1957 година кога како мало дете од две години се доселивме во Скопје во стан близу Универзална - “старо купујем“ беше професија која се одржа до ден денешен. Вака одеше тогаш рекламата - “Старо купујем, старо купујем, ново продајем ,,, поправљам чадори, оштрам ножеви, калаисујем ...“. Нас како деца не плашеа со тоа ако не сте добри ке ве продадеме на старо купујем и бегавме од нив како деца ...
Ништо не е сменето ни денеска - низ населбите се слуша сеуште: “Старо, купујем, старо купујем ...“. Овие луѓе уствари се единствени кои од отпадот кој го имаме по дома го рециклираат ... собираат стари железа и истрошени предмети од домаќинствата и ги даваат во отпадите кои за ситна пара после ги продаваат на железара ако се имаат метал во нив, пластичните флаши ги рециклираат дробејки ги а картоните се преработуваат во комуна - каде од старите картони се прават нови кутии ...
Овие денови го чистам подкровјето каде десетина години се што не ни требаше го носевме на поткровјето .. Дојде време да го чистам и тој простор и искрајно ме спасува старо купјуем, бидејки ако треба самиот да го носам по отпади ми е прескапо, транспортот кошта повеќе од тоа што ке ти дадат во отпад .. тука се и старите алишта од луѓето кои починале ... старо купујем ги собира и таквите партали ... ги прашувам што ке ви се такви стари работи ... ми велат тоа го носиме, немаме пари да купиме нови работи ...
Како е по светот незнам - слушам дека во некои западни земји постојат денови каде на одредени места го носиш крупниот отпад и намештај. Таму стојат работите и луѓе најпрвин одат и се што им треб го носат дома ... Она што ке остане го собира општината и го носи во места каде отпадот се рециклира ...
No comments:
Post a Comment