Search This Blog

Sunday, May 15, 2011

ДОЈРАН ... Дојранско Езеро

сл. 1 Дојрана и рибарската наколна куќичка

Вчера по подолго време бев во Дојран и Дојранско езеро - во потрага на нова фото строрија во едно од најпримамливите туристички дестинации во Македонија. За примамливата туристичка десинација пишував уште во 2006-та година, но никако до вчера да ја посетам за да ја представам со моја фото приказна ...

Имав проблем да се одлучам која ке биде првата фотка од овој албум. Се одлучив за оваа каде се гледа споменикот на Дорјана, убавата мома од Дојран за која се врзува легендата за убавата Дојрана ... во позадина на Дојрана е апликација на рибарската куќичка, која е карактеристика на прастариот начин на ловење на риба во Дојран со помош на кормораните ... секако и на прастарите дојранчани кои живееле во наколни населби во Дојран ...

Историската приказна за Дојран и Дојрана најдобро ке ја прочитате на сајтот на Градот Дорјан кој е добро надополнуван

Легендите за Дојрана, момата по која градот и езерото го носат името: преземено од тука

Прва легенда:

Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден неделничен ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабина тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот "Лабин и Дојрана". Овој балет за прв пат е изведен во сезоната 1957/58 година.

Втора легенда:

Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот. Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами. Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и, и било страв да си оди оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела цела ноќ па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејки Полјанци дознале дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име Дојран.

Секој кој сака да посети одредено примамливо, туристичко место до денешно време може предходно а и одпосле да го спознае преку интернет сајтовите и многуте фотографии на луѓе кои несебично ги споделуваат со другите ... интернетот се повеќе станува место кое е незаменливо за вакви потреби ...

Оние кои сакаат да направат визуелна тура со помош на Гоогле Мапс нека почнат од овој линк

Оние кои ги сакаат мапите нека се прошетаат низ мапата која е понудена на сајтот на општината:

Во мојтата прошетка по Дојран низ фотографиите ке ве пренесам на неколкуте историски и култни места од Дојран (кои во оваа прошетка успеа да ги забележи окото на мојот фотоапарат ...) а и на куќите на дојранчани и некои други места ... Топло го препорачувам Дојран на сите љубители на туристичкиот разглед на Македонија. За да се спознаеме себеси и нашиот идентитет (по кој трагааме сите но некои на погрешен начин ...) мора да ја запознаеме државата ни ... 

Оние кои пак сакаат во летните месеци на да посетат Дојран треба да прочитаат за лековитоста на алгите од Дојран и воздужната бања која се нуди на Дојранскиот брег под дебелите сенки на дојранските прастари платони кои со своите огромни крошни мамат да поседиш под нив и да се предадеш на благото поветарче ...
 
сл.2  Идилична и примамлива слика од Дојранско езеро ... Фоткана на 14.Мај.2011-та год. ...
сл. 3  Примамлива слика од Дојранско езеро - Мај е најубавиот месец за прошетки, зелената боја го надополнува плаветнилото на небото и водата, мирисот на воздухот е свеж а сонцето милува ... Фоткана на 14.Мај.2011-та год. ...

Останатите фотографии од оваа мајска фото прошетка низ  Дојран погледајте ги во мојот албум на Фејзбук посветен на ДОЈРАН ... Дојранско Езеро, каде просторот дозволува да се постават многу фотографии ... ќе бидат подигани постепено во деновите кои следат ... оние кои немаат профил на ФБ веројатно не ке можат да ги видат тие фотографии ...

1 comment:

Photo Volan said...

Во Дојран досега имам одено само неколку пати.

Пред триесетина години првпат бев во Дојран на работна посета, кога го запознав Железни - човекот кој чинам дека беше дојден од Чехословачка ... во Дојран воведе нови стандарди на животот во овие краишта ... ги обожуваше и ги форсираше калинките ... негова заложба беа малите езерца Калиманци и Паљурци - кои требаа да бидат извор за родните ниви од околината кои со помош на сонцето кое тука го има на претек би направиле рај на земјата ...

Излажав, првпат бев во Доран пред четириесетина години на еден второмајски излет, со другари од Скопје. Поминавме убав второмајски излет дури и се искапевме иако не носевме купаќи ...

Третпат бев во Дојран на еден прекрасен продожен викенд во Пелагоснкото (каде тогаш работев) одмаралишете кое беше прекрасно средено од бунголовски тип ... повторно во некои мајски денови како и сега ... сеуште ми се во сеќавање зеленилото од преубавата и негувана трева и магнолиите од дворот ...

Четврт пат бев сам со мојата кола кога одев во трговија за мојата тогашна приватна фирма ... Значи ова беше мое пето видување со Дојран ...

Blog Archive

Site Meter