#НоваДебата
Постои ли веројатност во нашата понова историја да ни се случи по третпат аболиција на висок представник од политиката во РМ и тоа по вторпат за исто кривично дело прислушкување.
Аболицијата е правно регулирана со ЗАКОН ЗА ПОМИЛУВАЊЕ донесен во март 1993 година, а дополнет во јануари 2009 година со ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ. Главна разлика меѓу основниот закон и дополнувањето цо 2009-та дека Претседателот на државата неможе сам да донесе аболиција, туку предлог за аболиција дава Министерот за правда.
Терминот аболиција доаѓа од латинскиот збор abolere – уништува, и претставува ослободување од кривично гонење на лица за кои постои основано сомневање дека се сторители на кривични дела. Лицето кое е опфатено со аболирање нема да се гони, дури и доколку постои основано сомневање. Овој институт не е само наша „посебност“, туку се користи и во светски рамки. Еден од најпознатите примери на аболиција е со американскиот претседател Ричард Никсон, кој на 9 август 1974 година поднесе оставка поради мегааферата „Вотергејт“. Неговиот наследник Џералд Форд, по доаѓањето во Белата куќа, потпиша указ со кој го аболира Никсон за евентуални кривични дела направени во текот на афера.
Прв што ја употреби аболицијата како правен инструмент беше претседателот Борис Трајковски во случајот „Прислушување“. Непосредно по комплетирањето на обвинителниот предлог против поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, како и против началникот на Петтата управа на МВР, Александар Цветков, Трајковски во почетокот на април 2003 година реши да го спречи доаѓањето на овој случај во судска постапка. Предметот беше ставен ад акта во моментот кога кривичниот судија го проучуваше предметот и чекаше да дојде датумот за првото судско рочиште. Димовска и Цветков беа главните осомничени за мегааферата од јануари 2001 година, наречена „Големо уво“.
Во август 2008 година, истото го стори и тогашниот шеф на државата и поранешен лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, кој го стави својот параф под одлуката за аболиција на струмичкиот градоначалник и сегашен актуелен опозициски лидер на СДСМ, Зоран Заев. Аболицијата е искористена уште во текот на истражната постапка, додека струмичкиот градоначалник Зоран Заев и петмина негови соработници се' уште се наоѓаа во притвор поради инволвираноста во изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Со тоа е ставен крај и на овој случај без да се дознае дали ќе финишира со обвинение и евентуален судски процес. И во двата случаја, стануваше збор за високи партиски функционери, а мотивите беа политички. Во аргументацијата и на Трајковски и на Црвенковски беше споменато дека станува збор за монтирани судски процеси и изразија сомневање во капацитетите на судскиот систем.
Што ми е муабетот пренесен на сегашниот актуелен миг во РМ. Оној момент кога ке се исцрпат сите можности на сегашнаста власт во сегашната мегафера со прислушкувањето и власта (читај Груевски) ке биде/ат дотеран/и до тараби/плот/зид (дотерати цара до дувара) веројатноста дека ке се случи третото аболирање во РМ и тоа уште во предистражна постапка е голема и веројатна. Така ке се добие можност за свеж старт (нови избори) на МК демократија. Тука за ВМРО/ДПМНЕ има голем проблем во тоа што во Министерството за правда Министер е кадар на ДУИ Аднан Јашари имено Министерот за правда предлага аболиција до Претседателот на РМ. Да го реконструира Министерот за правда со свој човек ВМРО/ДПМНЕ неможе лесно да го стори бидејки сам нема 61 пратеник. Останува ова на маса да го договорат власта и опозицијата притиснати со надворешниот фктор. Сега на сите ни е јасно зошто моментално имаме Претседател на РМ каков што имаме - има слика нема тон и која е неговата главна задача ,,.
За кадрите на ВМРО/ДПМНЕ има и друг голем проблем, никој незнае во колку мегаафери поврзани со финасиски криминал ке настрадаат вториот и третиот ешалон на ВМРО/ДПМНЕ. Тука веројатно ке настрадат и братучедите и многу од сегашните министри, осем ако на зелената маса не се договорат и за ова.
Не верувам дека Заев по се` на што се излага сега ке прифати да братучедите и могуте министри не го осетат мирисот на Шутка како што тој веќе го осети.

- Доста Димовска беше помилувана од Претседателот Борис Трајковски во 2001 година во случајот прислушување додека траеше истражната постапка.
- АБОЛИЦИЈАТА НЕ Е ПРЕСЕДАН, ТУКУ Е ДВА ПАТИ ИСКОРИСТЕНА
- ЗАЕВ - Хронологија ... интернет линк досје ...
- ЗАКОН ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ
No comments:
Post a Comment