Search This Blog

Wednesday, July 16, 2014

ПРЕИМЕНУВАЊЕ ... БИВШИ ... Е-БАНКА

Процес кој во нашите краишта се чини е вообичаен и несопирлив. Почнуваа со преименување на улици, патишта, мостови, школи и незнам што се не. Во наша Македонија тоа е вековна пракса. Дојде нова власт ајде да преимениме се што можеме. Ако не можеме да ја подобриме економската стварност барем можеме да применуваме. Процесите на потурчување, посрбување, побугарување, грцизирање се историски познати во овие краишта. Дури и верата е менувана/преименувана. Колку пати во фамилиите се преименувани презимињата, за да се допаднат на новата власт. Колку ли луѓе се “несреќни“ со своите презимиња, читај имаат проблеми со актуелната власт во одреден период. “Паметните“ секојпат се приклучувале кон мнозинството, оние кои се упорни и не менуваат нешто што го наследиле живеат со печатот на новата стварност.

Каде ке запре сево ова? Колку луѓе во џепот носат пасоши со променет идентитет (најчесто бугарски пасоши). Тие граѓани на РМ одавна го променија идентитетот за да користат одредени права, кои оние што не го промениле неможат да ги имаат. Колкумина шетаат со лични карти на непостоечки улици. Колкумина завршиле школо во веке непостоечки школи.

На ред ке дојде применување на топонимите. На пример село над Матка кое сега се именува Света Петка во кое не живее ниеден етнички Македонец веке неколку десетина години е прашање на ден кога ке се преименува во некој албански топоним. Колку ли такви места и краишта се со паралелни топоними. Скопје наше има барем два актуелна топонима ...

За светот сме одавна БИВШИ. Оние “паметните“ кои во сето ова не пливаат добро се иселуваат, кој каде може, каде ке му успее ... Низ овие предели на балканот па и низ Македонија историјата не учи дека поминале многу држави/владетели. Владееле едни, па други, па трети ...

Написот е инспириран од преименување на Народна Банка на РМ. “Е-банка“ е веројатно вистинскиот назив ... МАТЕЊЕ ВОДА.

No comments:

Blog Archive

Site Meter