Почитувани, Министерството за транспорт и врски Ве известува дека во насока на остварување на заложбите за зголемување на инвестициите и овозможување на економски раст на Република Македонија, распишани се повеќе објави за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија: 1. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Скопје, општина Центар, наменето за изградба на трговски центар, со вкупна површина од 385 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 7.000 денари по метар квадратен. Рокот за пријавување на јавното наддавање е 17.01.2008 година. 2. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Крушево, наменето за изградба на: · хотели – 3 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 3.200 денари по метар квадратен и · објекти за викенд домување – 36 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 600 денари по метар квадратен. Рокот за пријавување на јавното наддавање е 22.01.2008 година. 3. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во општина Велес, наменето за изградба на објекти за домување – 27 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 400 денари по метар квадратен. Рокот за пријавување на јавното наддавање е 31.01.2008 година. 4. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена: · Мало стопанство, на територија на општина Гевгелија - 2 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 500 денари по метар квадратен, · Стопански објекти, на територија на општина Струмица - 4 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 100 денари по метар квадратен и · Индивидуално домување, на територија на општина Битола - 26 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 1.500 денари по метар квадратен. Рокот за пријавување на јавното наддавање е 06.02.2008 година. 5. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена: · Мало стопанство, на територија на општина Радовиш - село Калуѓерица, со почетна цена од 150 денари по метар квадратен и · Стопански објекти на територија на оштина Радовиш – 2 парцели, со почетна цена од 400 денари по метар квадратен. Рокот за пријавување на јавното наддавање е 08.02.2008 година. |