денешна Албанија и во други делови на средновековна Бугарија.


Во најстарите зачувани ракописи се вбројуваат глаголските ракописи како: Асеманово евангелие, Синајски псалтир, Синајски еухологиј. Од понов период се ракописите со кирилско писмо како што се: Добромирово евангелие, Битолски триод, Охридски апостол, Болоњски псалтир. (преземени делови од МК Википедија)

Св. Климент Охридски




ohrid2.jpg

Blog Archive

Site Meter