Search This Blog

Friday, July 18, 2014

Поробени без војна

Одавна знам и осеќам деке сме поробени без војна. Всушност тоа во историјата го правеле сите освојувачи. Но некогаш биле видливи. Во битка ке освојат територија сосе народот, но за да го владеат подобро и поефтино избираат од поробените локалци луѓе кои ке ја спроведуваат поробувачката програма на освојувачот. Меѓу другите светски освојувачи и поробувачи така правел и наш Аце. Во сите поробени територии поставал локалци за свои луѓе од доверба кои ја спроведувале политиката која ја зацртал Аце наш. Кај нив се плаќал данокот и се останато кое го плаќа осекогаш оној кој е поробен.

Оној кој сега не владее е невидлив, чиниш имагинарен. Но нив (поробувачите) не ги гледаме само ние обичните робјани. Нив секако ги гледаат нашите демек од нас избрани луѓе кои ни ја водат државата. Тие не владеат заштитени од полиција и војска, нивни се кадиите и судиите. Нивно е и законодавството - па се е демек легално. За награда тие демек од нас избрани луѓе живеат богато, енормно брзо се збогатуваат за неколку генерации. А ги знаеме сите кога доаѓаат на власт сите со со од мама плетени џемперчиња, возат точак, одат со автобус на работа. За по десетина години да се вдомат во луксуз каков само на филм го гледаме.

Како сме ние поробени. Прво не евидентираат со бројчиња сега и не чипираат да се знае кој чив роб е. Потоа демек се грижат за нас, не вакцинираат, не учат во нивните школи, не вработуваат во нивните фирми сеедно дали се приватни или државни. Дури и за водата што ја пиеме а е од природата успеваат да ни наплатат. Ако не си послушен нема папо, нема среќа. Не плашат со секакви казни ако лошо се однесуваме. Не тераат да живееме на кредит да сме задолжени. Вака како сето оди (геометриска прогресија) никојпат никој нема да се раздолжи. Ни ние како граѓани а ни државата ни ...

Што ни останува сепак да го поминеме животот во среќа. Само малите моменти на среќа. лична и фамилијарна. Насмевките на нашите сакани, особено децата, дружење со природата ...

Написот е инспириран од секојдневното се поголемо лично задолжување, но и задолжување на државата ни ...

Wednesday, July 16, 2014

ПРЕИМЕНУВАЊЕ ... БИВШИ ... Е-БАНКА

Процес кој во нашите краишта се чини е вообичаен и несопирлив. Почнуваа со преименување на улици, патишта, мостови, школи и незнам што се не. Во наша Македонија тоа е вековна пракса. Дојде нова власт ајде да преимениме се што можеме. Ако не можеме да ја подобриме економската стварност барем можеме да применуваме. Процесите на потурчување, посрбување, побугарување, грцизирање се историски познати во овие краишта. Дури и верата е менувана/преименувана. Колку пати во фамилиите се преименувани презимињата, за да се допаднат на новата власт. Колку ли луѓе се “несреќни“ со своите презимиња, читај имаат проблеми со актуелната власт во одреден период. “Паметните“ секојпат се приклучувале кон мнозинството, оние кои се упорни и не менуваат нешто што го наследиле живеат со печатот на новата стварност.

Каде ке запре сево ова? Колку луѓе во џепот носат пасоши со променет идентитет (најчесто бугарски пасоши). Тие граѓани на РМ одавна го променија идентитетот за да користат одредени права, кои оние што не го промениле неможат да ги имаат. Колкумина шетаат со лични карти на непостоечки улици. Колкумина завршиле школо во веке непостоечки школи.

На ред ке дојде применување на топонимите. На пример село над Матка кое сега се именува Света Петка во кое не живее ниеден етнички Македонец веке неколку десетина години е прашање на ден кога ке се преименува во некој албански топоним. Колку ли такви места и краишта се со паралелни топоними. Скопје наше има барем два актуелна топонима ...

За светот сме одавна БИВШИ. Оние “паметните“ кои во сето ова не пливаат добро се иселуваат, кој каде може, каде ке му успее ... Низ овие предели на балканот па и низ Македонија историјата не учи дека поминале многу држави/владетели. Владееле едни, па други, па трети ...

Написот е инспириран од преименување на Народна Банка на РМ. “Е-банка“ е веројатно вистинскиот назив ... МАТЕЊЕ ВОДА.

Friday, April 04, 2014

Лалињата на Нане

Нане е мојата мајка. Ги наследив цвеќињата од нејзината бавча и тераса. Деновиве се навршија четири години без неа. Но таа е со мене/нас со нејзините лалиња во дворот кои цветаат точно во деновите кога таа си замина. Останаа безброј други цвеќиња. Продолжив да ги негувам и надградувам ...










Tuesday, March 18, 2014

ОПОМЕНА од УЈП - за плаќање на даночен долг по основ на ДДВ ... ИЗНОС 4.00 ден и тоа камата. Главен долг е 0.00 ден

ОПОМЕНА од УЈП - за плаќање на даночен долг по основ на ДДВ ... ИЗНОС 4.00 ден и тоа камата. Главен долг е 0.00 ден. ...

Saturday, February 01, 2014

Современо поробување

Некогаш во историјата за да некој кој имал голема моќ, економка, културна, политичка и воена - за да ја зголеми својата моќ, се одлучувал најпрво воено да ги пороби соседните, за да подоцна ја наметне својата култура и политика и на крај преку собирње на даноци од поробените територии си ја зголеми својата економска моќ. Дури и мали држави како што било Македонското кралство на Александар, со употреба на воено поробување добивал огрони територии ... Заради сево ова историјата на нашава планет е преполна со воени судири. Имаше и две светски војни.

По завршување на втората световна војна големите воени судири изостануваат. Сега веќе не се води војна за да се освои некоја територија. Неколкуте светски економски сили наметнаа нова игра која се нарекува “Меѓународен светски економски поредок“. Со ова не запреа желбите на моќните светски сили да владеат со луѓето кои не се и нивни територии.

Под притисок на мултинационалните компании кои не се врзани за границите на одредени држави се створи систм на економско поробување преку монетарен и кредитен систем кој се води централно од светските моќници, таканаречените мулти национални компании. Се напушти системот печатењето на пари да мора да има покритие во златни резерви и се отиде на систем да Доларот и некои други валути се печатат без златно покритие. Без златно покритие сега се печатат пари во сите национани економии. Почна ерата на поробување преку кредитирање. Се појавија моќни светски гига мултинационални банки кои нема кој да ги контролира, нема Папа над нив. Сето уште повеќе се замути со појавата на берзите и со тргувањето не со реалниот капитал и сопственост, туку со тргување на хартии од вредност од разни типови.

Да не навлегувам во детално разглабање на банкарскиот систем и банкарското работење, не ми е тоа тука целта. Поаѓам само од предтпоставката дека некоја мултинационална банка дава кредит на било кого кој ке даде доволно добра гаранција дека кредитот ке биде вратен, најдобро е по можност ако кредитот е поткрепен со државна гарнција. Имено послабите и помалите држави кои имаат потреба за свежи пари за разни причини, за нова инфраструктура да речеме, заради покривање на други трошоци произлезени од негативните буџетски политики на националните економии каде буџетскиот дефицит се покрива со кредитни аранжани, сеено дали се од ММФ, Светска банка или директно од некоја крупна мултинационална банка. Сите овие кредити се покриваат со државни гаранции дека кредитите ке бидат вратени. Од друга страна парите кои се добиваат како кредит се најчесто испечатени пари и хартии од вредност, значи не се реални пари покриени со златни резерви, особено и додатно затоа што валутите во кои се земаат слободно пловат на берзите и различно секојдневно котираат, паѓаат или растат во взаемен однос ...

Ние, т.е. оние држави кои земаат пари за да го закрпат буѓетскиот дефицит, постепено поради државните гаранции за враќање на кредитите како ке се зголемува долгот ке доаѓаме во ситуации кога оние кои не кредитираат ке ни одредуваат како ке работиме во своите држави, на клучните места во државните апарати како Народна банка на пример ни ставаат контролори. Ако не ги слушаме т.е. ако не ги спроведуваме нивните мерки ни стигнува казна дека чешмата на нови кредити пресушува и доаѓа до гушење на нашата економија. Нема плати за администрацијата, нема пензии ...

Многу често кредитите кои ги добиваме се доделуваат за точно определени проекти каде немаме слобода на трошење на парите, туку парите се влечат по принципот на документиран акредитив (економистие знаат што значи овој поим - но на кратко за неекономистите да појаснам за да земеш одредена транша од кредитна линија мора да поднесеш точно утврдени документи, кои најчесто се поврзани со потписници на оние кои не контролираат ... ). Така однапред сме условени од кого мораме да набавиме опрема на пример, кој контролор мораме да го ангажираме и слични ограничувња со што всушност оној кој ти го дава кредитот диктирано си ја развива својата економија ...

Така постепено постануваме економски робови на оние кои не кредитираат. Ако дојдеме во криза не тераат на пример да ги продаваме златните економски кокошки. Така веќе моравме да ги продадеме некои од нив како на пример телекомот, рафинеријата, Пивара, Цементара, Житолукс или ЕСМ. Сега сме во фаза на давање  под концесии на пофрекфентните патни правци и побитните рудни ресурси.

Интересно е за опсервација што овие кредитуори не услвија да направиме реструктуирање на нашата целосна економија. Така во неколку пати моравме да ги затвориме најкрупните еконосмки фирми, во старт 25-те загубари - всушност 25-те најкрупни фирми во Македонија. Продолжувајки понатака во диктираното економско реструктуирање дојдовме во ситуација без работа да останат скоро една третина од вкупно дотогаш вработените.

Интересно е да се посматра како во последно време имаме најголемото задолжување за да се закрпат буџетските дупки. Сето тоа представува непродуктивно трошење кое не ствара нова вредност, додатно тоа сето е кредит.

Затоа нека не не чуди што оние кои ни ги даваат кредитите за нашите огормни буџетски дупки, дозволуваат ние непродуктивно да ги трошиме кредитите. Тие се покриени со наши државни гарнции. Кредиторите кога ке им загусти ке речат ајде продавајте ги електраните на пример ...

Значи сега современите поробувачи немаат потреба да трошат животи во војна. Тие ни даваат кредити, хартии што се викаат пари. Меко ни ја вадат душата. Кога ке дојде време ние на крај ке останеме само посиромашни.

Има и други начини на современо економско поробување а тоа се вадење на прљавите и нееколошки производни процеси и селење во земјите кои под притисок на економска криза примаат вакви прљави и нееколошки производни процеси кои ја трујат, почвата, воздухот и водата ...

Blog Archive

Site Meter