Мојот прв компјутер кој го купив последната година пред да се распадне Југославија за потребите на мојата ново основана фирма Волан Скопје беше еден ваков компјутер модел 386 Интел. Со него во комплет купив и принтер ХП. Во тоа време компјутерот го купив некои 3800 германски марки. За потребите на фирмата на него правев фактури и испратници. На него првпат во фирмата работеше мојата внука која сега е програмер и работи во САД, На него имаше само неколку игри се разбира и тетрис. Мојот син кој беше предшколска возраст играше осем тетрис една игрица со едно човече не ми текнува како се викаше играта.
Овој компјутер го чував до денеска како реликвија но на таван.
Бидејки дојде ред да го чистам таванот тој денеска заврши во контерјнер.
No comments:
Post a Comment