Search This Blog

Wednesday, February 21, 2007

ВОДАТА - Скопска ...

Струјата (линк 2, 3, ) поскапе ... парното поскапе ... бензинот светска цена - поскапува ... телефонот поскапува континуирано ... интернетот ни е со највисока цена во однос на соседните земји и во однос на платите ... регистрацијата на возилата поскапеа ...прехранбените артикли поскапуваат ... еве конечно и водата поскапе ... буџетот државен од година во година се зголемува и тоа за неколку пати ... Само платите се исти т.е. сега помали во однос што можеш да купиш за нив ...

Сиромаштија ...

Го слушам Трифке како вели дека е ова влог во иднината ... Анализата покажува дека загубата во водата е околу 55 проценти ... а процентот на наплата е поразителен ... Се плашам дека се спрема продажба на снабдувањето со вода на странец ... демек тој да не оправи ... како што не оправи со телефонијата ... со струјата ...

Зошто не се одеше кон намалување на загубите на водата во системот и зголемување на наплатата ... незнам ... пак на грбот на оние кои плаќаат ...

За Рашче пишував тука .

Па Македонецу - ти само ќути ... трпи ... трај ...

КЕ СЕ ГРАДИ ОВА - КЕ СЕ ГРАДИ ОНА

Ми здојаде да слушам ... читам ... реклами од типот - Планираме да се изгради ова ... она ... Само се сечат ленти за почеток на градба (предизборни финти) - и по кратко време се заборава на проектот - и тука почнуваат аферите ... Започнати проекти од стара влада се сечат во корен и се оставаат коров да ги обрасне ... Случаи многу ... неброени ...

Континуитет на проектите никаков ... Подсетете се на царинскоата зона Бунарџик ... Идејата ја даде Циле ... Од Георгиевски трпеше кочници уште од зародиш ... СДСМ се подсмеваше со проектот ... Одненадеш на СДСМ му текна можеби е тоа добра идеја - па ја реафирмираа ... брзо заборавија што зборуваа ... и така во круг ...

Подсетете се на Сведскиот трговски центар среде Скопје ... Подсетете се на зградата убиец на Југобанка истотака во центарот на Скопје ... Зградата на новата Гинекологија ... зградата на новиот Факултет за Компјутер сајанс на ПМФ ... објектите на Малите спортски сали ... Крстот на Водно ... и да не набројувам понатака ... Ке ги почне една Влада - а кога ке дојде нова Влада ги пеплосува и ги остава коров да расте во нив ... Континуитет никаков ... само заради тоа што друга политичка опција го почнала проектот ...

Тоа е случај и во политиката ... пример Евроинтеграциите и НАТО процесите ... додека се на власт политичките опции од петни жили прават да се остварат процесите ... штом појдат во опозиција ... ведаш креваат рачка на процесот ... демек да не им тргне на новата Влада ...

Се прашувам кого сето ова го боли ... партиите сигурно не ... го боли нашиот напатен џеб .. кој безмилосно и неодговорно го празнеа сите Влади до сега ...

И новата влада чинам почна преамбициозно со нови проекти ... ке градиме ова ... ке градиме она ... ке отвориме ова ... ке отвориме она ...ова ... Има една поговорка ... “Најпрво скокни па после речи оп...“ ...

Сите ние се прашуваме од каде толку многу пари од буџетот на Македонскиот граѓанин ... а нема пари да се отворат нови работни места ... Или Македонската влада нема обврска да отвара нови работни места ... демек да не се меша во приватната иницијатива ... и предприемништво ...

ОВЦИ Македонски - виртуелни

Македонија има извонредни можности за сточарство ...

Вкупното земјоделско земјиште изнесува околу 1,265,000 ха во 2004 година (или помалку од 50% од вкупната површина на земјата). Структурата на вкупното земјоделско земјиште е

- 44% обработливо земјоделско земјиште (560.000 ха), околу
- 55% пасишта (70.000 ха) и помалку од
- 1% мочурливо земјиште и рибници (1.000 ха).

Повеќето од обработливото земјоделско земјиште се користи за производство на житни/полјоделски култури и градини (82% или 461,000 ха); остатокот е поделен на овоштарници (3% или 15.000 ха), лозја (5% или 26.000 ха) и ливади (10% ор 58.000 ха).

Доли и Бони, клонираните овци

Овчарството во Р. Македонија претставува значајна сточарска гранка со долгогодишна традиција ...

Овчарството секогаш базирало на мали индивидуални домаќинства, фарми со големина на стадата од 20-200 овци, а поретко над 500. Со мали исклучоци тоа се семејни фарми со сопствена работна рака, сопствена обработлива површина и објекти за сместување.

Според официјалните статистички податоци од 2001 година, вкупниот број овци во Р. Македонија изнесува околу 1.250.000 грла - овчарството базира на ефтината сточна храна од искористување на природните пасишта ...

Македонија го потикнува развојот на овчарството на различни начини ... Минатата година на 80.000 земјоделци им беа поделени 16,5 милиони евра од Министерството за земјоделство (на сите земјоделци - во просек цирка 206 евра по земјоделец - просечна МК плата ... Со пописот од 1994 година регистрирани се околу 178.000 земјоделски домаќинства ...) Од 16,5 милиони евра - 13,8 милиони евра се за растително производство (тутун, пченка, пченица, јачмен, лозарство и овоштарство), а 2,6 милиони евра за сточарство, од кои најголем дел, 1,5 милион евра, за одржување на основното стадо овци... - цирка едно евро по овца ...

Колку од оваа помош за МК земјоделец одпаѓа на Овчарите и не е битно во случајов - битно е дека се приметени огромен број на фингирани случаи за искажување на бројот на овците по домаќинство ... со што помошта не отишла таму кај е најпотребна ...

Од Министреството за земјоделие и од државниот инспекторат се правдаат дека ова просто не може да се исконтролира - поради големиот број на индивидуални случаи на помош и малиот број на инспектори ... Казни има големи се - казните се до 300.000 денари, а е предвидена и казна затвор ... Зарем во Министерството за земјоделие и инспекторатот не слушнале дека “стравот лозјето го чува“ ... верувам дека нема казнет земјоделец за лажно пријавување ...

За “Овците Македонски“ пишував неколку пати - линк 1, 2, 3, ... Само овци стојат мирно кога ги стрижат ... Ние “Македонските Овци“ - треба да се побуниме ... имаше преголем број на слушаи на “шишање“ и “кратско подстрижување“ ... Оштро протестирам и барам - да се воведе ден на “Македонските Овци“... па наздравје ...


Tuesday, February 20, 2007

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! - репринт

Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%204.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%20%3F%3F%3F%3F%20%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%203.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/antena%20na%20mobilni.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.Сликата “http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%3F%202.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!

Повод за овој напис денеска ми е писмото, што го прочитав во денешниот Вест, од Драган Живаљевиќ (за жал не можам да го линкувам го нема во електронското издание на Вест)– каде господинот јавно го поставива прашањето “Кој го презема ризикот од антените на Мобимак, Космофон и Он-нет над мојата глава – со посебен акцент на на главата на неговото дете.“

Имено се работи за тоа што, побудени од примамливите понуди на компаниите, низ Скопје имаме појава на наџиџани антени на мобилните компании и Он-нет (ВиФи), кои со дозвола на станарите или без нивна дозвола ги распостелеа антените по цело Скопје.

Прашањето кое таму јавно си го поставува Драган (кој е компјутерски инжињер-значи не е лаик, како повеќето ние) е од важност за сите граѓани. Дали е штетно нејонизирачкото зрачење од овие антени (или какво да е), и кој води сметка за распоредот на овие антени по Скопје, кои се поставуваат над главите на луѓето, на само неколку метри, од нивните постели.

“Стручњак“ од Мобимак ги тешел станарите од посочената зграда во написот, дека зрачењето не е штетно за станарите од зградата каде е поставена антената, туку евентуално може да биде штетно за соседните згради.

Сега тукаДраган јавно се прашува кој е тој што со просто мнозинство на станарите од зградата кај што се поставува антената има право да одлучува за здравјето на луѓето од соседните згради, а поготово нагласува дека во непосредна близина имало градинака....

Драган понатака појаснува дека, ризикот што постои од нејонизирачкото зрачење за добивање на разни тумори е голем, а особено за малите деца, кај кои поради интензивното растење (чести клеточни делби и репликации на ДНК кодот) шансата за појава на тумор е многу поголема.

Драган во истиот напис дава податок дека зрачењето во близината на базните станици е иладапати поголемо од оние места каде тие не се во близина. Башка кажува дека ние немаме наш правилник за ова туку го имаме преземено правилникот од Југославија.

На крај во написот Драган вели дека мобилните оператори тврдоглаво ја бранат тезата, дека нивните антени монтирани на покривите на зградите во населените места не се опасни по здравјето на луѓето кои живеат во тие средини....,а сето ова всишност е поради фактот што инсталациите по околните ридови и планини од повеќе причини се многу поскапи од оние што се изведени на покривите на зградите.

Значи сепак, до парите е...

Во една емисија на А1 од пред некој ден – утринска програма (програма за пензионери), новинарите се потрудија да дадат појаснување за што се работи тука и кој е надлежен.

Па се потрудиле да направат емисија во живо (за пофалба) и снимаа разговор со две особи во бели мантили, пред воена болница во Скопје. За жал не се сеќавам која институција ја преставуваа.

Па така едната госпоѓа ни појаснуваше сто е тоа, за што се работи тука, дека кој сака може да им се обрати за да се изврши мерење, дека они имаат апаратура, ама работат само на повик и со наплата се разбира, дека се единствена надлежна организација за мерење на зрачењето и т.н.

Но на крај заклучи дека во нашите прописи, закони никаде децидно не стои дека некој треба да ја следи ситуацијата околу штетното влијание на нејонизирачкото зрачење, кое може да го предизвикаат антените на мобилните оператори, и антените на Он-нет (ВиФи).

Потоа Физичарот (така се престави) покуша да ни објасни како може да изгледа штетното зрачење, поготово ако се работи за интерференција и одбивање на зраците кои се рефлектираат и се враќаат кај нас...

Е сега не се сеќавам кој од нив кажа но по светот имало многу научни трудови кои ги собрале по интернет (да живее интернетот) кои можело да се поделат на три главни групи:

-Оние кои велат дека зрачењето е штетно, поготово за детската популација, во случаите кога може да доведе до мутација на гените и днк ....

-Оние кои велат дека ова зрачење не е штетно

-И такви кои се нешто помеѓу....

Јас овдека изразувам јавен протест против тоа, што ова прашање не е соодветно третирано во нашите закони и е оставено на реакции на поединци и НВО-а кои реагираат за можните штетни последици по здравјето на луѓето а посебно по здравјето на нашите деца.

КАРНЕВАЛ

Македонија е преплавена со Карневали ... Од нова година навака карневали се редат во: Вевчани ... Струмица ... Прилеп ... Мислешево (линк 2) ... Тиквешкиот карневал ке следи ... веројатно ке ги има уште ... за први април да речеме ...

Од каде потребата за карневали ... што е карневал ... за ова највеќе ке најдете на блогот на lotos ... во повеќе постови ... Карневалеее...! ...

“..зборот карневал потекнува од италијанскиот збор carnevale , односно латинскиот carne vale, што во буквална смисла значи “збогум месо“; тоа е всушност период кога се јаде месо и се прават разни веселби под маски, календарски од христовото раѓање (6 јануар) до прочка, кога без простување и не може да започне идеата за дочекување на пролетта и нејзиниот основен атрибут, повторното раѓање на природата..“
SheilaJuliana

За повеќе видете на википедија Carnival ... но за мене вистински карневал е Бразилскиот карневал - Карневалот во Rio de Janeiro ... се останатото е само бледа сенка ... само на карневалот во Рио плакнам очи ...

КОЈ Е ГАЗДА - на Македонија ?!

Во зависност од тоа кој владее со државата - држава е:
- Аристократска ... Старогрчкиот поим аристократија значи "власт на најдобрите" и е кованица од зборовите "аристо" (најдобар) и "кратија" (владеење).
- Автократска ... самовладеење (грчки : auto – сам, kratein – да владееш) представува многу стеснет круг на на управувачи - меѓу кои се обликува владеачката воља ... Често може да е тоа поединец која се служи со државниот апарат за присила да ја присили самата владеачка група ... Во автократските држави постои таканаречени затворени центри на моќта - на кои граѓаните немаат влијание ... Во вакви автократски држави постојат формални демократски институции - (парламент, влада, судови) но бидејки работат под непосредно влијание на владеачката група и нивниот лидер - демократијата се сведува на ниво на формализам и практично се спроведува диктатура на владеачката група - на нејзиниот потесен дел - или исклучително на лидерот на групата ...
- Бирократија ... тука тежиштето на владеењето е во централизираната контрола на бирократскиот апарат ...
- Демократија ... Каде со државата владеат избрани представници на народот ... Систем на владеење на мнозинството ... Етимолошки, демократија е изведена од грчките зборови демос (народ) и кратос (сила).
- Олигархија ... Каде со државата владе мала група на луѓе - кои се најбогати - или имаат најголемо политичко влијание ... (грчки oligos – мало и arkhê – владеење) ...
- Технократија ... Каде со државата раководат научници и технократи ... ("techno" from the Greek tekhne for skill, "cracy" from the Greek kratos for "power") ...
- Теократија ... каде во државата пресудно влијание има религијата или верата ...

Има ли стопан Македонија - кој е “газдата“ на Македонија ... Ова е често прашање кое ми се мота во глава, кога и гледам нелогичности во правниот и економскиот систем на државата ни ...

Дали можеме да кажеме дека новопечени “газди“ се Македонските Олигарси - кои некој ги вели дека се петнаесетина ... а некни од првиот даночник чувме дека се всушност 150 ... е сега некој Форбс да се појави во МК па да им ги објави имињата ...

Дали газди се партиите ни - кои во политичка борба легално се борат за власт ... па зависно од успехот се позиција или опозиција ...

Дали газди ни се странските представништва на разни сведски организации (Светска Банка , ММФ, Амбасадорите од ЕУ и САД ...) - кои се доминантни во многу сфери ... во сверата на економијата ни диктираат како ке го трошиме буџетот ... кој ке ни биде курсот на девизите ... колку и од каде ке земаме кредитеи ... каде ке ги чуваме нашите пари ... а во сверата на политиката ке ни бидат медијатори - без нив неможе да помине ниеден закон - оди на оценување кај ив ... без нив ниедна криза неможе да решиме ... тие се тие кои ни ги “караат“ политичарите ни кога ке укакаат нешто ... ке дадат жолт картон на некој политичар кој претерува ... тие се тие кои од “терористи“ ги преиминуваат луѓето во “борци за човекови права“ ... тие се тие кои од нашето општество прават изолирана држава ...

Ако ги споредам дефинициите од првиот дел од постот - ке оценам дека сме најблиску до дефиницијата на Аутократска држава ... Дали и вие го делите моето мислење ?

Monday, February 19, 2007

КОСТОВСКИ - знае да игра фанта



Можеби Градоначалникот на Скопје какошто многупати изјавува сам не знае баш да управува со Скопје ... но брзо учи ... тој очито знае да игра фанта ... Игра кој Маџармалци сакаат да ја воведат како олимписка дисциплина ... игра која некојпат кога се играше беше гонета од полицијата ... коцкарска игра ... кој сега на Маџармалци им служи да го промовираат Маџармало и Маџармалската традиција ...

Сега ја играат само кога треба да соберат пари за некаква доброволна акција ...

СКОПЈЕ - со три педесетокатници ...

СКОПЈЕ - со три педесетокатници ... (Менхетен во Скопје) Измени.

Груевски најавува а Вест во написот - Груевски ке гради три 50-катници ... ни соопштува дека владта планира на локацијата карши Холидеј ин ... на сегашниот паркинг да изгради три 50-катници ...


Го сакам Скопје ... го следам одавна во развојот ... Но бидејки Скопје е земјотресно т.е. трустно подрачје на мислење сум дека на Скопје не му требаат облакодери ... И до сега имаме почнати и недовршени грдосии низ центарот на Скопје ... За ова пишував неколку пати а последен пат неодамна - ЗГРАДАТА УБИЕЦ - конечно ке се доизгради ...

Ке си дозволам да го кажам моето мислење за тоа како треба да се гради Скопје ...

- Секако Скопје треба да се гради соодветно на урбанистичките планови на градот кои ги прават врвни архитекти ... струката треба да се почитува ...
- Да не се дозволуват градби ако нема гаранција дека навреме ке се направи објектот ... неможе во центарот на скопје да се трпат ситуации на долги градби ... и недовршени фасади ... песоци дупки и кал ...
- Ако не се покаже затврена финасиска конструкција и гаранција на некоја банка дека објектот навреме ке се заврши - не треба да се дава одобрение за почеток на градба ...
- Ако започната градба не се доврши на време - да се преземе од инвеститорот ... да се доврши ... а по продажбата да се обештети најпрвин државното вложување ... а се што ке преостане да се даде на изворниот инвеститор ...
- Скопје да се гради концентрирано во кругови ... вака како е сега имаме ситуација низ центарот да имаме ругла и несредени ќошиња - а да се гради во периферијата ...
- Државата по дефиницијата е лош стопанственик и треба да избегава да гради со државни пари ... видете ги само ефектите од државната интеренција во градбите ... и тоа само најновите ... згрдата на југобанка ... светскиот трговски центар ... печатницата Гоце Делчев ...

Скопје има неколку простори поволни за градба - здрави и сончени предели ... тоа се пред се - другата страна на Водно и Скопска црна гора ... Незнам зошто Скопје се гради на најдоброто земјоделско земјиште што го има Македонија ...

АХТИСАРИ МАРТИ


Бидејки Мати Ахтисари е доста присатен во балканскава мешавина на влијанија на одредени политики ... добро е да погледнеме кој е Марти Ахтисари ... Ахтисари го спомнав и во мојите постови:

- ДОМИНО ЕФЕКТ ...
- АНКЕТА - за планот на Ахтисари
- ВОЈНА ВО КОСОВО - ке има ли нова ... како сето тоа започна ...

Марти Оива Калеви Ахтисари (Martti Oiva Kalevi Ahtisaari, рођен 23. јуна 1937. у Випурију) је бивши председник Финске као и дипломата и медијатор Уједињених Нација. Тренутно је специјални изасланик УН-а за статус Косова и Метохије.

Рођен је 23. јуна 1937. године у Випурију (Viipuri) (сада Виборг (Vyborg)), граду који је 1944. године анектирао СССР. Његов отац, пореклом Норвежанин, био је официр. Дипломирао је на универзитету у Ослу, определио се за каријеру наставника у Пакистану.

Марти Ахтисарије познат међу светским политичарима, дипломатама и аналитичарима. Репутацију је стекао као дипломата у Министарству иностраних послова Финске, а после као дипломата који је посредовао, оцењивао, договарао и пресуђивао на многим "врућим тачкама" (у Израелу је испитивао акције израелских снага у избегличким логорима, у Северној Ирској се завлачио у тајне базе ИРА). Аналитичари тврде да је готово све глобалне конфликте од врха Африке до Индонезије за које је био задужен решеавао са великим умећем.

Пре тога, Ахтисари је био амбасадор Финске у Танзанији, Мозамбику, Замбији и Сомалији.

Тада је обавао више важних функција у институцијама које су се бавиле економском помоћи земљама у развоју, а 1987. године постаје подсекретар у Уједињеним нацијама. У Намибији је био специјални представник Уједињених нација од 1978. године до раних 90-их.

Намибија је у знак признања и захвалности Ахтисарија прогласила почасним грађанином. Следеће године постаје министар иностраних послова Финске, а 1992-1993. године председава међународном конференцијом о СФРЈ. Он је специјални представник генералног секретара УН-а.

Иако никада није био активан на домаћој политичкој сцени, као кандидат Социјалдемократске парије побеђује у фебруару 1994. године на председничким изборима. Постаје први председник Финске који је изабран на директним изборима гласовима свих бирача. На положају председника остаје до 2000. године. Понајвише захваљујући његовој политици и његовом личном ангажману, Финска званично постаје члан Европске уније 1995. године. У финској је стекао велику популарност због успешних дипломатских мисија, али и отворених критика рата у Персијском заливу, због чега је изгубио наклоност САД.

Као медијатор косовског конфликта 1999. године Марти Ахтисари стиче међународну репутацију. Он и руски изасланика Виктор Черномирдин сматрају се најзаслужнијим што је престало НАТО бомардовање.

Марти Ахисари је почасни доктор више познатих универзитета, међу којима су Московски и Кијевски.

Бивши генерални секретар УН-а Кофи Анан именовао га је за специјалног изасланика УН-а за преговоре о будућем статусу Косова и Метохије.

За повеќе прочитајте во Ангилската верзија на Википедија. Повеќе за Ахтисари во коментарите ...

Blog Archive

Site Meter