Search This Blog

Saturday, September 30, 2006

ДОЛГА МАГАРИЦА


.mpg 1,41 MB

“Долга магарица“ е игра за малку поголеми деца кои имаат појаки кичми и не е препорачлива за женски и помали деца.

Долга магарица се игра кога групата деца се дели на две групи.

Едната група на деца се реди со наведнати глави меѓу нозе на тој пред нив. На почетокот на оние што лежат стои исправено едно дете, потпрено на зид или дрво - тоа може да биде и женско (овој играч се нарекува и “перница“ и поради мекоста на перницата затоа и се става женско) - тоа стои со подраширени нозе - првиот што лежи се наведнува - ја пика главата меѓу нозе на тој пред него - го фаќа за струк и ги подраширува нозете за да се нареди групата - во стил како први така други ....

Другата група скока врз полегнатите и ке победи ако успее некој од полегнатите да подклекне - да не го издржи товарот од децата што рипаат ...

Ако издржат оние полегнатите се менуваат улогите ... Ако не издржат за казна повторно лежат истата група на деца што подклекнале ...

Женските деца - пријателчиња на групите машки деца стојат по страна навиваат и се кикотат ...

Сигурно сте играле "долга магарица".
Ова финта сме ја правеле и ние, но за жал никогаш не сме ја снимиле :(

Благодарение на мобилниот на Горан и USB кабелот на Стефан:
.wmv (360 KB)

** ...ова е омилена игра во горните класови на осмолетката и во долните класови од средно ... :)

** е да извесен/а - еМуле - (во коментарите) ме потсети дека ако издржат оние кои лежат “капитенот на децата што скокаат - подига во воздух прсти од една рака (од еден до пет...) - и со извикот “чаталигу, паталигу, утнам, бутнам - колку се ?...“

“Капитенот“ - на децата што лежат - мора да погоди колку прсти има покажани во воздух - Обично судија е оноа дете или девејче кое стои прво во редот ...

И заборавив да кажам или сега се присетив на правилото дека оние што скокаат мора да издржат на грбот на децата - што клечат - ако некое дете падне - сите горат и во новата тура тие лежат ...

** . . .сум го гледал клипов. . . добар е. . . па да сите сме ја играле како мали. . . Smiling - patriota2

Friday, September 29, 2006

БРКАНИЦА - ШУГА

И ова е една од најстарите, омилени и најраспространите игри кај малите деца. И за оваа игра е добро тоа што не треба ништо да се поседува... Само добра воља и неколку другарчиња излезени на улица, пред зграда или на било кое место ... може и школските ходници .... :)

Правила. Па правилата се прости едно дете ги брка другите деца и кога ке го допре - “шугата“ поминува кај него - па тој сега е тој што брка ... и така до бескрај ... Обично играта полнува изненада - спонтано - кога некое дете ке допре друго и со извикот “Шугата е во тебе“ .... почнува да бега да не се врати шугата кај него ...

Се троши енергија и се расте одлично со оваа игра ... Играта се игра често и по школските ходници во пониските оделенија па и во повисоките ... каде веќе почнуваат и првите “симпатии и закачања“ меѓу машките и женските деца ... :) првите “заљубувања до уши“ ...

Играта ја играат и родителите со своите мали деца - па богами и дедовците ... за бабите баш и не сум сигурен ... :)

Има ли дете што не ја има играно играва и растено со неа ?

Thursday, September 28, 2006

ИГРАЊЕ - ДО КОГА ?

Кога децата треба да престанат да се играат - а кога треба да почнат да стопанисуваат ...

Навистина тоа е прашање што секој родител си го поставува за своите деца ...

Некои родители рано ги учат своите деца дека треба да си го заработат лебот - поготово тоа важи за земјоделските семејства и посиромашните семејства воопшто ... и за поголемиот број на Албански семејства, како и Ромските семејства ...

Другата крајност е детето да наполни триесет години и уште да нема ни час работа ... дури ни ѓубре да не фрли од дома ... ни тањир да замие ...само спиење со зборовите на мама или тате сеедно ... остај го мал е, има време кога ке работи ... така родителите стануваат робови на своите деца ... а децата се “инвалиди“ ... неспремни за реалниот живот - кој воопшто не е розева градина ... туку секојдневна борба за опстанок ...

Добро има закон кој забранува да се ангажираат децата на работни места - против експлоатацијата на детскиот труд .... ова се закони одамна донесени и треба да важат ... но и работната навика се учи и по мене децата по можност уште од рано е добро да научат “како се раѓа лебот“ (израз на мој добар пријател од Кавадарци).

Се ствараат дебили од деца - кои мислад дека лебот се раѓа и прави во продавницата каде се купува ... а јаболката и патлиџаните растат во домашниот фрижидер ... :)

Инспирација од последните постови за Детските игри и написот на Дневник “Деца аргатуваат за 100 денари

ЖМУРКА

Има ли дете на светот што не играло некојпат Жмурка .... Мислам дека нема .... Мислам дека е ова најраспространета игра на сите меридијани ... иако немам проверено дали се игра на сите меридијани ? ...

Играта се игра на тој начин - што едно дете по избор - со друга игра “сана бана“ или “ени мени сени“ - се избира да жмури ... (се мавта со рачињата - со покажување на лице или наличје на дланката - вртење - и во еден момент се застанува - и оние кои имаат повеќе да речеме дланки со лице не жмурат .... нешто слично како италијанската игра со прсти - прикажана во песната на Северина “Моја штикла“)

Детето што жмури - застанува до некој зид - или дрво и со покриени очи брои до десет и вели “пу пред мене, пу зад мене - гори пу - барам..“

Оние други деца се разбегуваат по околните ќошеви и скришни места - и чекаат прилика да оној кој жмури се одалечи од местото каде броел и со трчење пред него да стигне до местото и плукне на тоа место - со што се спасил да не жмури ...

Ова “пу пред мене, пу зад мене“ е за сите оние што се непосредно пред или позади (не се сокриле на време) она дете што жмури ... тие ведаш се елиминираат ...

Сега детето што жмури ги бара со поглед оние што се кријат - и кога ке види некое дотрчува до местото каде што “жмурел-броел“ и заедно со извикот на името на тој што е откриен плука ... со тоа тоа дете е вон од игра .... изгорен е ...

Но ако потоа некое дете дотрча порано пред детево што жмури и плукне на зидот ... сите претходно “изгорени“ деца “плукнати“ ... се спасени ...

Кругот на играта се игра се додека не искочи на виделина и последното дете ... кое или ке ги “спаси“ сите пред него кои се плукнати или тоа ке жмури :)

Симпатична игра во која се развива мисловниот процес каде да го најдеш другарчето (мислиш каде ти најпрво би се скрил и таму бараш) или (мислиш каде би се сокрил а да не те пронајдат... )... Понатака се развива моториката и се набива и троши енергија со трчањето (што е многу неопходно за правилниот и брзиот развој на децата)... а и адреналинот работи - за да не те отријат ... за да те спасат ... Иако е проста играта полна е со возбуда за децата .... Башка што не е потребно ништо осем имагинацијата на децата - која со играта се развива ...

Има веројатно и други варијанти на жмурка ... жмурка на топка ... но јас не сум ја играл и не ги знам правилата ....

Кој знае друга варијанта на играта и други правила нека каже во коментар ....

КАМАЈ

Ова е една од најчестите игри на повеќе генерации на деца ...

Играта ја играв и јас како дете од пред педесетина години а се игра и сега и сеуште на сличен начин. Можеби затоа што за ова не се потребни некакви реквизи ... Потребно е да имаш само желба и уперно шрсте, према друго дете ... Играта ја играат претежно машки деца но и девојчињата често се приклучуваат ...

Ке се поделевме на “две банди“ - “наши“ и “нивни“ ..

Играта се состоеше во тоа откако ке се поделат децата на две групи ке се распрскаат на две страни и ке почне меѓусебното “упуцавање“ со извикот “Камај-Камај“ према некое дете кое ке ти искочи на видно поле - со обавезно ословување на неговото име ... Детето кое е упуцано веднаш покосено паѓа и е вон од игра ... Победуваа онаа група на деца или дете кое последно ке извика Камај ...

Кога ке заврши еден круг на играта играта може да почне од почеток со повторно разбегување на децата ... Децата често се обележуваа со домашни маски како Каобојци - Индијанци - Партизани - Или некој најнов јунак од актуелните филмови ...

** Оваа игра продолжува и понатаму во животот , само што впереното прсте сега се заменува со нешто друго. - Ronin

**Ние се делевме на „Америка“ и „Русија“. Јас секогаш бев со Американците. Не знам зошто. Провидение Smiling - кибицер

** ,.Ние ја игравме у подрум со два излаза,.(односно влезови,.а меѓу себе споени со канал,..И идеше вака,.двете групи застануваат пред секој од влезовите и викаме “ООООООООоооДи“,. и влагаме внатре ,. и внатре ,.камај-камај се пуцаме,. а ако фатиш некој со рака се вика “Жив (името)“ супер игра ,. - tctctc

Wednesday, September 27, 2006

ДЕТСКИ ИГРИ

Бидејки сакам на едно место да ги евидентирам сите Детски игри кои се играат без помош на современи алатки - компјутери - конзоли и слично .... во овој пост неоптеретено од други дискусии ке ги евидентирам сите Детски игри на кои ке се присетам јас или некој друг Блогер или се опишани било каде на Интернет не само во Македонија туку и во соседните земји на Македонија...

Може и пошироко ако се вклучат наши луѓе кои го разбираат нашиот јазик а се во Австралија - Канада - САД - ЕУ - или било која подалечна или поблиска а тука неспомната земја ...

Мојата поделба на игрите е игра за “Машки деца“ за “Жински деца“ и “Мешовити игри“. Секако ова поделба не е стриктна. Многу Машкаданки играа игри за машки деца и обратно - поделбата сватите ја само условно ...

Но чачкајки по интернет гледам дека игрите посериозно се делат на “Игри со броење“ , “Игри со бркање“ , “Игри со криење“ , “Игри со топка“ и слични поделби ...

Постот ке пробам да го направам во форма на некаков мини сајт (линковски меѓу себе врзани постови) - каде во првиот уводниот пост ке ги набројувам само игрите - а описот на игрите ке води со линк на друг пост ... Ова сватете го како мој експеримент дали Блогот може да биде мини сајт ?

Најпрвин ке ги преземам сите игри кои до сега се наведени во предходниот пост:
** “Камај“ - волан - Ronin - кибицер - tctctc -
** “Мачевање“ - волан - dEa
** “Пиштоли - Пушки и тешка артилерија ...“
** “Лак и стрела
** “Чател
** П
раќка


- Фанта
- Покер
- Возене тротинет
- Вртимушка - волан
- Возење на тркало со помош на жица
- Спузгање
- Санкање
- Брканица - шуга - волан - Natka - кибицер
- Криенка миженка (кодеднако популарна и кај машките и кај женските деца ....
- Плочка - купчиња - вообичаено од семки од кајсии ...
- Џамлии - волан - RIBARO - кибицер - katika - sckopjanec - Natka - patriota2 - Бунка - sting EYE - dupchek -
- Сличуги
- Џилит ... и уште многу други
- Фудбал ...
- Дама - Шах ..

- Јаже
- Ластик
- Учителки и докторки
- Фота
- Прва кралица еден два три ..
- Прекинување на низа ...
- Школка - katika -
- Народна - oksimoron - волан -
- Лулашки
- Вртелешки

Додадени игри од колегите блогери:

- „Горенка“(или се викаше играва и „во средина“) - oksimoron -
- „Топката на место“ - oksimoron - волан -
- „Бишка“ - oksimoron
- “Долга магарица“ - волан - Arwena - patriota2 - еМуле - katika - Бунка - anaveno -
- “Бззззззз... “ - волан - кибицер - nesonija - Natka - Тука -
- „Комити и џандари“ - domenica
- “Граница“ - name
- “Вшеташ на комшијата у двор и да се послужиш од црешата..“ - Ajaaax
- “Жмурка“ - Ajaaax - katika - волан - Тефтерот - Вклучи_се - solza - all_is_half - мики -
- “Фризби“ - волан
- “Одбојка во вода или на плажа“ - волан
- “Скокање во вода - како први така други“ - волан
- “Борење на трева“ - волан
- “Фудбал“ на мали и големи голчиња“ - волан
- “Кошарка“ - на самоделски кошеви - волан
- “Влечење јаже“ - волан
- “Кибрит на крај на маса и удирање со палец“ - волан
- “Растурени стапчиња или шкорчиња“ - волан
- “Редење на шкорчиња - со неколку потези“ - волан
- “Пет камчиња - одат во кучичка “ - волан
- “Не лути се човече“ - волан
- “Бесилка“ - волан
- “Слагалици - пазли“ - волан
- “Коцки - лего - дрвени...пластични“ - волан
- “Камиончиња“ - волан
- “Собирање сликички“ - или било што друго и менување ... - волан
- “Собирање на салфетки“ - волан
- “Јамб“ - волан
- “Твистер“ - волан
- “Продолжи расказ“ - волан
- “На буква, на буква..“ - волан
- “Монополи“ - волан
- “Багминтон“ - волан
- “Пинг Понг на маса дома со тетратка :) - волан
- “БРЗО ФОТО“ - Бунка
- “Викторија“ - волан

- “Безгрижно лежење на тревата и бесконечно зјаење во ѕвезденото небо, замислувајќи си ја бесконечнота на безгрижноста..“ - Ajaaax
- “Сакате ли војна“ - Arwena - katika -
- “Подморница“ - Arwena
- “Брза географија“ - Jakov - волан -
- “Правење претстави по дома, кајшто обавезно има водител, глумци,пејачи...“- katika
- “Викање духови“ - katika

- “..Паметам дека често се качував на едно Јаболко во дворот (порано кајшто живеев), и гаѓав луѓе по глава од горе..“ - kajce
- “Плукав од балконот“ - Mistique
- “Размена на сликички“ - Darenet23
- “Мор и Џамлии“ - Darenet23
- “Жмурка на топка“ - Darenet23 - lijepa nasha -
- “Грабни стапче“ - Darenet23
- “Јанино Јанино“ - Nesho
- “..Јади котек од стари..“ - Loso_Detence
- “Крадење јаготки од комшијата“ - HARPSHOOTER
- “ Кибрит със 40- 50 клечки“ - glarus
- “Делфин“ - Bettyna
- “Змеј“ - Bettyna
- “Расипан телефон“ - Bettyna
- “Мижи баба“ - Bettyna
- “Жмурка обична и Жмурка на план“ - Bettyna
- “Праење манџи со листови и треви“ - Bettyna
- “Барбиките и со куклите бебиња“ - Bettyna
- во Кавадарци игравме "Бишка" - Bettyna
-Џамија“ - apostol - Arwena - RIBARO - кибицер - all_is_quarter -
- “Сервис“ - apostol
- “Штркот има капа по боја...“ - нарцисче
- “Школка“ - нарцисче
- “...сум тепал луѓе со сливи магарешки големи...“ - Loso_Detence
- “..Голф и поло...“ - Стаписан
- “Доктори со жилет на мачка ке и го распоревме стомакот и ја пуштавме да си оди ..............ама никогаш не идеа далеку......“ - олош
- “Пиши бриши“ - фичо

Горниве игри се преземени од форум забава “Игри од детството

- “Солено“ - Dilema
- “барбики“ - malecka
- “Коцки“ - malecka
- “Не љути се човече“ - malecka
- “Мајка и дете“ - malecka
- “Цртам и бојам“ - malecka
- “Местење-редеше пузли“ - malecka

Еве и тука ке ги замолам сите кои ке го прочитаат овој пост во коментарите да додадат некоја омилена игра од своето детство - или случка која е поврзана со некоја од игрите од своето детство ... Секако може и свој пост да си пишат - но молам за линк од постот ...

Ако видите во постов дека има игра која е “пожолтена“ - кликните на името на играта и линкот ке ве одведе на посебен пост за играта - кликајте, играјте и уживајте .... :)

Се надевам дека со тек на време ке има посебен пост за сите игри .... со ваша помош.

Оние кои се срамат да ги пишат своите доживувања во коментар или свој пост - нека ми пишат меил volanskopje@gmail.com

Специјален повик важи до девојчињата некогашни и сегашни - да пишат како се играат типично женските игри ... Сепак како машко - помалку сум ги следел нивните “женски“ детски игри ....

Monday, September 25, 2006

ИГРАЊЕ И УБИВАЊЕ

Се работи за сегашните компјутерски игри - кои за децата се само игри а за возрасните повеќемилионски бизнис - кој произлегува од потребата децата некаде да ја истурат својата “потреба од агресија“ ....

Луѓето, родителите се прашуваат меѓу себе - а прашуват и стручни лица (педагози, пихолози, социолози...) дали треба да се забрани играње на компјутерски игри - во кои се “учи да се убива“ и потоа како награда ти се даваат виртуелни пари - со кои ти се дозволува да купуваш поново и посовремено оружје ....

Пред да го кажам моето мисење за “компјутерското - виртуелно убивање“, еве ке пробам да се присетам на моето детство, со кои игри се игравме како мали пред 45 - педесет години ...

Имаше машки и женски игри а и игри за сите деца ... Некои од игрите ги играа и девојчињата “мушкаданки“ - мислам на игрите за машки деца ... И обратно ...

Сега игрите се се помалку групни - се повеќе самостални и виртуелни и се губи социјализирањето низ игра ...

*** “Машки игри“ беа - “Камај“ - тоа е игра во која се делите на две групи на брзина - и играта се состои во бркање на другата банда (која се крие или пак та брка а ти бегаш...) и кога ке го видиш - го упуцаваш со “упереното прсте..“ . Убиениот веднаш паѓа и тој е вон игра ... Играта завршува тогаш кога ке бидат убиени сите членови од спротивната банда ...
(Оваа игра е многу блиска до сегашните виртуелни игри - со компјутерите).

Напоменувам дека во тоа време немаше по домовите телевизори. А киното беше само за возрасни.
-Кого емитираа децата? ...
-Од каде им беа сознанијата дека “возрасните се убиваат...“ - кога ке се договорат дека се во “војна“ ...?

*** “Мачевање“ ... Вообичаено ке откастревме по некое дево - ке преврзевме по едно кратко стапче на еден крај од подолгиот стап - и имавме мач за мечување и убивање ... понатака дојдоа кратки даски од пои се правеа поубави мачеви ... Играта се состоеше во укрстување на мачеви со некој “противник“ и победува оној што прв ке го допре до телото (градниот кош) другиот ... Нешто како и во Флоретот и другите спортски дисциплини на база на мечување ....

*** “Пиштоли - Пушки и тешка артилерија ...“ Обилно пиштоли ни беа нашите прсти, а пушки ке направевме од некоја даска - со нишан некоја шајка ... орозот беше потечко да се направи и затоа беше виртуелен ...

*** “Лак и стрела“ ... Ова беше супер игра во која се развиваше до совршенство техниката на изработка на Лакот и Стрелата ... Малку беше и опасна затоа што со добар лак и стрела се ствараа лоши повреди ....

*** “Чател и прачка“ ... И ова беа опасни направи кои предизвикуваа повреди кај замислените противници. Имено “пачките“ за чателот се правеа од рѓави жици и до десетина метри беа опасни по некои органи - Око - глава ... А праќките богами зависи од големината на каменот што се користи за маваше .... Колку ли само дупнати глави се створиа од тогашните праќки - беа ефикасни и до 50 метри далечина ... А знаете брзина пута маса ....

За да не биде долг постот останатите “машки игри“ - ке ги опишам во коментарите:
- Фанта
- Покер
- Возене тротинет
- Вртимушка
- Возење на тркало со комош на жица
- Спузгање
- Санкање
- Бркање - шуга
- Криенка миженка (кодеднако популарна и кај машките и кај женските деца ....
- Плочка - купчиња - вообичаено од семки од кајсии ...
- Џамлии
- Сличуги
- Џилит ... и уште многу други
- Фудбал ...
- Дама - Шах ..

Женски игри:
- Јаже
- Ластик
- Учителки и докторки
- Фота
- Прва кралица еден два три ..
- Прекинување на низа ...
- Школица
- Народна
- Лулашки
- Вртелешки

Ги молам сите да се сетат на своите омилени игри од детството и да дадат опис во коментарите или сеедно во свои постови ...

Постов ми е инспирација од написот во Дневник од денеска

ИГРИТЕ СО НАСИЛСТВО ПРЕДИЗВИКУВААТ АГРЕСИЈА - Основци учат да убиваат во компјутерски игри

Thursday, September 21, 2006

ВЕРСКА ВОЈНА - ГЛОБАЛНА

На последното собрание на ОН - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, вчера, предупреди дека намерните или ненамерните грешки можат да предизвикаат глобална верска војна!?

"Се повеќе има погрешни претстави и стереотипи на кои се темели судирот меѓу цивилизациите, а тие што сакаат да поттикнат нова верска војна, овој пат на глобален план се користат со бесчувствителност кон уверувањата или светите симболи на другите луѓе, истакна Анан на отворањето на политичката дебата на седницата на Генералното собрание при ОН.

Тој нагласи дека за време на неговиот мандат не успеале да се решат некои од најтешките глобални проблеми:
- неправедноста на светската економија,
- непочитувањето на човековите права и владеењето на законот,
- хуманитарната криза во Дарфур и
- постојаните судири на Блискиот Исток.“

Изворно тука.

Ги заборави судирите на Балканот кои сеуште траат - а кои се исклучиво на национална и верска основа ...

Ние сме живи сведоци на локалната верска нетолеранција и војна предизвикана од таа нетолеранција ...

Сведските сили се загрижија многу кога и нив почна да ги погаѓа прблемот преку растечкиот меѓународен тероризам на верска и национална основа ...

Wednesday, September 20, 2006

Агресивна реклама

Во потполност се слагам дека некои реклами неконтролирано испраќаат погрешни пораки до граѓаните, особено до децата.

Премногу насилство, премногу вулгарности и еротика, за што навистина нема потреба...

Во овој случај се работи за Агресивната реклама за новиот бренд на „Мобимак“ - “Т Мобиле“, главниот лик скока од терасата и - замислете - останува жив.

Навистина ова тешко може да се објасни на деца кои ги впиваат рекламите и ги прифаќаат како вистини ... Замислите да се случи некое дете да ја провери вистинитоста од рекламата и заедно со својот мобилен скокне од четврти спрат право на плочникот ...

Кој ке ги сноси последиците од глупавата порака од рекламата ...

Изворно тука.

Tuesday, September 19, 2006

AEK

Веќе неколку пати пишував против лошото работењето на АЕК ...

АЕК се пробуди


Кукавички обид на Телеком повторно да ги изманипулира граѓаните на Македонија


Мимикријата на МТ Сега само се чека да проработи пазарот на Телекомуникациите во МК

Фуере за Монополот на МТ

АЕК повторно спие

За АЕК и неговото работење доста се пишуваше и на блогот р-Еволуција .... и по некои други блогови - но никој речиси никој не пишуваше во позитивна конотација за работешето на АЕК - осем Јани Макерадули и СДСМ како партија ....

Еве и сега кога новата Влада бара начин како да ги смени неспоособните раководства во АЕК - СДСМ и Макрадули ронат крокодилски солзи по АЕК и нивниот директор.... Се повикуваат на демократија и “независноста“ на “независните тела“ на агенциите ....

Јас лично нема да пуштам ни една демократска солза кога ке им го видам грбот на:
Комисија на Агенцијата за електронски комуникации
-
Софче Јовановска s.jovanovska@aec.mk Претседател на комисијата
-
Членови на комисијата
*
д-р Пеце Митревски p.mitrevski@aec.mk
*Бардил Јашари b.jashari@aec.mk
*Лилјана Митевска l.mitevska@aec.mk
*д-р Тони Јаневски t.janevski@aec.mk

Како и по Коста Трпковски Председателот на АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ....

Навистина на прв поглед звучи недемократски менување на “независната комисија за електронски комуникации“ - но на втор поглед бидејки тие ништо не одработеа како што треба и треба да си одат - а новата влада да ја преземе одговорноста за евентуалните неуспеси на новото раководство на АЕК ...

Инспирација за текстов најдов од написот на Дневник:

ЗАКОНСКИ И КАДРОВСКИ СМЕНИ
Ќе се менува законот за да се урне монополот во телефонијата

Sunday, September 10, 2006

Оптички кабел и Интернет во МК


Најдобар и најбрз интернет се добива каога се користи оптички кабел. Кај нас иако постојат неколку оптички кабли се користи само оној на МТ - кој не е доволен за новите потреби.

Изминатата година имавме ситуација да се даде концесија па се одземе концесијата (на крај незнам како заврши случката) за оптичкиот кабел на железница. Имено “Неоком“ најпвин закупи водови од железница - па потоа мислам дека му ја одземаа концесијата.

Линк тука.

Трета оптика која не се користи е оптиката на Окта - која е проблематизирана бидејки е изградена без обобрение ....

Четврта оптика за која највеќе се зборуваше тоа е оптиката на МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем). Имаше огромен интерес за закоуп на оваа оптика - но државата никако не сакаше да ја даде на тендер за користење. Веројатно така сакаше да го заштити монополот на МТ.

Во последниот напис на Дневник: “Ќе се издава оптичкиот кабел“ се најавува од МЕПСО, дека цените и правилникот под кои ќе се издава оптичкиот кабел се одобрени од управниот одбор на МЕПСО . Се чекало само новата политика на новата влада.

За изнајмување на оптичкиот кабел се заинтересирани неколку домашни, словенечки, хрватски и други странски компании, а интерес има пројавено и НАТО.

Имаше и други обиди и муабети за оптички кабли кои треба да дојдат кон МК. Но осатана само на најави - така најавуваа некои кабелски оператори - потоа некаква оптика од Бугарија (Кинеска мислам).

Новата влада ако се сеќава што се вети за Интернетот во МК. Линк 1 , 2 и 3 - сигурно ке настојува да донесе нова оптика а и ова постојнава да ја искористи - се со цел да се направи конкуренција на МТ.

Со тоа верувам дефинитивно ке се симне сегашната ситуацијата на спориот и скапиот интернет во МК.

Monday, September 04, 2006

ИНТЕРНЕТ ЦЕНИ - МТ

Македонски Телекомуникации

.
MaxADSL Hit за само 699 ден. месечно!

Супербрзиот интернет e подостапен од било кога до сега с
о новиот пакет MaxADSL Hit
Повеќе...


Пакети

ADSL e најраспространета технологија за брз ( broadband ) интернет пристап, со над 150 милиони претплатници во светот.

  • Месечниот надомест не зависи од времето поминато на интернет
  • 24 часа broadband интернет врска
  • Истовремено разговарање на телефон и сурфање на интернет
  • Врската е преку постоечката телефонска линија

Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

384/128

7 пати побрзо 512 MB
За домашни корисници кои повремено користат интернет, но сакаат брз пристап и прават релативно малку сообраќај. Пакетот е особено погоден за тие што најчесто користат e-mail, сурфаат по веб сајтови, читаат електронски списанија и слично.
Повеќе...


Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

512/128

9 пати побрзо 512 MB
За домашни корисници кои сакаат брз интернет пристап и прават умерен сообраќај. Пакетот е погоден за тие што користат e-mail, сурфаат по веб сајтови, читаат електронски списанија и повремено преземаат музика или гледаат видео stream-ови.
Повеќе...


Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

512/128

9 пати побрзо 4 GB
За домашни корисници кои сакаат брз интернет пристап и прават повеќе сообраќај. Пакетот е погоден за тие што, освен e-mail и сурфање, често сакаат да преземаат музика, видео снимки, софтвер и слично.
Повеќе...


Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

768/128

11 пати побрзо 2 GB
За деловни корисници кои сакаат брз интернет пристап, прават релативно малку сообраќај и сакаат да поврзат до 3 компјутери на интернет.
Повеќе...


Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

1024/256

18 пати побрзо 10 GB
За деловни корисници кои сакаат брз интернет пристап, прават умерен сообраќај и сакаат да поврзат до 3 компјутери на интернет.
Повеќе...


Брзина на пристап во Kbps

Брзина во однос на dial-up

Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)

1536/256

27 пати побрзо 25 GB
За деловни корисници кои сакаат многу брз интернет пристап, прават значителен сообраќај и сакаат да поврзат до 10 компјутери на интернет. Пакетот е особено погоден за кориснци кои имаат потреба од data backup, video и аudio streaming.
Повеќе...


Месечниот надомест не зависи од времето поминато на интернет

ОВА Е ГОЛЕМА ЛАГА СО КОЈА СЕ ПРИМАМУВА КОРИСНИКОТ НА ИНТЕРНЕТ УСЛУГИТЕ НА МТ МРЕЖАТА. ЛАГА Е ЗАТОА ШТО Е ОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕРОТ НА Вклучен сообраќај месечно (download + upload) НА МИЗЕРНИ 512 MBКОИ КЕ СЕ ПОТРОШАТ ЗА 10 ДЕНА САМО ЧИТАЊЕ НА ВЕСНИЦИТЕ НА ИНТЕРНЕТ.

24 часа broadband интернет врска

ОВА Е ВТОРАТА ГОЛЕМА ЛАГА НА МТ – ИМЕНО ПО НАДМИНУВАЊЕТО НА ЛИМИТОТ – КАЈ MaxADSL – ДА РЕЧЕМЕ – ТЕ СПУШТААТ СО БРЗИНАТА ПОД НИВОТО НА dial-up.

Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ

ТРЕТА ГОЛЕМА ЛАГА – НЕ СЕ СЕЌАВАМ ПО КОЈА ТРГОВСКА УЗАНСА ИЛИ ЗАКОН НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ДАВААТ ЦЕНИ ЗА РЕКЛАМА БЕЗ ДДВ. НО СЕПАК НАГЛАСУВАМ ДЕКА ОВА Е СМИСЛЕНА ИЗМАМА НА МТ. ЗАМИСЛИТЕ СИТУАЦИЈА ОДИТЕ НА ПАЗАР И ПРАШУВАТЕ КОЈА Е ЦЕНАТА НА ДОМАТОТ – ДОБИВАТЕ ОДГОВОР 30 ДЕНАРИ КГ. ВЕЛИТЕ МОЖЕ ДАЈ МИ ДВЕ КИЛА И СПРЕМАТЕ СИТНО 60 ДЕНАРИ. ПАЗАРЏИЈАТА МЕРИ ДВЕ КИЛА И КОГА ТРЕБЕ ДА ВИ ЗЕМЕ ПАРИ ВИ ВЕЛИ – Е ИЗВИНИТЕ ЦЕНАТА ИМА ПЛУС ДДВ. ВИЕ СТЕ ТУКА ВО ПРЕДНОСТ – ВЕЛИТЕ БЛАГОДАРАМ ЈАС МИСЛЕВ ДЕКА Е ТРИЕСЕТ ДЕНАРИ КГ А НЕ 35.4 ДЕНАРИ КОЛКУ СЕГА ШТО ВЕЛИТЕ И ОДИТЕ НА ДРУГА ТЕЗГА.

Е ТУКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ НА ДРУГА ТЕЗГА – ОВА ГО ДОЗНАВАТЕ ОТПОСЛЕ КОГА КЕ ВИ ДОЈДЕ ПРВАТА СМЕТКА ЗА ТЕЛЕФОН И ИНТЕРНЕТ (ВРЗАНА ТРГОВИЈА – И ОВА Е ГОЛЕМА ИЗМАМА И КРШЕЊЕ НА ПРОПИСИТЕ И ЗАКОНИТЕ).

ОДИТЕ НА ШАЛТЕР КАЈ ТЕТКИЦИТЕ И ВЕЛИТЕ СЕ ИЗВИНУВАМ САКАМ ДА СЕ ОТКАЖАМ ОД ВАШАТА УСЛУГА – НЕ Е ЦЕНАТА ТАА ЗА КОЈА СМЕ СЕ ДОГОВАРАЛЕ. ТЕТКИЦАТА ЉУБЕЗНО ВИ ВЕЛИ – НЕ Е ТАКА ВО ДОГОВОРОТ ПИШУВА ДЕКА ЦЕНИТЕ СЕ БЕЗ ДДВ. ВИЕ ВЕЛИТЕ ДА ПИШУВА НО СО СИТНИ БУКВИ – КОИ НЕ МОЖАМ НИ ДА ГИ ПРОЧИТАМ. ОСТАНУВА ГОРЧИНА ВО ВАШАТА ДУША И МИРИС НА ИЗМАМА ... ИАКО СТЕ ИЗМАМЕНИ ПРИНУДЕНИ СТЕ ДА ПЛАЌАТЕ НАРЕДНИ ДВЕ ГОДИНИ ЗА НЕШТО ШТО НЕ ВИ Е КАЖАНО-УКАЖАНО ПРЕД ДА СКЛУЧИТЕ ДОГОВОР.

Техничка подршка и квалитет на услугата.

ОВА Е УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА ДЕКА ИМАТЕ КВАЛИТЕТНА УСЛУГА – НЕПРЕКИНАТА УСЛУГА – И ШТО Е НАЈВАЖНО КВАЛИТЕТНА ТЕХНИЧКА ПОДРШКА. НЕСАКАМ ДА ГИ НАБРАЈАМ ТУКА СЛУЧАЕВИТЕ ЗА НЕКВАЛИТЕТ – МОЖЕБИ ВО МОМЕНТАРИТЕ.

Мерач на сообраќај

ОВА Е СУПЕР ЛАГА НА МТ – СТОПАТИ ИМ Е УКАЖАНО ДЕКА ТРЕБА ДА ИМААТ НЕЗАВИСНО АТЕСТИРАН – МЕРАЧ НА СООБРАЌАЈ. КИЛО КОМПИРИ НА ПАЗАР ДА ПРОДАДЕШ – ВАГАТА ТРЕБА ДА БИДЕ АТЕСТИРАНА ....

ADSL e најраспространета технологија за брз ( broadband ) интернет пристап, со над 150 милиони претплатници во светот.

ОВА Е УШТЕ ЕДНА ЗАБЛУДА И ЗАВЕДУВАЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ. ИМЕНО НИКАДЕ ВО РЕКЛАМИТЕ И ВО ДЕФИНИЦИЈАТА НА АДСЛ – ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИТЕ КОМПАНИИ НЕ ЈА ДАВААТ НАЈНИСКАТА БРЗИНА НА ПРИСТАП (ЗАТОА ПО НАДМИНУВАЊЕ НА ЛИМИТОТ ТЕ СПУШТААТ НА МИЗЕРЕН ПРИСТАП СО БРЗИНА ПОД dial-up)

ПОНАТАКА ШТО СЕ ФАЛАТ СО БРОЈОТ НА КОРИСНИЦИТЕ ВО СВЕТОТ. НЕКА КАЖАТ КОЛКУ ГИ ИМА КАЈ НАС. БЕГААТ ОД БРОЈКАТА КАКО ОД ЃАВОЛ. НЕСАКААТ ДА СИ ПРИЗНААТ НИ САМИТЕ НА СЕБЕ ДЕКА НЕ ИМ СЕ ОСТВАРУВААТ ПЛАНОВИТЕ ЗА БРОЈОТ НА АДСЛ КОНЕКЦИИТЕ-КОЈ Е МИЗЕРНО МАЛ ВО ОГЛЕД НА БРОЈОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА И СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ЗА broadband ИНТЕРНЕТ. БРОЈОТ НА АДСЛ КОРИСНИЦИ ЗАМИСЛЕТЕ ИМ Е ДЕЛОВНА ТАЈНА.

Што се се брои како интернет трансфер.

МИЛИОН ПАТИ ИМ Е УКАЖАНО НА МТ ДЕКА НЕПОТРЕБНО ГО ОПТЕРЕТУВААТ БРОЈАЧОТ НА ТРАНСФЕР СО ИНТРАНЕТ СООБРАЌАЈОТ. НО МТ НЕТ СЕ НЕЗАСИТНИ ...

MaxADSL Hit за само 699 ден. месечно!

ШТО ДА КАЖАМ ЗА ОВОЈ ПАКЕТ – НЕЗНАМ НА КОГО МУ Е НАМЕНЕТ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА Е СТАВЕН САМО ЗА ДА ИМА НЕКОЈ ПАКЕТ СО РЕЛАТИВНО НИСКА ЦЕНА .... ДА СЕ ЗА**Е НЕКОЈ ПА ПОСЛЕ ДА ПОМИНЕ НА НЕКОЈ ДРУГ ПАКЕТ ... БАШКА ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ПОДОЛНИТЕ ЗА**АНЦИИ. СУМА СУМАРУМ НЕОЗБИЛЕН ПРЕДЛОГ ...

* Доколку претплатникот го надмине вкупниот сообраќај вклучен во пакетот (download + upload), услугата се наплатува во износ од 0,79 денари за секој нареден MB започнат сообраќај.

** Претплатникот треба да ја купи потребната ADSL опрема (модем и сплитер) и да си ја инсталира. Опремата се продава во продажните салони на АД Македонски Телекомуникации по цена од 1.799 денари или на 12 рати по 160 денари.

Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ

ИНТЕРСЕСНО Е СО КОИ ЗБОРОВИ ГО РЕКЛАМИРААТ.

За домашни корисници кои повремено користат интернет, но сакаат брз пристап и прават релативно малку сообраќај. Пакетот е особено погоден за тие што најчесто користат e-mail, сурфаат по веб сајтови, читаат електронски списанија и слично.
Повеќе...

ИЛИ Е ГЛУП ТОЈ ШТО ЈА ПИШАЛ ГОРНАТА РЕЧЕНИЦА ИЛИ ОВА Е НАМЕНЕТО ДА ПРОСТИТЕ ЗА ПРИГЛУПИ КОРИСНИЦИ.

БРЗ ИНТЕРНЕТ И МАЛКУ СООБРАЌАЈ СЕ НЕСПОИВИ ПОИМИ. АКО САКАМ ДА ВИДАМ И ПИШАМ САМО МЕИЛ КЕ ЗЕМАМ dial-up. А ЗА СУРФАЊЕ И ЧИТАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ СПИСАНИЈА КЕ МИ ТРЕБА МЕСЕЧНО БАРЕМ НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД НЕКОЛКУ ГИГА ... ЗАВИСИ ОД СУРФАЧОТ И ЧИТАЧОТ ...


ШТО ДА КАЖАМ И ЗА ОВОЈ ИСТОТАКА НЕПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ. ИСТО КАКО И ПРЕДХОДНИОТ Е ЗАВЕДУВАЧКИ. ДУРИ ЗА ДА ГО СПОРЕДИШ СО ПРЕДХОДНИОТ ТРЕБА ДА СЕ УТЕПАШ СО МАТЕМАТИКА – ЗА ДА ВИДИШ КОЈ ПОВЕЧЕ ТИ СЕ ИСПЛАТИ. А НЕ СЕ ИСПЛАЌААТ НИ ЕДНИОТ НИ ДРУГИОТ.

ИМАМ ОСЕЌАЈ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТИ ЦЕНИ КАКО И ПРЕДХОДНИОТ САМО ТУКА ЦЕНАТА НА ОПРЕМАТА Е ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА НА КОРИСТЕЊЕТО ...

НАВИСТИНА МНОГУ НЕИНВЕНТИВНО ОД СТРАНА НА МТ.

ГО РЕКЛАМИРААТ ЗА повремено преземаат музика или гледаат видео stream-ови. ПА ДОБРО БЕ МТ-НЕТОВЦИ. ЗА ТОЛКАВИ ГЛУПАЦИ ЛИ НЕ СМЕТАТЕ. КОЛКАВ ВИДЕО СТРИМИНГ МОЖАМ ДА ИМАМ ЗА 512 МБ, ИЛИ КОЛКУ ПЕСМИ ВО НОРМАЛЕН АДУДО ФОРМАТ МОЖАМ ДА СИМНАМ ОД ИНТЕРНЕТ ЗА 512 МБ ?? ...(НАВИСТИНА НЕВКУСНО...)



Брзина на пристап (download/upload) 512/128 Kbps
Вклучен сообраќај месечно
(download + upload)
4 GB*
E-mail адреса 1
Mail2SMS 5
WEB2SMS 5
Динамичка IP адреса вклучена
USB модем или Ethernet модем 1
Дозволен број на поврзани компјутери 1
цени за договор на неопределено време
Месечен надомест 2490,00 ден
Еднократен надомест 2900,00 ден
цени за договор на една година
Месечен надомест 2190,00 ден.
Еднократен надомест 1900,00 ден.
цени за договор на две години
Месечен надомест 1790,00 ден.
Еднократен надомест 1900,00 ден.

* Брзината на пристап се намалува кога претплатникот ќе го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) вклучен со пакетот. Доколку претплатникот сака брзината на пристап да остане иста и по надминувањето на сообраќајот вклучен со пакекот, услугата се наплатува во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат


НА ОВОЈ ПАКЕТ НАЈВЕЌЕ СЕ ЛЕПАТ МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНЕТ КОРИСНИЦИ НА АДСЛ ИНТЕРНЕТ.

НО КОГА КЕ ГО ВИДИТЕ ДОЛНОТО ДООБЈАСНУВАШЕ ВИ СЕ ТЕМНИ ...

  • Брзината на пристап се намалува кога претплатникот ќе го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) вклучен со пакетот. Доколку претплатникот сака брзината на пристап да остане иста и по надминувањето на сообраќајот вклучен со пакекот, услугата се наплатува во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат сообраќај.
  • Цените се без вкалкулиран 18% ДДВ
  • За домашни корисници кои сакаат брз интернет пристап и прават повеќе сообраќај. Пакетот е погоден за тие што, освен e-mail и сурфање, често сакаат да преземаат музика, видео снимки, софтвер и слично.

ОВОЈ ПАКЕТ ЈА ПРЕДИЗВИКА МИНАТОГОДИШНАТА Р-ЕВОЛУЦИЈА ... И ДА НЕ БЕШЕ ТАА СЕГА НЕМАШЕ ДА ИМА ВАКОВ ПАКЕТ – КАДЕ СЕ НУДИ БИЛО КАКОВ ИНТЕРНЕТ ПОСЛЕ ЛИМИТ ОД 4 ГБ ...

ОВИЕ ТРИ ПАКЕТА НЕМА ДА ГИ АНАЛИЗИРАМ ТУКА – БИДЕЈКИ СЕ ТИЕ ЗА ПРОФИ КОРИСНИЦИ А И КЕ ЗАБЕГАМ СО ПРОСТОРОТ НА УВОДНИОТ ПОСТ КОЈ И ТАКА СЕКОЈПАТ МИ Е ПРЕГОЛЕМ :)

АКО СЕ СПОРЕДАТ ЦЕНИТЕ И НЕКОИ УСЛОВИ ОД ПОНУДИТЕ НА МТ ВО МИНАТОТО - ЗА МОМЕНТ ТРКНИТЕ ДО ЕДЕН МОЈ СТАР НАПИС ОД

понеделник, март 20, 2006

Интернет цени од МТ.нет

НЕОСПОРНО ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ЦЕНИТЕ СЕ НАМАЛЕНИ – НО НЕДОВОЛНО ПО МЕНЕ ВО ОДНОС НА СТАНДАРДОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ВО ОДНОС НА ЦЕНИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО И ВООПШТО ЦЕНИТЕ ВО СВЕТОТ.

СЕКАКО ЗГОЛЕМЕНИ СЕ И ПОНУДЕНИТЕ БРЗИНИ – НО ТОА ВО ОДНОС НА ПРЕВИСОКИТЕ ЦЕНИ ДУРИ И НЕ СЕ ПРИМЕТУВА...

ИДЕЈАТА СО ОВОЈ ПОСТ МИ БЕШЕ МНОГУ ПОГОЛЕМА – ДА НАПРАВАМ СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА СО СИТЕ ДОМАШНИ ПОНУДУВАЧИ НА ИНТЕРНЕТ И СО НЕКОИ СВЕДСКИ ЦЕНИ – ПОГОТОВО ДА СЕ СПОРЕДУВААТ ЦЕНИТЕ ВО ОДНОС НА ПРОСЕЧНИТЕ ПРИМАЊА .... НО ТОА Е НЕМОЖНО ДА СЕ СМЕСТИ СЕ ВО ЕДЕН ПОСТ ПА ЗАТОА ТОА КЕ ГО НАПРАВАМ ПОВТОРНО СО ПОВЕЌЕ ПОСТОВИ ... ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВАШИОТ ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТА ...

СЕ НАДЕВАМ ДА ДИСКУСИЈА НА ТЕМАВА ЗА ПОНУДАТА НА МТ ... А СЕ СО ГОЛЕМИТЕ ОЧЕКУВАЊА ОД НОВАТА ВЛАДА ДЕКА ОВА КЕ БИДАТ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НА КОМПЈУТЕРИЗАЦИЈА И ИНТЕРНЕТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА .... АЈДЕ НА ПОЧЕТОК СМЕ СО НОВАВА ВЛАДА – ПА БИ САКЛ ДА ИМ ТРГНЕ НА ОВА ПОЛЕ ..

Saturday, September 02, 2006

МАКЕДОНСКА БЕРЗА

Секаде во светот – кога нешто крупно се дешава на внатрешен и надворешен план – огледало на случувањето – дали е добро или лошо секојпат е домашната и светската берза.

Така секојпат кога се бира нова влада – најпрвин домашната берза е колеблива во текот на изборот на нова влада – значи паѓаат акциите на домашните фирми котирани на берзата. Не се тргува на берзата во периодот додека се бираат Влади...


По изборот на новата Влада – во зависност дали се очекува да и тргне на новата Влада – акциите паѓаат ако се очекува лош старт на новата Влада – или растат ако се очекува добар почеток на новата Влада.

За среќа кај нас новата Влада ја прати добра клима што се однесува до домашната берза. Акциите на домашната берза растат со високо темпо. Тоа е добар знак за новата Влада дека и се добри плновите и првите чекори.

Движењето на берзата – можете да го пратите – на линкот на берзата тука.

МБИ10 и ОМБ - ке ги најдете на горниот сајт како и
Месечен билтен за Јули 2006 година
Годишен билтен за 2005 година
Котирани компании - Факти 2005/06
Детални податоци за котираните друштва

Податоци за котираните друштва 31.05.2006
Индекс на обврзници на македонската берза

Секоја поголема компанија – треба да има задолжено стручно лице да ги прати движењата на домашната и светската берза ...

Од неодамна движењата на берзата ги прати и неделникот Капитал – линк тука.

Одличен домашен портал за берзанското работење е ТОТАЛ линк тука.

Министерството за финасии на РМ одвреме навреме издава Билтен, како што е и Билтен 09-10/2002

Берзата ја пратат и домашните банки преку своите сајтови ...

Ги молам сите кои ке го читаат овој пост да дадат некои интересни домашни и странски линкови кои не се наведени тука .... а кои тие самите ги препорачуват – за добро пратење на берзанското рамотење ...

Да се вратам на најновите збиднувања на домашната берза – кои очигледно одат во полза на новата влада.

Утрински весник од вчера носи напис:

Берзата ја живее златната ера
Порастот трае веќе 20 месеци, од март 2005 година

-Не само македонската туку и другите берзи во регионот го живеат својот „златен период". Не запира трендот на пораст на прометите и на цените на акциите на овие пазари.

-Инвеститорите, кои веќе не се само домашни туку регионални играчи, храбро вложуваат во акциите на водечките компании. Дел чекаат дивиденди, дел сакаат да продадат поскапо и да остварат капитални добивки, а дел бркаат проценти кои добро би ги „искеширале" при евентуално преземање на фирмата.

Бидејки трендот на пораст на берзанското работење е присутен веќе 20 месеци – тоа значи дека за ова дел има заслуга и старата Влада – но секако за наставување на трендот – заслуга има и новата Влада...

Blog Archive

Site Meter