Search This Blog

Wednesday, March 22, 2006

Винарската визба Тиквеш пријави шесткратно зголемување на профитот

Винарската визба Тиквеш лани осварила нето профит од 104,8 милиони денар или 1,7 милион евра, што е речиси шесткратно зголемување од профитот остварен во 2004 година.
Приходите од продажба што Тиквеш ги направил лани изнесуваат 882 милиони денари или 14,4 милиони евра, што е годишен раст од 5,83% во споредба со претходната година.
Неревидираните финансиски податоци објавени на Македонската берза покажуваат дека Тиквеш лани имал огромен раст на останатите приходи од дејноста на 488,6 милиони денари (8 милиони евра), во споредба со 2004 година кога оваа ставка изнесувала 400 илјади евра.

Виновата лоза и Виното заедно со познатата ж‘та и струмичката мастика, се судбина и добра иднина на Македонското земјоделие....

Мајсторот(Свето) си докажува дека е мајстор, од лоша пивара направи одличен балкански бренд. Од познатиот Тиквеш очекувам да направи чуда...

Бујото инжинеринг отвора нов објект во скопската населба Пинтија

“Бујото инжинеринг“ ја завршува изградбата на новиот објект во населбата Пинтија, кој се простира на вкупна површина од над 8.000 метри квадратни, инвестиција која сопственикот ќе го чини до 2 милиони евра.

За погони се предвидени 4.500 квадратни метри, изложбените салони ќе опфаќаат 1200 квадрати, администрацијата исто толку, а 570 квадрати ќе бидат студио за снимање на телевизиската емисија.
Новата инвестиција не само што ќе ја пресели резиденцијата на фирмата од селото Орешани во населбата Пинтија, туку и ќе го прошири производството, а бројот на вработени, од досегашните 150, ќе се зголеми за 30 до 40 нови луѓе.
Проширувањето ќе внесе и нова технологија за производство на плочаст мебел изработен од иверица и медијапан, кој ќе може лесно да се компонира во различни варијанти.

Браво за Бујото

Гранит ќе го поправа аеродромот во Приштина за 14,3 милиони евра

Македонската градежна компанија Гранит го доби тендерот за обнова и проширување на меѓународниот аеродром во Приштина, од што ќе заработи најмалку 14,3 милиони евра. Крајната вредност на договорот се очекува до достигне и до 20 милиони евра, ако се додадат неколку анекси за дополнителна изградба на околните патишта.
Парите за поправка на меѓународниот аеродром во Приштина ги обезбеди Европската банка за обнова и развој. Гранот треба да почне со градежните работи во втората половина на април, а рокот за завршување на аеродормот е две години.
Инаку, Гранит на тендерот победи 14 други градежни фирми, и беше пласиран пред австрискиот гигант Штрабак, германскиот Папенбург, и домашната фирма Ескаваторе.

Три вести по ред кои ме радуваат. Градежништвото беше некојпат во Македонија со 60.000 вработени. Сегашните бројки не се сигурно повеќе од 22.000 вработени. Гранит остана гордост на нашето градежништво. Некојпат работев во конкурентската Пелагонија. Тогаш имавме скоро 13.000 вработени. Со гранит се јадевме они градеа одлично нискаградба и патишта а ние бевме спесијалисти за градење на фабрики , хали и високоградба.

За разлика од Пелагонија која остана со шака јада од луѓе, кои живееат од рентирање на објектите кои солидарно ги градевме, Гранит е едина градежна компанија која не падна на колена.

Веројатно сево ова се должи на правиот избор на водечкиот кадар.....и обратно....

“Макстил” со раст на профитот од 79,70%

Најголемата македонска компанија за производство на челични лимови Макстил лани работела со нето профит од 146 милиони денари или 2,4 милиони евра, покажуваат неревдираниот биланс на успех објавен на Интернет страницата на Македонската берза.
Профитот на Макстил лани е зголемен за 79,70% на годишно ниво.

Камо среќа да имаме само вакви убави економски вести.

Македонската просечна плата не е доволна ни за социјална помош

За потрошувачка кошничка 75% од просечна македонска нето плата

“..Просечната македонска нето плата за декември изнесува 13.125 денари и е повисока за 258 денари во споредба со претходниот месец. За потрошувачка прехранбена кошничка за просечно четиричлено семејство требало да издвои 9.947 денари или 75.8% од својата плата...“

Овие 9.947 денари покриваат само прехранбени артикли за четирчлено семејство.

Ајде малку весела математика. Исто такво четиричлено семејство имам и јас самиот.

ПРЕХРАНА -
17.000 денари
Неделно еднаш одам на неделно пазарење во Тинекс и Кам Маркет и трошам просечно по 3000 денари. Во текот на неделата допазаруваме ситници секојдневни за усте 1000 денари. (4000/7*30=17142 денари месечно) значи заокрушено 17000 денари .

КОМУНАЛИИ - 6.600 денари
Струја - 2500, вода 600, телефон, 1500, парно 2000,

ПРЕВОЗ - 7.800 денари
Аутобуски карти 2400, бензин 5400

ОБЛЕКА И ОСТАНАТИ СИТНИ ТРОШОЦИ 3.000 денари
Инвестиционо одржување на покуќнина 5.000 денари
Инвестиционо одржување на стан или куќа 12.000 денари
Одмор и рекреација 7.500 денари.
Останати непредвидени трошоци 2100 денари.

Значи гранд тотал 61.000 денари (или 1000 евра)

Ова е мојата пресметка за скромно живеење на едно четворочлено семејство по моја математика.

Основни податоци за Република Македонија - за Интернет пенетрацијата

Владата на РМ на својот сајт има објавено и
Основни податоци за Република Македонија

Сето тоа е супер но податоците се од 2002 година. Некои податоци трпат месечни измени - но на сајтот нема кој да ги менува. е-Влада (пародија)

Еве пример:
Интернет корисници: околу 150.000
Услуги достапни преку Интернет:
  • Dial up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s;
  • Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s; 128kb/s;
  • Пристап преку pre-paid картичка;
  • Пристап преку изнајмени линии.
Вака ако некој Инвеститор сака да гради стратегија за својот Инвестициски план на база на што ке ја гради - на база на податоци од 2002 година?!

Од горното обоено во плаво ке донесе вакви заклучоци. Нема што да барам во земја која дава званични податоци како погоре.

Па земјава дава Интернет пенетрација само 7.4 %. И тоа оваа бројка варира, зависи кој ја дава - Владат - Статистика - или некоја друга државна иституција.

Еве како ЦИА дава податок за
Internet users: 100,000 (2002)

Е сега на кого да му веруваш, кој лаже и зошто ????

Во одговорите напрашалникот на ЕУ имаме наведено:
Во развојот на информатичкото општество, Македонија се соочува со ниска стапка на
Интернет пенетрација (<5%>
поттикнувачки правни регулативи за експанзија на е-commerce, фрагментирани ИТ системи во
јавните институции и тековните институционални реформи. Покрај транзиционите шокови и
слабата економска клима, земјата се соочува и со “дигитална поделеност”.

Сето ова ке го збуни потенцијалниот инвеститор, кој како основна алатка користи Интернет за да направи стратегија за својата инветициона политика. И не е чудо зошто не одминуваат инвеститорите...

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА - нарачани

Често Пати во парламентот се нарачуваат пратенички прашања, еве едно такво

PRATENI^KO PRA[AWE

od pratenikot Liljana Ivanovska, postaveno na 126-ta sednica

na Sobranieto na Republika Makedonija, odr`ana na

23 fevruari 2006 godina

Prateni~koto pra{awe glasi:

Vo posledno vreme vo javnosta se iska`ani mnogu obvinuvawa vo vrska so problemot okolu liberalizacijata vo Telekomunikaciite. Na pres-konferenciite na VMRO-DPMNE e izneseno deka gospodinot Gruevski ne potpi{al nikakov dogovor vo vrska so proda`bata na mnozinskite akcii od 51%, so Telekom, koj {to mu ovozmo`uva monopolska pozicija na Telekom vo Republika Makedonija.

Pra{uvam, koj go potpi{a akcionerskiot dogovor za proda`ba na 51% akcii od Telekom, so {to se ovozmo`i monopolska pozicija na Telekom, so koncesiski dogovor do 2018 godina. Koj go potpi{a dogovorot za proda`ba na akcii i koj go potpi{a dogovorot za uslugi so Telekom i koncesiskiot dogovor.

Pra{aweto go upatuvam do ministerot za transport i vrski.

Одговорог на прашањето ке го дадам во првиот коментар

Бугарски Глобал кабел ќе ги купи кабелските телевизии во земјава!?

“...Бугарската компанија Глобал кабел планира да ги купи сите кабелски телевизии во Македонија, дознава Тотал. Тие веќе имаат ангажирано тим во земјава кој работи на тоа...“

Дали ова ке значи конечно доаѓање на посериозен играч во Интернетот во Македонија. Јас се надевам на тоа. Ова веројатно ке ги протресе другите АСП во Македонија - поготово МТ.нет.

“...Доколку се случи Глобал кабел да влезе во Македонија планира да понуди пакет со кој граѓаните ќе добијат Интернет, телефонски услуги и кабелска телевизија за само 1.200 денари...“

Е, дојде време Бугарите да не учат на памет и на Економија. Веројатно е подобро и они да не учат отколку нашиве шалабајзери.....

“...
Според податоците на Министерството за транспорт и врски во земјава работат 65 кабелски оператори...“

Дали некој знае, колку легални корисници имаат пријавено кабелските оператори. Зошто АЕК редовно не ги објавува бројките на крисниците на својот сајт....


Monday, March 20, 2006

Интернет понуда на Он.нет

Wi-Fi 590

  • Пристап на интернет со брзина до 512Kbps
  • Ограничен трансфер на податоци до 1GB
  • Без телефонски импулси и трошоци
  • Нема повеќе зафатена телефонска линија
  • Посетата на www.on.net.mk не се смета во остварен сообраќај
  • Бесплатна email адреса tvoetoime@wifi.net.mk
  • Анти спам и анти вирус заштита
Телефонска техничка поддршка 24/7/365

590MKD со вклучен ддв 18%

Времетраење на услугата
- 30 дена или 1
GB остварен трансфер

Ова е понуда која треба најатрактивна за младите во Македонија. Но дали е така !? Се би било во ред да по поминување на 1 ГБ се помине на намалување на брзината да решеме 64/64. Но не така по 1 ГБ немате интернет. Башка штo ке морате да имате издаток за да донесете Ви-фи до вашиот компјутер.

Wi-Fi BOX
  • Пристап на интернет со брзина до 512Kbps и повеќе
  • Месечен трансфер на податоци до 2GB
  • Бесплатен WiFi уред и USB кабел
  • Упатство за поврзување
  • Без телефонски импулси и трошоци
  • Нема повеќе зафатена телефонска линија
  • Посетата на www.on.net.mk не се смета во остварен сообраќај
  • Бесплатна email адреса tvoetoime@wifi.net.mk
  • Анти спам и анти вирус заштита
Телефонска техничка поддршка 24/7/365
2.395 MKD со вклучен ддв 18%

Времетраење на услугата
- 1 месец или 2
GB остварен трансфер

WADSL

  • Пристап на интернет преку Canopy Motorola со брзина до 768Kbps
  • Без телефонски импулси и трошоци
  • Нема повеќе зафатена телефонска линија
  • Трансфер на податоци до 8GB
  • Бесплатна email адреса tvoetoime@on.net.mk
  • Анти спам и анти вирус заштита
  • Телефонска техничка поддршка 24/7/365

WADSL

2-годишен договор

2-годишен договор

Месечна цена на услугата

1.300 денари

2350 денари

Canopy Motorola 5400SM

На користење

На користење

*Депозит за опремата

25.600 денари

12.400 денари

-

Инсталација (еднократен трошок)

3.900 денари

3.900 денари

*депозитот се враќа назад по истекот на договорот од 2 години

во цената е вклучен 18% ддв

Времетраење на услугата
- 24 месеци

Најголем недостаток на сите понуди на Он.нет е тоа што по исполнување на зададениот лимит немаш интернет!?




Интернет цени од МТ.нет

Почнувајќи од 20 февруари 2006, Македонски Телекомуникации ги намалува цените и зголемува брзините на сите ADSL пакети

Пакети

Брзина на пристап
download
/upload (kbps)

Месечен надомест

неопределено

1 година

2 години

StartADSL

512/128

1.599

1.299

999

384/128

1.979

1.759

1.299

MaxADSL

512/128

2.490

2.190

1.790

384/128

2.990

2.690

1.990

OfficeADSL

768/128

5.990

5.390

4.490

512/128

6.990

6.290

5.590

ProfiADSL

1536/256

13.490

12.240

9.990

1024/256

16.990

15.290

13.590

Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ

StartADSL

Специјален попуст

Ако се претплатите на една или две години, добивате 100% попуст на еднократниот надомест за инсталација.

Попустот важи до 15 Мај 2006.

Брзина на пристап (download/upload)

512/128 Kbps

Вклучен сообраќај со пакетот (месечно)

512 MB*

E-mail адреса

1

Динамичка IP адреса

вклучена

USB модем или Ethernet модем

1

Дозволен број на поврзани компјутери

1

цени за договор на неопределено време

Месечен надомест

1599,00 ден

Еднократен надомест

2900,00 ден

цени за договор на една година

Месечен надомест

1299,00 ден.

Еднократен надомест

1900,00 ден.

цени за договор на две години

Месечен надомест

999,00 ден.

Еднократен надомест

1900,00 ден.

* Доколку претплатникот го надмине вкупниот сообраќај вклучен во пакетот, услугата се наплаќа во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат сообраќај.

Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ

Ова е најглупавата понуда што некојпат можеле да ја смислат во МТ.нет. Глупава е бидејки рачуна на еднократната глупост на македонските корисници на интернет. Скоро сите што ке се приклучат на овој модел по извесно време неминовно се пребацуваат на наредниот пакет MaxADSLили се откажуваат од интернетот на МТ.нет.

MaxADSL

Специјален попуст

Ако се претплатите на една или две години, добивате 100% попуст на еднократниот надомест за инсталација.

Попустот важи до 15 Мај 2006.

Брзина на пристап (download/upload)

512/128 Kbps

Вклучен сообраќај со пакетот (месечно)

4 GB*

E-mail адреса

1

Mail2SMS

5

WEB2SMS

5

Динамичка IP адреса

вклучена

USB модем или Ethernet модем

1

Дозволен број на поврзани компјутери

1

цени за договор на неопределено време

Месечен надомест

2490,00 ден

Еднократен надомест

2900,00 ден

цени за договор на една година

Месечен надомест

2190,00 ден.

Еднократен надомест

1900,00 ден.

цени за договор на две години

Месечен надомест

1790,00 ден.

Еднократен надомест

1900,00 ден.

* Брзината на пристап се намалува кога претплатникот ќе го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) вклучен со пакетот. Доколку претплатникот сака брзината на пристап да остане иста и по надминувањето на сообраќајот вклучен со пакекот, услугата се наплатува во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат сообраќај.

Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ

Од оваа понуда највеќе очекуваа старите корисници на АДСЛ. Но тука како и во сите други понуди многу малку се намалија цените. Само се зголемија брзините.

Нови понуди од CADIS

Нови понуди од CADIS

А. ФИЗИЧКИ ЛИЦА

  • 128/128 kbps 590 ден/мес. - 24 час/инт. - 1 GB 128/128 kbps - потоа 64/64 kbps
  • 256/256 kbps 890 ден/мес. - 24 час/инт. - 2 GB 256/256 kbps - потоа 64/64 kbps
  • 384/384 kbps 1.190 ден/мес. - 24 час/инт. - 4 GB 384/384 kbps - потоа 128/128kbps
  • 512/512 kbps 1.490 ден/мес. - 24 час/инт. - 6 GB 512/512 kbps - потоа 128/128kbps

Б. ПРАВНИ ЛИЦА

· Beginner Office 1.500 ден/мес. - 24 час/инт. - 1 GB 512 kbps - потоа + 40 ден/10 MB

· Starter Office 3.000 ден/мес. - 24 час/инт. - 2 GB 512 kbps - потоа + 30 ден/10 MB

· Advanced Office 6.000 ден/мес. - 24 час/инт. - 8 GB 512 kbps - потоа + 30 ден/10 MB

· Office PRO 12.000 ден/мес. - 24 час/инт.-16 GB 512 kbps - потоа + 30 ден/10 MB

Ц. ХОСТИРАЊЕ

· Основен Пакет 50 MB web - 25 e-mail - 512 MB пошт. - дом.www.FIRMA.com.mk

· Напреден Пакет 200 MB web-100 e-mail - 1 GB пошт. - дом.www.FIRMA.com.mk

· Посветен Сервер по договор web - неограничено e-mail - web-базиран e-mail - дом.www.FIRMA.com.mk - MySQL, PHP; - Firewall, antivirus, antispam.

Можност за загарантирана брзина на интернет линк (bandwidth) до 34 Mbps !

Единствено ние во Македонија нудиме освен интернет и интранет сообраќај!

Friday, March 17, 2006

Се продава 45 м2 стан со гаража близу Универзална

Еве да видиме дали може да се продаде стан преку блог.
Се продава 45 м2 стан, со подрум + гаража - близу универзална.

Повеќе информации може да добиете на телоефоните
075/923-156 070/206-662
Ова е сателитска снимка на станот, кој се наоѓа во истиот влез со клучарот Шани
Ова е цртеж на станот
Ова е цртеж за подрумот
Ова е скица за местоположба на гаражата
која се продава и посебно

Tuesday, March 14, 2006

За Скопските дупки на асфалтот - трето продолжение

Нема да се заморам за оваа тема. Не ми е јасно како ги трпиме штетите на нашите коли и нашите живци. Мора да има правен лек за ова. Не може никој да не одговара зошто не се закрпени дупките на време.

Било скапо - вели
Директорот на "Улици и патишта" Илија Мартиновски -
- Еден тон топол асфалт чини 3.000 денари, а ладен - 9.000 денари. Со еден тон топол асфалт се асфалтираат осум квадратни метри коловоз - објаснува директорот.
Од Градот велат дека годинава за крпење на ударните дупки на булеварите и на собирните улици издвоиле 30 милиона денари, односно половина милион евра.

Мене а верувам и другите граѓани на Скопје, воопшто не ме интересира колку се трошат пари за крпење на дупки. Ако е некој платен да ја одржава патната инфраструктура и за тоа јас плаќам данок - мора и да одговоара кога ке ми се нанесе штета - инаку во спротивно за мене нема правна држава.

Инспириран од написите во денешните
Дневник
"УЛИЦИ И ПАТИШТА" НАСКОРО ЌЕ ГИ ОБНОВУВА КОЛОВОЗИТЕ“
Вест “Издупена метропола“

Friday, March 10, 2006

ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ СЕРВИСОТ "НАЈДИ! КНИГА"


Во просториите на НВО-Инфоцентар вчера се одржи промоција на Интернет сервисот "Најди!Книга", кој нуди пребарување на севкупниот текст на македонски печатени книги.

Со "Најди!Книга" Македонија влегува во тесниот круг на земји во кои функционира сервисот за пребарување на севкупниот текст. Уште повеќе, според сознанијата на пребарувачот Најди, "Најди!Книга" е веројатно единствен сервис надвор од САД, кој овозможува бесплатно пребарување на текстовите на најнови печатени книги.

"Најди!Книга" е дел од најстариот активен македонски пребарувач Најди! (www.najdi.org.mk), во чии рамки функционира и сервисот Најди!Блог, кој нуди следење од едно место на сите македонски блогови, кои стануваат се попопуларен медиум во земјава.

Петре е една од поинтересните личност со кои се запознав во последните месеци и кој ме фасцинира со тоа колку може единка без многу финансии а само со својата добра идеја и веројатно доста вложен труд, да го унапреди македонскиот Интернет простор. Штета е што државата нема свои ловци на таленти (скаути) како во спортот. Или пак помоќните компании во МК – ако воопшто останаа такви на нашите простори. Несомнено Петар заслужува поголемо внимание од сите нас.

Истотака ме изненади и релативно слабиот интерес на новинарите за промоцијата на интернет сервисот "НАЈДИ! КНИГА". Петре ги задолжи новинарите и сите нас со својот бесплатен и потполно некомерцијален сервис Не барај, Најди!

Прокликав малку по интернет Што правел Петар во последно време и еве ви неколку линкови во врска со неговата работа.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&amp;amp;amp;tabid=1&EditionID=253&ArticleID=16004

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&amp;amp;amp;tabid=1&EditionID=616&ArticleID=37250

http://blog.ebiznis.info/?p=140

http://razvigor.blog.com.mk/node/8607

http://217.16.70.236/?pBroj=3007&stID=74709

http://217.16.70.236/?pBroj=2163&stID=18789

http://bagra.org/node/983

http://www.agora.org.mk/napis.asp?lang=mac&amp;amp;amp;rubrika=2&id=221&vlez=rubrika

http://www.agora.org.mk/napis.asp?lang=mac&id=221

http://razvigormk.blogspot.com/2006/02/blog-post_113976425333520205.html

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57021

http://217.16.70.236/?pBroj=2958&stID=70931

http://217.16.70.236/?pBroj=2234&stID=21970

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&amp;amp;amp;tabid=1&EditionID=428&ArticleID=27021

http://217.16.70.236/?pBroj=2157&stID=18479

http://www.metamorphosis.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&amp;amp;amp;id=211&Itemid=26&lang=mk

http://www.metamorphosis.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&amp;amp;amp;id=522&Itemid=4&lang=mk

http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=172&amp;amp;amp;EditionID=68&ArticleID=1869&Page=1

http://jovansblog.dobroutro.com/?m=200505

http://metamorphosis.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&amp;amp;amp;id=392&Itemid=1&lang=mk

Наоѓање на информации на интернет (491КB.zip)

Wednesday, March 08, 2006

За дупките, прекопите и калта по Скопските улици II дел

За ова пишував пред некој ден, но инспириран од денешниот напис во Вест

Нема да остане незакрпена дупка во Скопје
пак ке напишам некој ред.


Стално читам по весници и гледам по ТВ емисии дека луѓето се жалат дека си ги испоискршиле колите по скопските дупки.

Му текнало ли на некого да тужи некој што е за ова надлежен и како поминал на спорот ?

Јас до сега имам купео најмалку 3 гуми кои ми се упропастени по Скопските дупки, плус два бандаша. За предните вешања и амортизери, колку биле оштетени од последица на ударни дупки не сум водел евиденција...

Сум си викал ај да тужам, па после се одкажував, бидејќи не сум прочитал за таков судски спор. Што треба да дадам како доказ на суд - сведок или да викам полиција на увид како за сообраќаен удес или ....

За конкуренцијата на Телекомот


Конечно телекомот, добива каква таква конкуренција. Првата фирма која сега најлегално ке нуди телефонски рзговори со странство е “Нексттел“. Вчера Нексттел потпиша договор за интерконекција со Телекомот - видовме на прес се пиеше шампањ.

Во архивите на Телекомот и АЕК чекаат уште 13 компании за интерконекција.

Повеќе во денешниот Дневник во написот :
Телекомот доби конкуренција во меѓународните разговори

“..Едноминутен телефонски разговор преку системот на "Нексттел" кон САД, Канада, Австралија и ЕУ чини од 6 до 8 денари. Преку мрежата на телекомот ваков повик чини 19 денари. Корисниците ќе имаат пристап до услугата со припејд картички во вредност од 250, 750 и 1.500 денари и со повикување на бесплатниот број 0 800 90 800..“

Blog Archive

Site Meter