Search This Blog

Friday, May 20, 2011

Исар Марвинци ... Isar Marvinci

сл.1  Оригинал на “античка греда“ - на кој е впишано името Македонија ... таму каде ја има Македонија има и Македонци ...

 
сл.2  Античка или римска греда сеедно, реплика од горната греда поставена на влезот на Владата на РМ ... на неа е еден од ретките артефакти каде е напишано дека сме на територија на Македонија. Таму каде е Македонија има и Македонци ...
Сите наоди артефакти се важни - затоа што се несоборлив доказ за постоењето на минатите цивилизации (од кои е составен нашиот национален идентитет) - нашите предци од кои ние го црпиме својот национален идентитет и култура.

Не е случајно што централен артефакт (античка греда, некои тврдат сепак од римски период ...) во форма на апликација стои на влезот од Владата на РМ.
Исар Марвинци е едно чаробно место на Македонската мапа. Еден од познатите археолошки локалитети кој одавна сакав да го посетам. Мојата прва фото посета на Исар Марвинци беше прекрасно доживување. Толку многу пред тоа имав читано за Исар Марвници, често и пишувано. Времето на првата посета се вклопи со најмагичното фото време, периодот на зајдисонце - време кога на фотографиите има магија ... особено во еден ваков мајски ден кога исарските ливади мирисаат на многуте чаеви кои тука растат ...
сл.3 Многуте околни брда на Исар Марвинци од кои повеќето се покриени со некрополи од предисторијата до денеска. Гробните прилози ги красат МК музеи и се изложувани во многу изложби каде е представувана Македонската бронза ...

Околината на Исарот е полна со мртви души од предисторијата до денешните денови - тие како сеуште да шетаат по околните брда. Гледајки ги брдата размислував зошто луѓето сакаат да бидат погребани на вакви височинки каде на сите страни се простира прекрасен поглед ... немам објаснување - веројатно е некоја магија ... На исарот моментално царуваат бројните археолошки екипи кои во неколкуте минати години решија да остават што помалку неистражени некрополи - со што веројатно ке се стави крај на дивото копање кое е традиција во овој крај ...

По обичај најпрвина да напишам краток вовед што представува Исар Марвинци. Исар Марвинци се наоѓа во непосредна близина на Валандовското селото Марвинци (село кое веројатно незаслужено стана познато по дивите копачи, на Македонската бронза од бројните некрополи распоредени на неколку брда ...), седум километри југозападно од Валандово.
сл.4  Оние кои сакаат да направат виртуелна тура со помош на Гоогле Мапс нека кликната на следниот тука.

Од сето досега прочитано за овој локалитет испаѓа дека и овој алхеолошки локалитет живее од предисторијата до денеска, како впрочем и целата територија на Македонија - не е случајно што имаме преку педесетина иљади археолошки наоѓалишта. Не е случајно што каде и да копнеш во земјата ке најдеш артефаткт од некое изминато време. Во одредени историски периоди тука биле формирани градови ... Некои работи се измешани но сепак довлолно добро ги одсликуваат периодите поради бројноста на артефактите.

Археологот Златко Видевски кој овој локалитет го истражува континуирано од 1997 година го дели овој огромен простор, воедно трезор на Македонската култура, историја и идентитет на неколку засебни целини:
  • Акропола (IV-V век пр. н.е.)
  • Римски град (I-III век пр. н.е.)
  • Каструм - утврдување (III-IV век пр. н.е.)
  • Некрополи со наоди од сите периоди.
Првите откритија на овој археолошки локалитет се правени случајно во периодот на првата световна војна. ЈУ археологија истражувала тука од 1950-1953 ... Во 1984 година е откриен патоказ на кој јасно пишувало Dober i Idomena (Добер - Идомена). Поради овој наод основено се сомнева дека веројатно тука се делови од овие градови или барем еден од нив.

Важен е секој наод на кој имам напис како и малку познатата Епиграфска плоча. Голем фрагмент од епиграфска плоча датирана од втората половина на 2 век, пронајдена во градот на Исарот во селото Марвинци кај Валандово, во 2004 година, за прв пат ќе биде објавена во првиот број на списанието „Фолиа археологика Балканика“, посветено на археологот во пензија проф. д-р Вера Битракова -Грозданова.

„Епиграфскиот споменик е од добар мермер и претставуваше една од покривните плочи на каналот. Содржи два сочувани натписа, со две различни содржини. На едната страна е почесениот декрет упатен од полисот( градот) до добродетелот М. Аурелиј, демократ, познат и активен во повеќе наврати како подржувач и организатор на финансирањето на активности за изградбата на каналот за вода. Ова стои и напишано на предната страна, датирана 161 -180 н.ера за време на владеењето на царот Марк Аурелиј. ...
На втората, оштетена од абразија страна на споменикот е впишан текст во новото, империјално писмо кој го опишува тамошното благородништвото. Текстот датира од 228 година од августовската, односно 196 -197 година, од н. ера, за време на владеењето на царевите Септимие, Север и Каракала. ...

По ходниците на Владата ни која е претворена во вистински музеј со вредни оригинални артефакти стои и шлемот од Античкиот војник пронајден во една од многуте гробници ...

Постојат бројни златни артефакти од многуте гробни прилози ...

Музеите во Македонија се преполни со прекрасни артефатки од Македонска бронза - период кој и во археолошката наука се нарекува со името Македонска бронза. Вредноста на овие бронзени артефакти им е позната и на дивите копачи. Да подсетам дека една голема тура на македонска бронза беше вратена од границата на Словенија пред да замине во приватните светски збирки.

Македонија се гордее со овие вредни артефакти кои се примамливи за сите светски музеи. Не постои поголем град во ЕУ кој не се воодушеви од изложбата на дел од Македонската бронза ...

По моите блогови досега неколкупати објавував написи и фото прилози поврзани со Исар Марвинци, Еве неколку поважни:
Она што вистински ме збуни при оваа посета е дека за да дојдеш до локалитетот ти треба водич - иако локалитетот е речиси залепен со автопатот кој води према Грција, но пристап до него нема ... се оди дваесетина километри по други патишта за да се стигне до овој важен археилошки локалитет ...

За овој локалитет посетете ги и овие страници на ФБ.


Исар-Марвинци открива големи богатства

Истражувањата што се одвиваа на Лисичин Дол, некрополата од железно време и на југозападната некропола од македонско-хеленистичкиот период покажаа дека луѓето на Исар живееле од 10 век пред новата ера до крајот на 5 век. Досега почетоците на локалитетот беа лоцирани во 8 век пр.н.е. Археолозите се' уште не можат да утврдат дали кај Марвинци бил античкиот град Добер или Идоменае, но едногласно велат дека тоа бил најмоќниот јужен град во античка Македонија, во кој богати, ситуирани граѓани уживале во високоцивилизираното општество.

Локалитетот денес познат како Исар-Марвинци се ископува со години. Годинашните ископувања се уникатни бидејќи почнаа со единствена цел - да се истражат сите гробови и да не се остави ниту педа земја за дивите копачи. Археолозите се на добар пат да ја остварат идејата. За два и пол месеца истражија 400 гроба. Во „нормални“ услови, со ограничен буџет, оваа квота би ја исполниле за пет години.Истражувањата годинава ги финансираше Владата со 5 милиони денари. Акцијата ја координираше Управата за заштита на културното наследство, а ја спроведе Музејот на Македонија. Раководител на истражувањата е археологот Златко Видески, кој на локалитетот работи од 1997 година. Тој беше дел од екипата што на Лисичин Дол го пронајде гробот на „пајонската свештеничка“.

Наоѓаме монети од македонските кралеви Филип Петти и Персеј до времето кога Македонија паднала под римска власт, во 2 век пред новата ера. Луѓето што живееле на Исар-Марвинци користеле монети што биле ковани на овие простори ...

Градот на Марвинци почнал да се формира уште во железното време, живеел со полн здив во македонско-хеленистичкиот период, а бил срамнет со земја во римско време, кога Готите го опустошиле целиот регион. Богатите некрополи се цел на дивите копачи веќе две децении - Република Македонија има увид колку гробови и гробници се уништени, но нема увид колку материјал е изнесено од земјава.

... локалитетот Исар Марвинци бил најмоќниот јужен град во времето на Пајонија, со континуитет на живеење од десетина века.Таму беше пронајден и шлемот на воен достоинственик од војската на Александар Македонски.
сл.5  Исар Марвинци ...
сл.6  Античка или римска греда сеедно ... на неа е еден од ретките артефакти каде е напишано дека сме на територија на Македонија. Таму каде е Македонија има и Македонци/ки ... тие се чувари на Македонското име и идентитет ...

Повеќе фотографии од мојата посета на Исар Марвинци погледајте на мојот фото албум за Исар Марвинци поставен на ФБ.

2 comments:

Anonymous said...

Пишува ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ, а каде што има грчки букви има и Грци. Та нели Античките Најмакедонци пишувале на она смешното писмо што двајцата електроинженери од ФЕИТ го дешифрираа, додека цел останат свет не можеше. Те молам другару, немој на стари години да забегуваш!

voska said...

Anonymous Слободно ООДИ И УТЕПАЈ СЕ...

Патем СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА БЛОГОВ...

Blog Archive

Site Meter