Search This Blog

Wednesday, April 19, 2006

Петковски се премисли за коолицирањето со СДСМ

Петковски не го сака Бучковски за коалициски партнер

Утрински Број 2060 среда, 19 април 2006 - Трибина

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, на трибина во Општина Кисела Вода изјави дека нема постизборно да коалицира со СДСМ ако раководи со неа актуелното лидерство.

“Денес имаме повеќе невработени, помалку странски инвестиции, повеќе луѓе што примаат социјална помош и помалку шанси за прием во Европската унија. Но, сепак, се создава генерација што ќе ја легитимира Македонија како рамноправен партнер во ЕУ. Ако не се вложува во неа, нема шанси за успех", истакна Петковски.

Сонот на Георгиевски

ВМРО-Народна го презентираше Изборниот штаб за претстојните избори - Георгиевски најавува победа на изборите

Утрински Број 2060 среда, 19 април 2006

ВМРО-Народна партија најавува победа на претстојните парламентарни избори и освојување на најмалку 40 пратенички места.

Интернет и Сиромаштија !!

Младите од Студеничани наоѓаат алтернативни начини како да се поврзат со светот - Живеат без телефон и канализација, а мирцаат на компјутери

Утрински број 2060 - среда, 19 април 2006

Топло го препорачувам написов, за да видите што значи интернетот за младите ......

Предизборна ујдурма со стечајците

И местенката отиде во стечај

Повеќе за местнкат прочитајте во написот во дневник. Јас се слагам со тезата која ја поставил новинарот во написот.

Кои ли брилијантни идеи за предизборен маркетинг, на партиите (К**то и Мурто), на рачун на сиротите стечајци кои се задоволиа со 6.000 денари....!!??

Почнува “Геноцидот“ врз невработените во РМ

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА-Почнува бришењето на 76.000 невработени

Ни на сон не можев да поверувам дека вакво нешт може да прави влада против својот сопствен народ....

Владата завчера дозволи од списоците со невработени во Агенцијата за вработување да бидат избришани над 76.000 лица

Според директорката на Агенцијата за вработување Јасминка Делчева-Диздаревиќ, кога од евиденција ќе се избришат 76.000 лица, бројот на невработените во земјава ќе се намали од 358.000 на околу 282.000.

Арамиите се “снаоѓаат“

НОВ ТРЕНД ВО КРАДЕЊЕТО-Арамии крадат влезни врати од згради

Бидејки живеам во зграда, значи и ние сме на мета. Врати иначе во мојата зграда се крадат одамна. Но внатрешни. За кваки да не збориме. Противпожарните црева и уредите за јавување на пожар одамна се ограбени.

Подруми се обиваат за кило ракија и ситни дребулии, кои се ставаат во подрум, заедно со некоја тегла ајвар.

Крадците падна на ниски гранки. Немаат пари и храброст да ограбуваат банки и бензински па сега се окомија на подрумите и вратите.

Дај шта даш филозофија....

Таман што го научив магарето да не јаде, тоа умре !?

Совет од владата за заштита од високите цени на НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ-Помалку возете, помалку ќе плаќате

Еве како нашата влада го учи своето магаре да не јаде !!??

Министерството за финансии не прифаќа намалување на даноците и на акцизите за нафтените деривати за да не се нарушат буџетските проекции

Владата им порачува на граѓаните помалку да возат бидејќи не планира да ги заштити од високите цени на нафтените деривати.

Грчката влада ја контролира цената со договори со рафинериите.За слична мерка разговараат и владата на Хрватска и рафинеријата „ИНА“, од која се бара да се откаже од дел од маржата.

Нафтените деривати во земјава се најскапи во регионот и во Европа.Од завчера литар „премиум“ чини 69,50 денари (1,16 евра), безоловниот се продава по 66 денари (1,07 евра), а безоловниот „премиум“ по 66,5 денари (1,08 евра) за литар. „Дизелот“ чини 56 денари (0,91 евра).

Најевтини нафтени деривати на Балканот има во Бугарија. Таму литар безоловен од 92 октани чини 0,71 евра, безоловниот од 95 октани е 0,76 евра, а од 98 октани 0,95 евра. Дизелот се продава по 0,64 евра за литар.

Во Грција безоловното гориво од 95 октани чини 0,9 евра, а од 100 октани се продава по 1,006 евра за литар. Дизелот се продава по 0,88 евра.

Во Србија и Црна Гора безоловниот бензин од 95 октани чини 0,97 евра. Горивото „супер“ (кај нас премиум) се продава по 1,09 евра, а дизелот - по 0,8 евра.

Најблиску до македонските цени се хрватските.


Добра вест за демонополизација на МТ.

ДРЖАВАТА ИЗЛЕГУВА ОД НАЈПРОФИТАБИЛНАТА КОМПАНИЈА-Владата пред избори ќе ги продава акциите во телекомот

Јас ке кажам фала богу, ваљда со ова ке се демонополизира конечно МТ.

Но сумњам дека толку пари ке прокнижат за преостанатите акции. Осем ако во Купопродажниот договор со МТ навистина има некои членови кои гарантираат монопол до 2018 год.

Кој и зошто“фрли око“ на НИП-ОТ

Власта ја расчистува зградата на НИП-от-Притисок и врз закупците во „Нова Македонија

Закупците на деловниот простор во зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“ добиле известувања дека треба да потпишат нови договори на само три месеци иако имаат договори на подолг рок.

Зошто нема странски инвестиции

НА ПАТОТ ЗА МАЛА РЕЧИЦА-Од поштенско комби украдени 163.000 евра

Разбојниците поставиле класична заседа - со автомобил му го блокирале патот на комбито и ги држеле на нишан полицајците

Држава во која Мафијата си има своја држава, неможе да очекува странски инвестиции и не може да биде симната од листата на ЕУ за олеснување на визниот режим....

Зошто трошиме толакв дел од буџетот за професионална војска и полиција, кога не можеме да се справиме со каубојскиот грабеж во државата....

Blog Archive

Site Meter