Search This Blog

Saturday, April 25, 2015

Клиенти ... Борба на слонови ...

На политичката сцена се одвива војна меѓу клиентите на политичките партии од позицијата и опозицијата. По глобалното сценарио од светскиот сценарист на контролирани кризи - дојде време да имаме дестабилизација на безбедносната ситуација за да може во матното да се исчистат одредени политички фигури (од двете страни) кои се потрошија ... Сценаристот гледа дека дестабилизација само на МК ткиво нема да му успее поради синдромот на Македонецот на Мирче, Трајче и Трпче и историската поука дека наведната глава никој не ја сече - реши да ги вклучи “послушните“ албанци. Се разбира увезени од некаде - бидејки и оној нормалниот автохтон Албанец не сака веќе да дава деца така лесно да одат курбан.

Престанав да ги читам новинарските пера и сите “аналитичари“ од двата табора. Немаат веќе што ново да кажат. Сега ке гледаме војна на клиентите на двата табора. Се плашам дека во војната на слоновите на нашава територија ке страда тревата - а тоа сме ние народот.

Thursday, April 16, 2015

Од џемперчиња до џипови/хациенди и дебели акаунти ... Oд партија до АД ...

Сите се сеќаваме на првиот парламентарен состав на РМ. Повеќемината пратеници беа анонимни луѓе кои во салата се појавуваа облечени онака како се носеле до тогаш, со џемперчиња кои дома некој им ги плетел. Ако погледне што носат/возат сега пратениците, ке видиме брендирани парчиња ...

Како партиите станаа АД. Ако добро се сеќавам/е зградите на партиите беа некои мали простории во зафрлени места. Првите канцеларии на партиите беа по бараките на локалните самоуправи со канцелариски мебел кој беше расходуван од администрацијата. Сега видовме дека партиите се вистински АД. Згради повеќекатници со партерно уредување и споменици пред нивните влезови. Канцелариите им се како да се врна светска банка ...

Тројките се вежбаат ...

Двaуца анонимни граѓани кои својот став за власта јавно го изразувале преку критика на своите профили на фејзбук, најпрвин останале без работа (биле исчистени од списокот на вработени како непожелни) - сега останаа и без своите автомобили, им беа запалени ... Она што им остна е нивниот гол живот. Тројките се вежбаат ...

Sunday, April 12, 2015

Трето дете ...


Не е реклама туку сон. Оваа велигденска ноќ сонував дека некого убедувам дека ако се е во ред, сите се здрави и желни - дека секој треба да има трето дете, за да ја осети потполната среќа во животот. Кој друг може повеќе да те израдува осем дете кое со вакво ноженце ке те пробуди од слаткиот сон. Со мирисот на детето цуцајки го прстето - ке го имаш најубавиот ден, година/ни во твојот живот (сетите се само на искрените насмевки и гугања, искрите во неговите очиња - ниедно друго земско богатство нема да ве усреќи така ...) ... Желбата за трето дете мене не ми се оствари имав само две, со кои додека растеа бев неизмерно среќен. Би си пожелел бар да имам три внуци ...

Friday, April 10, 2015

Уште кој треба да му каже дека претерано забегал ... Каменот од блиску доаѓа ...

Кога светските сценаристи се разрачунаваат со недисциплинираните нивни “ученици“, тие тоа никојпат нему не му го соопштуваат лично/директно. Тоа го прават индиректно. Најпрвин нарачуваат некој тоа да му го соопшти/ува дома кај него, потоа нарачуваат написи по светските влијателни медиуми, нарачуваат написи по околните соседни телевизии ... На крај бараат некој директно на улица да излезе во помасовен број и да му се спротивстави “со повик“ да се симне од власта ... Во меѓувреме прават пробив и внатре меѓу неговите - бараат некој кој ке го смени, некој од неговите (каменот нели од блиску доаѓа) ...

Wednesday, April 08, 2015

Подршка ...

Оној ден кога Премиерот и другите министри (спомнати во објавените телефонски разговори) ке почнат редовно да имаат меѓународни активности ке сметам дека меѓународната заедница не верува во содржината на телефонските разговори ... Колку следам некој веќе направил список на имимиња кои не се пожелни ...

Thursday, April 02, 2015

Никола(е) ветува ...

Иако не сме во изборен процес и позицијата и опозицијата се во тежок изборен процес, досега беа во сали а од денеска излегоа на плоштади. Започна пролета а со неа и таканаречените пролетни револуции. Она што го ветува опозицијата е вистината за Македонија. Ни кажуваат дека царот е гол. Она што го ветува позицијата се ветувањата за светла иднина. Зголемување на плати, пензии, социјала и субвенции. нови работни места и странски инвестиции ...

ПРЕРОДБА ... Секој од нас е прероден ... Да платиш ако сакаш да живееш и тоа да платиш на преродбениците ...

“Чуварите“ на нашиот идентитет и и име, го смениа личниот идентитетет на секој граѓанин во Република Македонија. Мојот личен идентитетет (идентитетот на граѓанинот на РМ) се состои од моето лично име и презиме, од адресата каде сум роден и од адресата каде живеам. За да го докажам  мојот личен идентитет јас при раѓањето осем што добивам единствен матичен број на граѓанин на РМ, морам да имам извод од Матична книга на родените, Лична карта и Пасош. За да го докажам пак имотот кој го поседувам јас за недвижниот имот морам да имам катастерски извод од Имотен лист а за возило морам да имам Сообраќајна и Возачка дозвола.

Нашите ПРЕРОДБЕНИЦИ од Македонскиот дел од владата на РМ но и од Албанскиот дел од владата на РМ може да се каже дека сите не прекрстија/преродија со тоа што на скоро сите нас некој дел од личниот идентитет ни го сменија со административно менување на деловите од нашите лични идентитети. Ги менуваа имињата на улиците каде живееме, ги менуваа имињата на школите каде учевме. Сето тоа има/ше двојна цел. Од една страна остварување на преродбата па ние сме сега се повеќе ВМРО-вци или антички Македоннци или пак сме УЧК-овци ако сме во делот на општините каде на власт се ДУИ/ДПА ... Другата страна е гола пљачка на граѓанинот. Секој документ се плаќа од џебот на граѓанинот. Секоја промена на личниот идентитет се пресметува како износ на пари за нов извод од родени, венчани, нова лична карта и пасош, нова возачка и сообраќајна дозвола, нов имотен лист. Вадење нови лични исправи кошта и ја плаќа секој граѓанин. Плус на сето тоа е изгубеното време и живци додека ги повадиш тие силни нови идентитетски исправи. За секој жив/мртов створ ние како граѓани потрошивме во просек по стотина до двесте евра. Сето помножено со 2.000.000 МК државјани доаѓа до неверојатна сума од 200 до 400 милиони евра народни пари во државен воздух потрошени во администрација испииени ...

Секој од нас е прероден ...

Ни ги преродија/преродуваат и професиите каде работиме. За секоја од професиите осем формално образование се измислија лиценци. На пример за чувари, обезбедувачи, учители, слаткари, тренери или која било сакате професија сега мора да имаш ЛИЦЕНЦА која прво е од времен карактер а за да ја добиеш мора да полагаш испит кај некој од актууелната власт. Преку лиценцирањето на професиите се остварија/остваруваат две цели. Неможеш да вршиш ниедна професија ако немаш лиценца од актуелната власт и да, мора да ја платиш лиценцата. Бројката на пари за оваа преродба овојпат во професиите е огромна и многу поголема од онаа за личните документи ... Затоа немојте да се чудите дека во преродбата на образованието главен елемент е лиценца т.е. државен испит за секој средношколец т.е. студент. Додуша ова не е изворно наш изум - сето ова се прави во сите држави на светот ...

На крај се е до парите. Да платиш ако сакаш да живееш и тоа да платиш на преродбениците ...

Wednesday, April 01, 2015

Јасно е кој тоа може ... Им се може ...

Од денешната таканаречена таканаречена 15 “бомба“ која ја испука Заев станува се појасно кој тоа прислушкувал во Македонија. Веќе се докажа преку пресудата во случајот Пуч/Прислушување (онаа со спогодувањето...) дека прислушкувано е од нашата тајна служба. Но се појасно станува дека прислушкувала и најмоќната светска сила, која се` слуша и се` знае. Како инаку ја прислушкувале соработничката на Мијалков додека таа е во “школо“ во Франција ...

Сега станува јасно зошто никој официјално не ја именува странската служба која е умешана во прислуувањето и зошто американскиот амбасадор се изнасмеја кога даваше изјава дали треба да му се верува на МК правосуден систем ...

Сега прашањето е зошто сега ги откриваат овие скандалозни и криминални афери, зошто чекале толку години. Веројатно сакаат смена на луѓето од власта... Им се може. 

Се сече (му се суди...) минатото ... Убијци на дрвена маса ... “НЕделата“ говорат ...

Се навикнавме убијците на двената маса низ Скопје да не будат во раните утрински часови. Се сече минатото ... што е постаро дрвото оваа власт посака/го исече. Дали таа има порив/план да не само да им суди на минатите режими, градејки музеи на жртвите од нивното владение, лустрирајки ги па дури и да не се меѓу живите. Им суди/пресудува и на дрвјата што тие генерации (од минатите системи) ги саделе пред одредени институции ... 

  • Се некако почна со сечењето на дрворедот долж Илинденска;
  • Продолжи со дрворедот долж булевар ЈНА (незнам како сега се вика по ново) познатата улица на липите;
  • Дрвјата пред музејот на град Скопје (стара железничка станица);
  • Дрвјата пред зградата/седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кое сега се претвори во бетонски плоштад
  • Се пресекоа дрвјата во центар, оние каде сега се гради фонтана (тие воопште не беа ни стари ни болни);
  • Се сечат костените пред Пелистер;
  • Сега се сечат боровите пред и околу Владата на РМ;
  • Се испоискасапи шумата околу олимписко село;
  • Се спрема сечење на шумата по падините на Водно, кај оние спорните ДУП/ГУП плацеви;
  • Се испоискасапи шумата на Водно за некаква ски патека;
  • Се поискасапи дел од шумата на Водно за да се пробие пат до Сончева долина ...
  • ... овие три точки зе за сите испосечени дрвореди кои тука не се споменати ...
Секаде каде се сечеа двјата кои ги саделе генарациите од другите системи во РМ, сега имаме згради и споменици од овој режим. Живото се исече и им одстапи место на мртвото/мртвите ... Сегашната власт им пресуди не само на луѓето од старите системи лустрирајки ги - туку им пресуди и на дрвјата кои тие ги саделе ... “НЕделата“  говорат ... Нека не Ве чуди и односот спрема спомениците од минатите системи ...

Blog Archive

Site Meter