Search This Blog

Monday, May 31, 2010

Перфидна манипулација на јавното мнение со народни пари

Манипулациите со јавното мнение се практика во сите опшества. Ги имало и ке ги има. Но вообичаено манипулација со јавното мнение се прави со приватни пари за приватни потреби. И тоа по мене не би требало да биде дозволено бидејки секоја манипулација води кон кризни периоди. Но манипулација со јавното мнение со народни пари е изум на сегашната власт. Начин да се подјарми една цела новинарска фела и упрегне со народни пари да работат за нивен интерес. Тоа е најнова новинарска фабрика – платена со народни пари. Згора на се власта тврди дека се е законски.              Повеќе ».....

Sunday, May 30, 2010

Што се исплати а што не ?

Оние што се возрасни и имаат одговорност пред себе, пред својата фамилија и општеството често се во дилема да одговорат на прашањето: Што се исплати а што не ?. Често во моментот нешто изгледа исплатливо и ти тргаш по тој пат кој моментално ти изгледа исплатлив – но во периодот на време кој следи работите не одат така како што си планирал/ти изгледало/си очекувал, одат по лош пат и твојата одлука се покажува како неисправна/неисплатлива. За одлуката која си ја донел сам и се однесува на тебе одговараш сам со сите последиците од лошата одлука/избор.      Повеќе ».....

Saturday, May 29, 2010

Ѓувеч Македонски, Македонска крем супа од зеленчук, Македонска шопска салата (ала волан) ...

Безмалку месец дена помина како останав без мојот животен другар/сопруга. Постов го посветувам на нејзе, ми фали во секоја миута, имавме прекрасно разбирање и скалден фамилијарен живот. Во скоро 30 години брак во кујна завлегував многу ретко. Женами уживаше во готвењето. Колку само емисии за готвење следеше – уживајки во нив, правеше цела шема на следење на такви кулинарски емисии. Во тоа време немав достап до телевизорот … Кујната беше нејзин ресор. Понекојпат знаев да помогнам да замијам тањири и да помагам кога ке се прави зимница или некоја прослава, роѓенден на децата на пример. По загубата готвењето го презедоа децата а јас бев судоперка и набавувач на артикли. Децата инсистираа на ручеци кои не содржат месо и се орјентиравме на Грашок, Боранија, Грав, Леќа, Ориз, Компири, Макарони, Печурки, со богати салати и разните видови на крем супи … и лебот го намаливме на минимум. Е сега без нлашко тешко оди но сведено е на минимум. Овоштие во нашиот дом одсекојпат се консумирало во изобилие а одкако имаме квалитетен соковник секое утро децата се будат со свежо цеден сок од портокали (најчесто) но и друго овоштие, јаболка, лимун, или друго сезонско овоштие …            Повеќе ».....

Friday, May 28, 2010

Нова Македонија по третпат ми здипли фотка

http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/untitled%5B5%5D.jpg http://www.novamakedonija.mk/Uploads/News/Bonsai.jpg http://www.novamakedonija.mk/Uploads/News/muzej.jpg
Сите горни три фотографии се мои и неовластено без мое одобрение се најдоа во три различни написи во интернет и во печатените изданија на Нова Македонија.      Повеќе ».....

Thursday, May 27, 2010

Со што се бави ВмроДпмне … Доктрина/вредности на ВмроДпмне

  1. Главата горе – живеј го животот
  2. Главата горе – среќно и берикетно
  3. Македонија знае – преродбата продолжува
  4. Македонија има сила
  5. Заедно можеме повеќе
  6. Резултати сега
  7. Имате право
  8. 110 години ВмроДпмне
  9. Вербата во бога како висок приоритет                Повеќе »....

Wednesday, May 26, 2010

Македонците немаат доверба во своите политичари … довебата во актуелните политички партии е на најмало ниво досега … Курто и Мурто ке продолжат уште долго да не јаваат …

http://www.inpress.com.mk/WBStorage/Articles/6844AC927B7E4C429D9058F72FDB4736.JPG
Долго време ги пратам рејтингувањата во Македонија кои се прават за партијски потреби. И последново рејтингување нарачано од ВмроДпмне (Институтот Павел Шатев, кој е изработувалч на последната анкета е основан од ВМРО-ДПМНЕ за свои потреби) повторно покажува дека политичарите и политичките партии во Македонија се со мал процент на доверба кај МК гласач.           Повеќе ».....

Како да завршиш работа во државните служби (социјално, здравствено, пензиско …)

Ако сакате да завршите работа во некја од институциите на државата (сеедно дали е на централно или на локално ниво) најдобро за Вас е да пронајдете “пријател“ кој работи во неа. Пријателот Ви треба не за да завршите работа која не Ви следува туку напротив, Ви треба пријател за да завршите работа која Ви следува. Значи во практика ако имате работа во социјална, здравствена, даночна или да речеме пензиска установа сите бараме пријател кој работи внатре за да ни ја каже процедурата.             Повеќе ».....

Monday, May 24, 2010

Јавна тајна … табу … мистика … мистерии

Тајна (Middle English secrette from Old French secret from Latin sēcrētus (“‘hidden’”)) е нешто демек што го знаат малкумина, нешто што треба да биде сокриено и неоткриено, нешто кое може да стане и табу … тајните секојпат се пропратени со мистика, со полувистини, со мистерии … тајната се доверува, се чува – но никојпат не се дочувува, тајната го пробива патот до јавноста, наоѓа пат …          Повеќе ».....

Thursday, May 20, 2010

Чистење на Скопје обврска или … од денеска ке почнам редовно да го чистам домот …

Вчера гледам неколку градоначалници на Скопје со сите директори на јвните комнунални претпријатија се наредија пред ТВ камери и сликајки порачаа: Од денеска ке почнеме да го чистиме Скопје !!         Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter