Search This Blog

Thursday, January 07, 2010

Честит Божик - Христос се роди, вистина се роди

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8f/RozdestvoHristovo_RublevBlagSoborMK.jpg/311px-RozdestvoHristovo_RublevBlagSoborMK.jpg
Христос се роди, вистина се роди - Честит Божиќ.
"Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли". И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната "Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја" (Лук.2-14).

Утрината со биење на камбаните јавена е радосната вест Христос се роди, вистина се роди. Денес сите православни христијани го слават рождеството божје. На сите мои читатели им го честитам големиот празник на нивните срца со поздравот Христос се роди - вистина се роди.       Повеќе ».....

Wednesday, January 06, 2010

Бадникова вечера

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/3Large-8.jpg?t=1231350588
Пред Божиќ, зад Божиќ – кај и да си дома да си.
Вечерта пред Божиќ секој во својот дом, во кругот на своето семејство првавославните христијани на богата посна трпеза го исчекуваат Божиќ – Рождеството Христово. Посно гравче, пита со праз или зелка, посни слатки, урми и суви смокви, овоштие, риба се основниот прилог на секоја Бадникова вечера. Главен настан на секоја Бадникова вечера е кршењето на лепчето со париче.            Повеќе ».....

Коледе … Коледа … Коледица

Kolede 1 (Large).jpg
Утрински коледарчиња
Секое утро на Бадниковиот ден – по вечерта покрај Коледарски огнови групи од маалски деца не будат со традиционалните коледарски песни. Ги има многу но во Скопје најпозната е:         Повеќе ».....

Tuesday, January 05, 2010

Коледарски огнови

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/5Large-28.jpg?t=1231244012
Вечерава традиционално луѓето се собираат околу коледарските огнови. Припремите за овие огнови се традиционални. Кумот кој по традиција се одредува на минатогодишниот коледарски огон со кршење на лепче во кое има само една паричка, се грижи са вечерашната церемонија – собира пари од комшиите или наоѓа донации за да купи дрва за коледарскиот огин, организира група на луѓе кои варат блага ракија и група на луѓе кои припремаат посни јадења, сарми, ориз, риба, со обавезното гравче, посни колачиња … посно е поради божиќните пости. Повикува свештено лице да го благослови огинот и прославата, повикува/организира музика. На крај истата група на луѓе го чисти и сметот од дешаванката.         Повеќе ».....

Зимска идила

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/Picture33Small.jpg?t=1262697411
1. Зимска идила – Пријател ми прати честитка со пејсажи од зимски идили, тука ги споделувам со вас во пресред на Бадник и Божиќ           Повеќе ».....

Monday, January 04, 2010

Груевски отворено изјавува дека Уставниот суд е партијска машина на опозицијата

Отворениот напад на Груевски дека Уставниот суд и некои од Уставните судии се партијски војници е најмалку срамна изјава на нашиот Премиер. Светско правило е судските одлуки да не ги коментираат – никој особено не политичар, особено не Премиер на една држава. Со тоа самиот Премиер задава смртоносен удар на судските реформи. Самиот вели бидејки ние не ги избравме тие се партијски војници на опозицијата.           Повеќе ».....

Уредувањето на HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти

Една од поважните работи за нас блогерите кои до сега не работеле со WordPress беше сознанието дека заради безбедносни причини сопственикот на платформата по совет на администраторите се одлучил да неме директен пристап до HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти. Сепак во одреден момент можеме да интервенираме во HTML т.е. CSS на нашите нови темплејти. Имено постапката ја даде Јуруковски Љупчо заменик уредник на http://www.on.net.mk во коментар на постот на аандреј :    Повеќе ».....

Sunday, January 03, 2010

Блог заедницата взаемно се помага … некои се разочарани, но се чини повеќето се задоволни

Сигурно се прашувате зошто баш пред нова година се почне со селењето. Не дека знам  зошто, но ако гледам по аналогија како тоа го прават партиите од власта – имено вестите кои може да донесат многу голема бура секојпат се соопштуват во петок, за да до поледелник две ноќи веста преспие а тие т.е. власта смислат како да се бранат.     Повеќе ».....

Saturday, January 02, 2010

Детски блог болести околу преселбата – смртен удар на оние кои “дишат“ во коментари

На новата платформа очито ке мораме да ги прележиме детските болести кои се предизвикани од:
  • нашето недоволно познавање на ВорлдПрес
  • веројатно многу малку појаснувања за ненапредни корисници на платформава
  • некои можности на ВорлдПрес се ограничени, особено околу изгледот на темплејтот – веројатно се поаѓа повторно заради безбедност на платформата
  • блогмастерот ке мора да не подучи за многу финти од новава платформа – не се сите напредни корисници на ВорлдПрес     Повеќе ».....

Со среќа во новото дома – blog.mk, четките во раце

Новата платформа ке ни треба кратко време да ја совладаме. Како и да е блогерите од blog.com.mk – ке кречат во новата година.

Blog Archive

Site Meter