Против продажбата на “златните кокошки“
Сите продажби на нашите златни кокошки си имаат своја транзициска предисторија и се одвиваат по слично сценаријо, но дефинитивно “сценаријо“ има.
За кое сценаријо тука зборувам?
Се сеќавате на еден прекрасен филм со Ричард Гир и Џулија Робертс “Pretty Women“, каде тој моќен банкар се бави со купување на компании, на кои не им оди, така што најпрвин ги распарчува на повеќе делови, ги отушта сите работници, и почнува да ги продава дел по дел малите делови од компаниите, со цел набрзина да си ги врати вложените пари и на крај енормно да заработи. Сето тоа го прави безмилосно, во поглед на иљадниците вработени кои остануваат без работа, на работ на егзистенцијата, бедата и безизлезноста...(Ви звучи ли ова некако познато во нашите случаеви...мене да)
Сето тоа подржано од некоја моќна банка.
При распадот на бившата СФРЈ, големите противници на таквата творевина успеа да ја разделат, најприн самата СФРЈ (здушно подпомогнати од внатрешните националисти...-за жал сето тоа со крвави балкански војни), за да потоа внатре во самите нови држави се одвива сценарио на продажба на сите моќни компании-кои го носеа рбетот на стопанството, преку моделот на поделба на помали делови, кои полесно ке се продаваат.
Сето ова се одвива под покровителство на моќната Светска банка и ММФ. Значи двете највлијателни банки во светот.
Што се дешава во ова сценарио. Банките имаат интерес да даваат кредити, и потоа да настојуваат да си ги налатат кредитите. Тоа им е легитимен интерс и цел.
Но овие банки плашејки се за своите влогови-кредити, се впуштаат во кроење на политиката на самата држава, преку поставување на “свои-блиски-кооперативни“ луѓе во владата ни, за да ја спроведуваат нивната политика. Политика на враќање на кредитите.
Инсталираат и разноразни фондации, а во доста случаи работат преку разноразни НВО-а.
Бидејки нашата економија нема своја акумулација, за да ги враќа кредитите, банките сугерираат да се продаваат таканаречените “златни кокошки“, од економијата (Телекоми, Пошти, Рудници, Минерали наоѓалишта, Електростопанство, Водовод, Цементари, Пивари – и други компании кои всушност работат и така без загуба..).
Така да џабе ни глумат лудило, сегашните оппзициони партии – заедно со партиите на власта. Ние сме приморани од банките кредитори да ги продаваме “златните кокошки“, не за тоа што некој од нас тоа го сака туку за тоа што така ни диктираат моќните банки...
Кој и да е на власт, додека трае “соработката“ со “банките“ ке биде приморан да ги продава “златните кокошки“, и со тие пари да враќа стари долгови...и секако парите нема да се употребат за нов старт на економијата, како што се ветува..., туку најпрвин ке мора да вратиме дел од кредитите...
Поради ваквите причини, Словенија на пример одби да соработува со ММФ, и со свои сили успеа да ја трансформира економијата, и да влезе во ЕУ, без при тоа да ги распродаде големите системи...
Сега немојте да се чудите зошто тие пари (парите од продажбата на “златните кокошки“) одат во буџетот на државата, и се пред се, покритие на многуте кредити кои сме ги земале предходно. Тие пари нема да ни дозволат да ги користиме за нов старт на економијата. Нормално моќните банки, најпрвин сакаат да се ги вратат парите што во форма на кредит ни ги дале. Ова кога јас учев економија се нарекуваше “најнов и најчист вид на експлоатација на неразвиените држави и земјите во развој“...Се е легално.
Зошто некој продава нешто и во кои случаи:
- За да заработи нешто
- За да се отарасиш од нешто ако ти е вишок
Во нашиов случај на продажба на “златните кокошки“ ниту заработуваме нешто (не си ги наплатуваме ниту вложените пари), а немаме потреба да се отарасуваме од “златните кокошки“. Кој будала продава кокошки што носат златни јајца.
Сево ова на крај ке доведе до ситуација да станеме “банкрот држава“ (ако веќе таква и не сме). И како таква сами од себе ке се деградираме и распаднеме, како единствена држава на Макединците во светот. Без “златните кокошки“ ке немаме национална економија а Владите ке работат под декрет на моќните компании....
Но да се вратам на најтазе примерот на продажбата на ЕСМ.
Од почеток мислев дека е добро што се продава не цело електростопанство (како што беше првиот предлог на консултантот Мајелбанк-во времето на ВМРО-ДПМНЕ), туку само “дистрибуцијата“ .
Си велев, ние не сме способни (т.е. луѓето кои сега работат во ЕСМ, (впрочем сегашната Влада на РМ), да си го наплатиме побарувањето за испорачана енергија. Па си велам ако е странец газда на дистибуција, нема да има милост против никого што не плаќа струја. Па нема да им попушта на цели села и енклави во РМ, кои поради социјални-читај, политички причини не плаќаат струја и нема сила кај нас некој да ги натера да плаќаат. А зашто и би плаќале кога докажаа дека нашите закони не важат за нив. Секогаш кога им требаше, за нив се носеше нов закон.
Оваа моја предпоставка ја потврди и Макрадули кој на вчерашниот состанок со Гласот за светлина, се согласил дека основен аргумент на Владата за продажба на ЕСМ Дистрибуција е неможноста да се наплатат сметките за струја. Ова е објавено во вчерашниот Вест во написот “Меназџерите во ЕСМ се неспособни“. Линк тука.
Сега како понатака, некој дел од ЕСМ под притисок на кредиторите ке мора да се продава, но што е подобро, дел од производните системи или дистрибуцијата. И едното и другото имаат свои недостатоци. Најдобро е ништо да не се продава т.е. да се продадат само непрофитните делови од ЕСМ. Ама ако се тие непрофитни, кој ке ги купи – никој.
Ако се продааваат производни целини од ЕСМ, никојпат нема да се вратат вложените пари во нив – значи губиме.
Ако се продава ЕСМ Дистрибуција, правиме иста грешка како кога го продадовме Телекомот сосе мрежата. Сега се прави уште пострашен монопол од монополот на Телеком. Монополот на Телеком заради мрежата и може да се надмине со новите технологии на безжичен пренос. Но монополот на ЕСМ Дистрибуција неможе да се надмине никако. Чул ли некој за безжичен пренос на електрична енергија. Тесла нешто правеше некои експерименти на тоа поле но за жал не успеа да ни каже што точно мислел и тоа остана научна мистерија.
Заклучок поротив продажба на ЕСМ Дистрибуција сум во целост, заради стварањето на нов страшен монопол кој ке ни ја цица крвта доживотно и безмилосно – едноставно нема и не може да се створи во иднина конкуренција и сите закони се на негова страна.
Сето ова потпомогнато со нетранспарентна продажба, се преговара тајно за разноразни попусти со Анекс договори.