Кога по дома ке приметиме дека има насобрано големо ѓубре и труе наоколу, домаќинот се фаќа за метлата и ја прочистува/проветрува куќата. Никој не може да живее долго во неисчистено и засмрдено.
Кога во државата нешто многу е запрљано и труе од нечистотијата, редно е како домаќинот во својот дом граѓанинот да ја фати политичката метла и да зачисти од усмрдените политичари и мафијашките структури кои во содејство со власта направиле злосторничко здружување и ја затруле нашата животна средина во заедничката ни држава во сите правци. Така да за се` се покриени со закон, демек се е легално и легитимно ...
Прашањето е: кај кого ке биде метлата а кој ке биде исчистен. По дефниција во демократските опшетества метлата е кај граѓанинот но само кога се избори. Во периодот меѓу изборите имаме нели делегатски систем. Граѓанинот делегира пратеници во Парламентот а Парламентот бира извршни институции кои се задолжени да метат додека не дојдат следни избори. Судската власт е демек независна трета власт. А пак медиумите (четвртата власт во демократските општества) се тие кои не информираат како оди со чистењето/метењето.
Арно ама нели уште од турско (пусто турско) кадијате те тужи - кадија те суди, не успеавме да најдеме друга вистинска мерка за тоа кој ке мете во државата ни - па сега јавно ни се презентираат докази (кои нели се сумњиви бидејки се нелегално стекнати) како/кој суди кадијата или валијата.
Редовните избори се далеку за да граѓанинот измете, но бидејки во државата ужасно смрди тие веројатно бргу (релативно) ке се случат. Прашањето е кој ке ги организира изборите и кој ке ги брои гласовите ... тоа е главното прашање. Вистински Пуч со некои пуковници нема да се случи, немаме таков менталитет. Од најодговорно место ни беше соопштено дека војската си е во касарните.
Едните викаат ние имаме избрни легално и легитимно институции и на нив ке им ја препуштиме постапката и демек ке чекаме пресуда. Другите со своите докази/бомби не уверуваат кој е кадија а кој е валија во институциите и како тоа демек функционира кај нас во нашиот двор.
Се заговараат преодни решенија, технички или експертски влади, со специјални судови само за овој случај. Можно, имало во други држави а имаше во една прилика по 2001-ва и кај нас. Но сега ситуацијата кај главните политички играчи е толку изоштрена и дојдена до коска што во ова сценарио не верувам.
Заблуда е дека некој друг ке дојде да ни смете по нашиот дом. Во засмрден дом никој не влегува додека не се прочисти и проветрее... Не, тоа ние граѓаните самите мораме да го сториме.
Загрижен сум од можните сценарија за дестабилизација. Етничкото сценарио го видовме во 2001-авта но сега некако поверојатно ми мириса на Украинското сценарио на Мајдан ... Не се исклучува дури ни Румунското сценарио ... На оние кои ги прават ваквите сценариа (надворешните сценаристи - ние сме секако само статисти) битни им се две цели, едната е да дојде до промени а не им е важно колкав ке биде бројот на колатералните жртви. За нив одавна сме само мала територија (која секако ја посакуваат) а како луѓе воопшто не се заинтересирани за нас, најсреќни би биле кога што повеќе од нас би нестанале ... Ни еден изгубен живот на нашите граѓани не е вреден да се потроши на оваа наша банана држава. Тоа го видеа/го гледаат сите оние кои егзистенцијата си ја бараат некаде надвор. Свесни се дека и таму ке бидат експлоатирани но барем за платата која ке ја добиваат ке можат да преживеат. Тука со нашите плати/просечни примања сите сме само робови на банките, олигарсите (сеедно дали се домашни или странски) и технократите кои собираат трошки по метењето ...
Како ке биде кај нас, иако не сум баш вистински верник ке кажам само еден Господ знае.
Некако случајно се случува за прочистувањето да зборувам/пишувам на чист понеделник ...

No comments:
Post a Comment