Сношти пак јас си сонувам, се како на филм во боја.
Обичај е меѓу нас фотографите кога ке дознаеме некоја нова убава патека каде можеме шетајки да фотографираме да си јавуваме дека таму и таму има прекрасна патека каде може да се помине убаво и попат да се направи добра фотографија. Е - ми се јавува пријател на мобилен и ми вели знаеш што: оди веднаш на коритото на Вардар од Камени мост нагоре да видиш што “лудаците“ овојпат направиле. Го прашувам што кажи, не ме мачи мислејки дека е некаков штос. Не е штос, но не ти кажувамнам на телефон, мора да го видиш самиот, но земи со себе и апарат. Јас во тој момент бев во автобус упатен кон Центар и си велам ај ке свратам да видам што е штосот. Одам јас до Камен мост се симнувам во мајор коритото и што да видам во средината на Вардар таму каде тече водата, сосе целата канализација направена е рајска градина. Ги тријам очите мислејки дека сонувам но не. Узводно се направени такви рајски градини кои се надоврзани една на друга испресечени со мали градежни зафати како оние на сред улиците низ Скопје и насадени со сето можно украсно зеленило и сите можни цветови кои до тогаш дури и не ги бев видел. Се насмејав во себе - па добро бе на кој ЛУДАК му текна да изгради вакво нешто, кога само еден посилен дожд ке го однесе ова се во неврат. Одам нагоре и по малку ми беше криво што немав со себе фотоапарат иако никојпат не сум без апарат. Велам никој нема да ми верува дека вакво нешто постои а постои. Седнав на една клупа малку да се одморам на една од многуте клупи попат низ коритото на Вардар. Врие од народ кој шета меѓу рајскава убавина. Меѓу народот ме изненадија многу странски туристи. Во близината имаше собрано народ покрај еден панел со огромен ЛЕД ЕКРАН. Одеше сечење на лента на проектот “Жални врби (надграден и проширен)“. Ги гледам изнаредени сите парламентарни фаци од позиционите партии на ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција. Во првиот ред позади беше цела влада. Сите дотерани и облечени со знаменца весело мавтаат додека лидерот Груевски пред да ја пресече лентата соопштува:
Никој не ни веруваше кога го почнавме овој сега веќе грандиозен проект. Скромно го почнавме овој грандиозен проект на уредувањето на коритото на Вардар со засадувањето на првите три жални врби. Но ние кога нешто ке ветиме ОСТВАРУВАМЕ - за разлика од нашите политички противници који додека беа на власт камен на камен не ставија. Ги трошеа буџетите а ништо не изградија. Но ние етапно продолживме со остварување на нашите плански ветувања. Ги изградивме многуте споменици долу од врбите нагоре. Ене ја препознатливата девојка која скока во Вардар и ги наброја стотиците споменици низводно. Со овој проект на спомениците ние ги вработивме сите завршени студенти на уметностите кои ако не бевме ние ке останеа никојпат не вработиени и досега ке се иселија во странство. Поради бројните проекти на ваквите споменици ги вработивме и сите класи на сегашните студенти на уметностите. Проектот го продолживме со изградбата на неколкуте градски плажи покрај мајор коритото со ситен солен песок увезен од Грција и палми од Африка, ветувајки Ви дека не мора да одите во Грција на нивните скапи плажи - сето тоа Ви го донесовме тука. Со тоа заштедоме големи пари кои ке се одлејаа во соседна Грција. Нема да заборавам дека се огромни очекувањата и желбите на завршувањето на Панорамското тркало и проектот на новиот Луна парк кои се во почетна фаза. Иако е тоа сеуште во развој и е мала тајна вакви панорамски тркала но малку помали ке градиме и во Гостивар, Тетово, Велес и Гевгелија. Ние сме домаќини и размислуваме за секој денар кој го трошиме да Ви донесе два а попат сето тоа да изгледа светски а наше. Не е случајно продолжува Груевски што Скопје стана најпосетуван град од европските светски метрополи. Видете само колку групи од странски туристи се шетаат низ центарот и весело фотографираат. Понатака продоживме со зградите по левото течение на Вардар, почнувајки со новата зграда на Царината, новиот прекрасен објект на Водовод, обновениот Стар театар, Музејот на ВМРО, Грандиозниот Археолошки музеј, низата од згради за останатите државни институции сосе Зградата за надворешни работи, кои до тогаш нели беа под скапи кирии. И тука штедиме од Вашите пари. Продолживме со уредувањето на плоштадите и пристапните патишта околу овие објекти уредувајки ги со бекатони и разни мермерни украси со сите оние споменици и многуте фонтани, кои ги градевме се надолу до Црквата на Света Богородица, заштитничката на Скопје. Посебен белег и атракција даваат војниците на Александар Македонски кои шетаат межу спомениците. Сите сакаат да се фотографираат со нив. Да не заборавам да ги додадам велосипедиските и рол патеките од двете страни на Вардар. Сега таму се шетаат сите скопјани, во друштво на своите фамилии, и дишат од убавиот воздух кој со специјални пумпи го пумпаме секојдневно 24/7 од воздухот од Шар Планина. Соопштувам дека овие специјални пумпи и цевоводи се проект на наши млади каддри од Машинскиот факултет. Овој патент е сега баран низ светот. Со ова дадовме допринос за намалување на загаденоста на воздухот од Гостивар Тетово се до Скопје и низводно сега за сега до Велес. Во финални пресметки семе за економска оправданост на пумпање на свеж воздух во зимските денови во најзагадените МК градови Гостивар, Тетово, Скопје Велес, Битола и Куманово. Но ако размислиме дека животот на нашите граѓани нема цена се поблиску сме до одлуката недостатокот на ветерот во МК градови во зимски услови да го надокнадиме со пумпање на свеж воздух од околните планини. Ке откријам и уште еден проект кој е тајна. Долж целото течение на Вардар таму каде нема вакви рајски градини ке градиме систем на мини хидроцентрали. Системот е прост и е дело на друга група на студенти од Машински, Електротехнички во комбинација со студенти од Аритектонскиот факултет. Се гради во многу делници мала брана - а над Вардар дож неговото течение се поставуваат многу бројни турбини како за воденица и целата кинетичка енергија се претвора во елктрична. Се е поврзано со систем на нивелација на водата, како расте водата така турбините одат погоре и обратно како се намалува одат подолу. Ова ке биде најголемиот енергетски зафат во историјата на МК хидроцентрали и ке ни овозможи да се ослободиме од увозот на електрична енергија. Со тоа ке ги уживаме економските, финасиските и еко плодовите. И за овој проект иако е во најава има заинтересирани многу странски држави е мултинационални компании.
Не застанавме тука ги изградивме сите оние пешачки мостови над Вардар, каде преку изложување на скулптури на сите историски личности го продолживме проектот на запознавање со нашата историја и крупните историски фигури кои живееле и твореле тука од предисторијата до денеска. Тоа е нашата историска читанка на отворено. Овој проект веќе е преземен од Белград и неколку други метрополи. Сето го продолживме со спектакуларните фонтани низ коритото на Вардар. Кога ги подигнавме првите галии во Вардар, некои ни се подсмеваа дека се тоа залудно потрошени пари. Сега погледнете како е сето ова. Галиите се полни со посетители од кои пола се од странските посетители кои носат странски пари повеќе и од најголемите странски инвестиции. Сето ова позитивно се одразува на нашите финасиски текови и имаве позитивни трендови во вработувањето кое никојпат не било поголемо. Сега имаме ситуација да ни се враќаат нашите некогашни иселеници во Просперитетна Македонија. Се гордеам со сите Вас кои учествувавте во остварување на сите овие проекти (покажа со раката кон бројните домашни но и неколку странски инвеститори). Забележав и неколку групи на банкари од Кина кои со знаменца на Кина и Македонија весело одпоздравуваа - беа во посебна ВИП ложа и одпоздравуваа на насобраниот народ кој во диелириум ракоплескаше и извикуваше. Ечеше: Груевски Македонски Царе, Груевски Македонски Царе, ГруевскиМакедонски Царе, ... Посебно во одпоздравувањето се истакнуваше ложата во која беа сместени ромите на Амди Бајрам кој со рејбан очила загонетно и задоволно се смешкаше.
Сега кога сме при крај на уредувањето на овој дел на коритото (продолжи Груевски) - покажувајки кон рајската градина во средината на течението на Вардар Ви соопштувам дека тука не застануваме - продолжуваме најпрвин узводно се до Тетово и Гостивар и низводно до Велес и во фази се до Гевгелија. Ние можеме, велеше Груевски, додека беше прекинуван од овациите на народот ... можеме зошто имаме подршка од Вас на сите избори кои десет години по ред ги добиваме секојпат со поголем и подобар резултат. Ние работиме за Вас 24/7 и продолжуваме со остварување на најавените нови проекти кои ги добивме од Вас и ги градиме за Вас. Набргу продолжуваме со проектот на жичарите во Скопје. Еве веќе го одобривме проектот на продолжување на кракот на жичарата од Средно Водно до подините на Водно. Сега најавувам дека тој проект како високо исплатлив кој носи и еколошка димензија брзо ке го прошириме со жичарници од неколку места во центарот на Скоје до падините на Водно. При крај се и пресметките за исплатливост на големиот проект за замена на јваниот превоз во Скопје со комплетно покривање т.е заменување на јавниот градски автобуски превоз со жичарнички превоз по сите градски линии во Скопје. Пилот проект е градската линијата на двојка и петка. Најавуваме дека за две години фазно ке го завршиме тој проект а за десет години ке ги замениме сите градски линии. Сето тоа ке се продожи во другите десет години со приградските линии. Ова ке донесе до ефтин превоз во Скопје и до огромно намалување на загаденоста на Скопје. Од тука најавуваме дека овој проект на жичарници наместо автобуси ке го продолжиме и во поголемите градови во Македонија, се до моментот кога ке ги замениме и меѓуградските линии со соодветни жичарници. Следеше огромен громогласен аплауз со скандиранје Груевски Македонски Царе, Груевски Македонски Царе, ГруевскиМакедонски Царе, ... толку јак што ме пробуди од убавиот сон. Се насмеав и реков добро е ова било само сон. Триејки ги очите се запрашував како ли сум се поврзал со мислите и соновите на Груевски, дали е тоа божја промисла или некој од тајните проекти на Никола Тесла кои дошле во посед на Груевски наш.