Кој ке преживее ке раскажува.
Кој ке преживее ке раскажува. Ова е моменталната дефиниција за состојбата со корона вирусот во нашата земја. Од она што денеска се спроведува како методологија за начин на справување со корона вирусот се гледа дека здравствениот систем попушта пред налетот на вирусот. Тестирањето полека крахира. Немаме капацитет да спроведеме тестирање на сите случаеви кои се појавуваат низ земјата. Вирусот влезе во болниците во Дебар, Куманово, Охрид, Кавадарци, Скопје. Полека влегува и во другите институции, фабрики , банки, полиција, војска.
Стануваме виртуелна држава. Системот за тестирање кој е заразен е осуден на неуспех. За да некој те тестира имаш или немаш корона вирус мора телефонски да се јавиш кај матичниот лекар а тој преку Мој термин да ти закаже земање брис за потоа да чекаш некој да ти јави дали си позитивен или негативен. Филишче денеска на прес изјави дека веќе се пополнети термините за тестирање за наредните три дена. Баба Перса од Муртино сигурно има телефон и го знае бројот на својот матичен лекар.
Кој ке преживее ке раскажува. Ова важи не само за нашата држава тоа важи за сите држави. Некој јави дека во Италија вирусот е влезен во над 20 проценти од лекарите.

No comments:
Post a Comment