Search This Blog

Friday, May 27, 2011

Предпоставката за изградбата на најавената нова Управна зграда на Водовод и Канализација Скопје врз можен археолошки локалитет ја презема Нова Македонија

Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје
Сл. 2  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.


 сл.4 Багерот го нема ... се приметува само дека има извршено мал ископ ... очито е дека поради некоја причина изградбата е стопирана ...

Три поста по ред пишувам за оваа предпоставка кои се темелат на моето долгогодишно следење на се` што е поврзано со скопското кале:
Свој пост предпоставка пиша и Археологот Василка Димитровска Се урнаа сите мои скопски археолошки сништа .


На овие предпоставки конечно со свое истражување и анализа Нова Македонија и новинарот Весна Дамчевска, пиша издржан текст со истражување и изјави на најрелевантните фактори за заштита на културното наследство. „Водовод“ гради врз межен археолошки локалитет.
  • По уривање на старите бараки на претпријатието „Водовод и канализација“ и ископувањето дупка за темелите, изградбата е запрена. Од „Водовод“ тврдат дека запирањето на постапката не е поврзано со евентуални археолошки наоди. Се закопува ли историјата пред воопшто да биде откопана, ако се има предвид веројатноста дека на оваа локација се наоѓа Долниот град на Калето.
  • Имаме уште една недела предвиден рок на жалби, а потоа ќе се потпише договор и ќе биде поставен камен-темелникот. Тоа е единствената причина за запирање на изградбата. Инаку имаме интензивна комуникација со Управата за заштита на културното наследство, која врши надзор при градежните работи. Ако се открие нешто, веднаш ќе се реагира. Првичните сознанија што ги имаме се дека таму нема археолошки остатоци - велат од ЈП „Водовод и канализација“. 
  • Управата за заштита на културното наследство, пак, дала согласност за копање и за изградба на објект на оваа локација, со препорака за надзор од стручно лице, а под претпоставка дека археолошки наоди се можни.
    Во нашата согласност стои дека локацијата е во близината на Скопското кале и дека се можни остатоци. Тие се должни при ископите на темелите да застанат штом ќе забележат нешто, ако има нешто вредно. Затоа при изведувањето на градежните активности на локации за кои не сме сигурни што кријат е неопходно присуство на стручно лице. Редовно се следи таа работа. Ако има остатоци, ќе треба прво да завршат археолошките зафати, кои, според законот, ќе ги финансира инвеститорот на објектот, бидејќи негов е интересот тука да гради - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. 
  • Мора да се копа со багер, со што друго? Ако има стручно лице, не може да се нанесе штета. Сме работеле со багери и на други локалитети, кога ќе се наиде на првиот културен камен, се вика стоп! Не ја отфрлам претпоставката тука да има артефакти, бидејќи Калето е многу блиску, можно е да има културни слоеви и затоа поставивме услови - вели Кузман.  
  • Просторот каде што ќе се издигне новата управна зграда на „Водовод“ се наоѓа во непосредна близина на Скопското кале. Археологот Драги Митревски, кој ги истражуваше бедемите на Калето, вели дека е можно, иако малку веројатно, тука да е локацијата на Долниот град.
  • Истражување на теренот со сонда не е извршено, туку е избрана другата солуција - присуство на стручно лице при градежните зафати, која според Митревски е исто така можна.  
Сево ова ја покажува се поголемата моќ на новите медиуми во услови кога меинстримот е зависен или од газдите или од Владата ни. Истражувачкото новинарство со чест на исклучоците е мислена именка ... Останува сево ова да го покрие и телевизијска куќа. Типувам на Алфа или А1, но може да изненади и Канл 5.

1 comment:

А said...

Се надевам дека ќе испитаат и дека доколку претпоставката се покаже како точна нема да градат.

А за во иднина ова покажува дека има потреба од надополнување на законот за градење.

Blog Archive

Site Meter