- Се тресеа панталоните на Велија Рамковски падна Велија, му ја затворија А1;
- Се тресеа панталоните на Фијат Цановски, падна (му го срушија) Космос;
- Се тресеа пантолоните на Мукаетов, Алкалоид преживеа;
- Се тресеа пантолоните на Јорго Ќука, Охис умре;
- Се тресеа пантолоните на Штерио Наков, му ја лапнаа Алфа;
- Се тресеа пантолните на Свето Јаневски, го пресели бизнисот од Скопје во Кавадарци, сега слушаме ке го сели бизнисот во Београд;
- Се тресеа пантолоните на Трифун Костовски, го блокираа во Кермес и други бизниси;
- Сега му ги тресат пантолоните на Андреја Јосифовски, ке чекаме ли на ред пак за бензин, ке опстане ли Телма ?
Search This Blog
Sunday, August 16, 2015
Се тресат ли панталоните на Андреја Јосифовски ?
Thursday, August 13, 2015
Гипс картон демократски привид...
Утринава гледајки ја оваа инаку прекрасна фотографија на Emil Chuchkov објавена во Facebook групата за фотографија MACEDONIA - Foto Stories се инспирирав за овој напис.
Скоро веќе десет години актуелнат власт ни прави привид дека нешто градат, пошто опонентите нели камен на камен немаат ставено. Колонадата од згради долж мајор коритото на Вардар каде никој, дури ни луд архитект не би градел се изградени со гипс картон архитектура која за која ни се смее светската јавност е преплатена повеќекратно. Се е легалистички “легално“. Добија власт на избори повеќекратно како што добија, “легално“ ги сменија законите и сега не само што ги трошат актуелните буџети додека се на власт туку без никаква контрола ја задолжуваат земјата се со цел да градат гипс картон архитектура придружена со налудничава количина на споменици на метар квадратен од секој вид. Замочаа секаде каде имаше слободна педа од некој квадрат. Се градат и гипс картон фасади од лице а позади зградата е грдотија каква си била. Тоа ти е исто како да гледаш преоблечен човек кој носи дотрајана облека но го преоблечеш само однапред, одпозади и одвнатре се е исто старо и вето. Постојат луѓе граѓани кои згадени од сето тоа не ни поминуваат од таму, го обиколуваат местото на зсторството бидејки сето тоа им смрди. Некој друг покасно ке докажува колку пари се прелејале во џеповите на власта за “уметноста“ со која не засипаа и ги трошеа актуелните буџети со додатно кредитно задолжување. Чинам дека колку години траеше груевизмот толку години ке треба да се разгради истиот гипскартон демократски привид на груевизмот ...
Tuesday, August 04, 2015
ДПМНЕ се самоукинува ...
Прштат закони со кои се повлекуваат сите глупи законски предлози донесени од ДПМНЕ во десетина годишното владеење.
- Се повлекаоа пред студентите и средношколците, сите три пленума се морални победници над врхушката на ДПМНЕ;
- Се повлекоа пред хонорарците, укинувајки го глупиот закон за придонеси за хонорарците каде им земаа скоро се` недавајки им ништо за возврат;
- За десетпати ги намалија драконските казни за се и сешто, со кои кога сакаа, кого сакаа го множеја со економска нула. Веројатно се плашат ако ја изгубт власта дека некој ке ги мава со нивен камен (каменот нели од блиску доаѓа) ...
- Попуштија пред бомбите на Заев и прифатија нови предвреени избри, нов обвинител независен од сегашната судска власт ...
- Ги примораа најверните троица министри и шефот на тајната служба да абдицираат;
- Го пепуштаат министерството за полиција на СДСМ;
- Слушам ке го укинат и законот за демек безбедност на сообракајот на плус 40 степени да се вози со запалени светла. Законот е во процедура на укинување во собранието ...
- Останува уште да се откажат од Груевски и груевизмот ... за на крај сами да се распуштати самоукинат ... уште да смислат во кој парк да ги паркираат сите глупи бронзани фигури и статуи на кои цел свет им се подсмева (Македонија има највеќе бронза по глава на жител) ...
Monday, August 03, 2015
Maчка/иња ... закон/и на природата
Мајката мачка во периодот додека ги одвикнуваше од млеко им носеше уловен глушец или друго животно и им го даваше да го јадат малите мачиња. На крај кога ги одвикна од млеко скоро да ги напушти сосема, ги остави на природата да преживејат со својот инстинкт за лов. Мачорот никаде не се појавуваше осем во феброар кога бараше некоја мачка која сака да се пари. Имав осеќај дека воопшто не ни знаеше дека мачињата се негови.
Оваа година едното маче за кое мислев/ме дека е машко во пролетот стомакот му беше зголемен и велев овој мачор ко да е труден, ко да изел некој голем глушец. Минатогодишното маче за кое мислев/ме дека е мачор го снема едно време. Го посматравме дека често свраќа во една просторија која беше запуштена. По одредено време се појавија четири нови мали мачиња. Почнаа срамежливо да излегуваат и претпазливо да се покажуваат. Поставив една корпа во која долу поставив стари работи од ткаенини. Мачката веднаш ја прифати корпата каде ги доеше своите мали четири мачиња. Мачката одвреме навреме ке ја снемаше одеше да лови. Мачињата се поделија во две групи и се играа посебно чекајки ја мајката. Прво снема едно. Велам сега мачката ке тажи по едното маче. Но не, таа се грижеше со сето внимание како млада мајка од една година и не приметив дека пати по она маче кое го снема. По одредено време мачката ги премести сите мачиња во нов простор. По дваесетина дена повторно ги донесе во дворот каде минатата година таа порасна со своите мали братчиња и сестричиња. Ја посматрав дека таа грижно демек незаинтересирано ги посматра мачињата и со мало мрчење одвреме навреме како да им укажуваше до каде може да се движат по дворот. Кога ке ги собереше во корпата да ги дои тогаш ке ги излижеше од глава до пета за да им направи хигиена.
Приметивме дека кога ке и дадеме некое подобро мевце на мачката таа почна да им го носи на мачињата. Мајка. Почна да ги брка минатогодишните сестрички и братчиња. Дури и својата мајка почна да ја брка од просторот каде ги растеше сега преостанатите само две мачиња. Мачињата комбинираа со хранеа малку млеко, малку друга храна. При крајот на денот ке ги повика обавезно за пред спиење да им направи хигиена иако сега веќе и самите мали мачиња почнаа да ја одржаваат хигиената. Особена активност мачката и мачињата ја имаат во периодот околу зајдисонцето и особено веднаш по зајдисонцето. Младата мајка оваа година почна да прави нешто што нејзината мајка никојпат не правеше. Почна да се игра со своите мачиња и во игра да им покажува трикчиња како да се качат на дрво, како да фатат поза во заседа пред да скокнат на “пленот“ всушност друго мало маче. Кога ке ги храниш сите мачиња има ред. Првин јаде најголемата мачка мајката во случај. Таа брзо ја одстапува храната на малите мачиња но јаде првин најакото малео маче. Природна селекција. На крај ке јаде најслабото и најмалото мало маче.
Посматрајки ја природата како прави ред и закон човекот треба да учи. Особено да учи како треба да се контролираат емоциите и редот на законот на природата ...
Subscribe to:
Posts (Atom)