Сите ние имаме личен код (идентитет) кој го стекнуваме и го надградуваме секојдневно додека сме во оваа форма на човечки живот. Го добиваме како наследство преку гените кои допринесуваат да имаме некоји делови од физичкиот лик на нашите предци. Мешањето на крвта допринесува да се составаат нов микс на гените. Многумина велат дека и кодот на нашата душа е пренесен од гените на нашите предци. Веројатно има и вакви истражувања.
По мене кодот на нашата душа се надоградува во секој ден од нажиот живот. Највеќе го примаме преку нашите родители, особено мајката која е прва од која го почнувме процесот на учење имитирајки ја. Родителите си ги препознаваме и по нивните мириси, им веруваме и затоа највеќе учиме од нив. Следните учители на нашата душа се најблиските членови од фамилијата, особено некои кои по одбир на нашата душа имаат посебно значение во оформувањето на нашата свест и начинот на расудување.
Повеќе ...