Да не починеше Нане пред десет години денеска ке и слвевме 85 роденден. Вообичаено на овој ден се собиравме сите кај Нане оние кои бевме во Скопје и и одевме на торта за да чести за роденденот. Всушност ние и носевме торта и слатки. Таа сакаше многу да се шали и да се смее. Не се сеќавам заради што се насмеја и се загрцна. Одеднаш од носот почна да и тече крв како една река и не преплаши сите. Утредента ни појаснија лекарите дека ако не и истекла крвта преку носот ке доживеела излив на крвта во мозокот што ке било фатално за нејзиниот живот. За да го залечат сето тоа лекарите и напикале завој во носот во синусните канали толку многу завој што Нане врискала од болка. Како и да е по штрајфните на Нане го паметам овој ден.
No comments:
Post a Comment