Search This Blog

Monday, May 23, 2011

Изградбата на најавената нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје се чини е стопирана ...

сл.1  Бараките на старата управа на ЈП Водовод и канализација се срушени, просторот е ограден - но што тука се гради не се знае ... нема соодветно пано во кое ке ни се сопшти што се гради, кој е инвеститор, бројот на одобрението за градба, кој е изведувач на работите, кој е надзор над изведувањето, кога е почеток на градба ...

сл.2 Фали вакво соопштение што се гради ...
Имаме веројатно незаконита ситуација. Заградена е јавна површина во која очито нешто се предвидува да се гради но нема соопштение што се гради и дали за тоа има соодветна дозвола за градба ...  Постапката околу оваа локација ја следи во детали сајтот и форумот на www.build.mk. Отаму дознаваме дека тука на оваа локација ке се гради нова управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје.
сл. 3  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.
При мојата прва фото посета на оваа локација на 26.Март.2011-та година, рушењето на бараките беше при крај. Тогаш добив информација дека е избршено и геомеханичко истражување на теренот.
сл.4. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ... 
Знаеејки од порано за горната гравура од холандски патеписец каде е представено калето и подкалето - го пишав мојот прв пост Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!

При мојата втора фото посета на овој локалитет (април 04, 2011)  затекнав багер кој во срушените бараки наголемо копаше.  Тогаш пишав втор алармантен пост Багер среде веројатен алрхеолошки локалитет ...
 сл.6 Фоткана вчера - багерот го нема ... се приметува само дека има извршено мал ископ ... очито е дека поради некоја причина изградбата е стопирана ...
сл.7  Еве го ископот кој го направил багерот од сликата број пет ... и оваа фотка е фоткана вчера. По слободна проценка големината на ископот од багерот е десет на пет метри со длабочина од метар ипол ... 

Што икопа багерот и зошто престанал со ископот е прашање со кое треба да се позабави озбилно новинарско истражување. По мене со самата причина што имаме заградена јавна површина на која очито нешто ке се гради а немање на соопштение што се гради е сериознен прекршок на законот за градба ... Би сакал да верувам дека градбата е стопирана поради моите укажувања дека на оваа локација имаме сериозна причина да веруваме дека се наоѓа долниот град на градот Кале. (види слика 4 од постов ...).
Сепак не ке да е така. Вечер во својот напис од среда, 18 мај 2011  ::  Бр. 14693 - ни соопштува дека Камен-темелникот е затрупан во администрација ... тие се секираат зошто нема фрлање на првата лопата во предизборието ... Помина еден месец откако бараките на јавното претпријатие "Водовод и канализација" се урнати, локацијата е расчистена, а градилиштето затворено, но се уште нема ни глас за започнување на изградбата на новата зграда. Причината за тоа, велат одговорните од јавното претпријатие, е незавршената административна процедура.
- Постапката за избор на најповолна понуда за изградба на нова управна зграда се уште не е завршена целосно. Треба да се спроведе електронска аукција преку електронски систем за јавни набавки за избор на фирма и ќе се чека одлуката да стане правосилна. Дури потоа ќе биде склучен договорот со фирмата-изведувач која ќе ја гради новата управна зграда. Тогаш ќе ја знаеме и конечната сума, колку ќе чини проектот, информираат од јавното претпријатие. Новата зграда ќе се гради на местото на постојните бараки на претпријатието на површина од 5.000 квадрати во основа, а освен тоа дека ќе биде на пет ката и ќе заврши со купола, надлежните од Водовод не откриваат други детали. Иако идејното решение беше избрано на јавен оглас, тие сепак велат дека за сите детали поврзани со изградбата новата управна зграда ќе свикаат посебна прес-конференција
Останува стручната археолошка јавност да се произнесе за локацијат и можното уништување на уште еден важен археолошки локалитет со градење на новата зграда на ЈП  Водовод и канализација. Имено јасно е дека ова е можна археолошка локација. Управата за заштита културно наследство мора да направи сондажно испитување дали во местово има археолошки наоди ... во спротивно се крши Законот за заштита на културното наследство а ние уште еднаш сами си го уриваме/уништуваме нашето културно наследство ...

сл. 8  Остатоци од амамот на ќошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ...
И горната слика укажува дека тука веројатно има и други сериозни објекти кои се дел од долниот град т.е. подкале. Не е случајно што во народот оваа локација е позната како “Подкале“ - за тоа зборува и познатиот ресторант “Подкале“ ...
сл.9  Фоткава укажува дрѕга ситуација - во неоградениот дел каде некогаш имаше бараки на ЈП Водовод и канализација има неостранет шут кој го наружнува изгледот на централното градско подрачје. Локацијава е сто педесет метри од Владата на РМ и двеста метри од Америчката амбасада... Да подсетиме дека ако ова го направеше некој граѓанин по законот за јавна чистота ке беше драконски казнет ... Овдека Кадијата си простува сам на себе - нема казна за никого т.е. за оној кој ја има надлежнсота да го расчисти овој шут во строгиот центар на Скопје ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter