Веќе еднаш пишував за дивидендата на Телеком во својот напис за
“Како од добар да се стане одличен“ - сабота, февруари 18, 2006
Линк види тука.
И тогаш изразив сомнеж во потребата на државата да преговара за големината на дивидендата. Таа е толкава колкава што е, и не гледам за што да се преговара !! Реков дека државата треба да се сконцентрира на контрола трошоците кои ги правел телекомот во изминатата година. Со набилдани трошоци се доаѓа до помал профит и дивиденда. За жал не ме послуша никој.
Но нагласив дека АЕК е доста сумјив во својот заштитнички однос кон Телекомот и дека тука има работа за Антикорупциската комисија, што навистина пред некој ден се случи. Сигурно антикорупциска не го прочита мојот напис и изразената сумја – но ете ја погодив предпоставката дека тука има реално простор за испитување на Антикорупциска...
Да подсетам тогаш се објави дека Телекомот има вкупен приход од цели 240 милиони евра.
Денеска А1 објавува дека Профитот на Македонски телекомуникации за минатата година изнесува повеќе од 140 милиони евра. Оваа бројка ја објави унгарскиот Телеком, сопственик на Мактел.
Линк види тука
Резултатот на вака големата добивка Маџар телеком го образложува со “големото штедење на компанијата и големот работење на ваботените“. Нормално никаде ни збор за сеуште монополската позиција на Македонскиот пазар овозможена во тајно преговарање со Владата ни и посебно со заштитничкиот однос на АЕК – кој заради тоа заработи пријава кај антикорупциска комисија – која поведе постапка за оценување на ....
Што да кажеме ние обичните граѓани на Македонија.
На кратко. Уа лопови !!
Повеќе во коментарите подолу.