Search This Blog

Sunday, December 30, 2012

Среќна нова ... 2013-та ...


Султанократи ...

Заради мојата лична фамилијарна трагедија одбрав во 2011 и 2012 да не пишувам на моите блогови политички и социоалекономски теми.  Одбрав да се повлечам во себе и да се преиспитам што да правам со себе. Одбрав да се занимавам со фотографија и да ја запознам Македонија низ фотографска перспектива,  да ги посетам сите оние мали места низ Македонија, кои со својата убавина и дух на минатото имаат што да понудат не само на секој Македонец туку на секој човек, бидејки иако Македонија е многу мала територија таа е преполна со минати траги на цивилизациите кои предстојувале тука, траги од кои секоја е важна за ретортата на нашиот културен и национален идентитет ...

Но како и многумина и мене не ме оставија рамнодушен настаните во и околу Македонскиот Парламент како седиште на македонската демократија од последната недела и нивната кулминација на 24 декември годинава со срамно практикување на недемократија каква до сега не сме виделе во дваесет години практикување на МК демократија. Полициското брутално исфрлање на пратениците од опозицијата со претходно истотака брутално исфрлање на јавноста од македонскиот парламент преку насилното исфрлање на новинарите од големата парламентана сала каде се одвиваше режираната драма на седницата за донесување на буџет за 2013 –та година е слика која тој ден беше планетарено забележана. Тоа одеше и на CNN и другите важни светски медиумски мрежи. Сето тоа е доволен повод и самиот да посакам да напишам свое граѓанско гледиште на мојот медиум - на мојот блог, кој додека пишував на него беше еден од нјачитаните и најкоментираните.

Сите ние останавме вчудоневидени од бруталното насилното полициско укинување на демократијата во Македонија таму каде му е местото во домот на демократијта, во Македонскиот парламент.

По укиувањето на институционалната демократија ни следи долг период на улична демократија, која веројатно ке заврши со нови избори. Какви и кога ке видиме во иднината.
Зошто сето ова мораше да ни се случи баш сега во ладните студени денови кога не е време за улична демократија.

Сегашната власт која своето владеење го потврдува на неколку последователни избори последната 2012 година се судри со огромна економска криза во земјата. Власта не се потруди воопшто да практикува прилагодување на кризата со домаќинско штедење према тоа колку и е долга чергата, туку се впушти во процедура на повеќегодишно спирално задолжувње од домашни и странски извори. Задолжувањето е всушност купување на социјален мир и представува само одлагање на неминовниот банкрот кој секако ке не снајде со вакви економски политики и состојби во стопанството. Ако добро се анализира задолжувањето на МК економија дури и месечно се гледа дека е секојпат поголемо од предходното. Просто е, мора да се вратат старите кредити и нешто да остане за дневниот мањак на средства. Тоа ке трае додека странците речат е неможе веќе ја поминавте линијата и тогаш ке треснеме од земја како што тресна Грција и други и некои други земји. Тогаш бидејки нам нема кој да не помага судбината ке ни биде да се распаднеме најпрвин внатрешно етнички, бидејки на тоа работат албанците од Македонија за да на крај се претопиме во некои други држави околу нас кои одсекојпат имале апетити кон ова парче македонска земја која постои но е оспорена од сите, нарочито од комшиите. Во 2009 та година ни биле доволни 40 сетина милиони месечно задолжување сега не ни стасуваат ни 150 милиони месечно задолжување. Имено само овој месец државата се задолжи на домашниот пазар со цирка 200 милиони евра од домашни извори и над 200 милиони евра од странски извори. Каде е лимитот на задолжувањето – брзо ке го дознаеме, бидејки и идната 2013-та година не се очекува заздравување на домашната економија која е исцрпена и исплашена, ниту пак ке дојдат посакуваните странски инвестиции во услови кога сме надвор од НАТО и ЕУ интегративните процеси. И тука сме закочени и “летаме во место“ веќе полни седум години. Задолжувањето е стил на владеење на сегашната власт која почна да се задолжува оној момент кога ги исфлрли контролорите на задолжувањето преку ММФ, исплатувајки ги старите креити и не зимајки нови од ММФ ...

Можели воопшто нешто да не спаси од неминовниот распад. Ако било кој може да ја спаси Македонија тоа е само МК народ кој си ја сака својата татковина. Мирољубивоста и ненасислноста на МК народ се единствена шанса за опстанок на МК како држава. Економијата секоја година се спасува со милијардата евра која се слива од парите на нашето иселеништво кое е секоја година се побројно. Бројноста на иселеништвото е толку големо што на последниот попис кој беше прекинат имало неразбирливи бројки на толку многу малку народ кој остана тука. Ние обичните луѓе тоа го гледаме, бидејки знаеме колку комшиски деца и цели фамилии се одселуваат или времено одат во странство за да преживеат во сиромаштијата што не снајде. Таа бројност на иселувањето откако власта го виде со бројките од пописот се обиде да го сокрие прогласувајки го пописот неуспешен. Не смеа да испаднат бројките за толку малку народ кој остана тука.

Фингирање на вистината преку фингирање на бројките. Со фингирање на борјките се бави секоја власт како што се бави и секој економски субјект. На шала се вели дека секој биланс кој се поднесува на крајот на годината е точен збир на неточни и невистинити податоци. Таков збир се и државните и општинските буџети кои кријат многу дупки каде куп пари се прелеваат во приватни џепови ... Власта фингира со сите бројки кои ги објавува. Во економска криза која не снајде таа се осмелува да каже дека ја намалила невработеноста а ја зголемила вработеноста. Тоа е можно само како илузија на вешт магионичар и секако добар спин со фингирање на бројки. Спинерот кога сака ни прикажува апслоутни бројки а кога сака ни покажува само релативни бројки према тоа што му одговара. Таква илузија преку медиумите кои одред доред во рацете на власта, се обидуваат да ни ја продадат како вистина - иако ние сите осеќаме колку ни е економската моќ на нашиот новчаник кога ке влеземе во продавниците за да купиме намирници ...

Со сегашниот стил на владеење со партиите од власта и опозицијата преку влдеење на султанократија ние неможеме да имаме верба во демократијата која ни се нуди. Оној кој вистински олучува кој ке владее во државата а тоа се неопределените е преплашен на кого да му ја довери власта на наредните избори. Не владејаа и Курто и Мурто со подршка на неопределените. И од двете партии кои до сега не владеаа неопределените не се задоволни. Но бидејки нема вистинска трета опција ниту е пак таа е на повидок во брзо време нема ништо да се смени во политичките односи во државата ни. Верните подржувачи на власта на двете најмоќни партии се со приближно изедначен број. Очекувам дека бројките на секои наредни избри ке бидат слични како и на предходните  т.е ке бидат тесни. За тоа кој ке владее ке одлучуваат албанските партии како и на последните избори. Тие ке одмерат од кого повеќе ке можат да добијат за сојата кауза и таа партија ке владее во блиската иднина ...
Мудроста и мирољубивоста на МК народ ке не спаси од жртви во уличната пресметка на партиите бидејки парламентарната пресметка е оневозможена. Кај и да е ова улична демократија неможе долго да трае на крај факторите кои владеат со политичкиот живот во македонија а тоа се странските представништва на неколку земји ке ги присилат власта и опозицијата да се сретнат на нови избори. Странците не се заинтересирани да ни тргне на нас ние им требаме само како територија и народ кој ке плаќа кредити ... кој ке биде на власт ке не остават сами да си избираме. Нема да имаме демократија додека имаме сутанократија во партиите која се пресликува потоа во државата.

Среќна нова ... 2013-та ...

Thursday, December 13, 2012

Лета ли магарето ???

Ако се одлучи валадата ни дека треба да не убеди дека магарето лета, едноставно ке не убеди. Стопати дневно на сите ТВ програми и медиуми ке огласи (со народни пари) дека магарето лета ... Се загадија сите медиуми ...

Blog Archive

Site Meter