Search This Blog

Thursday, April 25, 2019

Неопределени

На последните избори не излегоа неопределените со јасна желба да дадат сигнал дека сегашната Влада не ги исполни очекувањата и ветувањата. Имам осет дека во вториот круг голема бројка од неопределените ке излезе на бранот на ветувањето дека ке има метла. Политичарите секојпат при избори лажат но гласачите паметат -  вообичаено казнуваат при првиот следен избор..

Сите се казнети осем Ахмети и неговите кадри.

Измисли војна во Македонија - беше помилуван и остана неказнет. Неколку иљади албанци беа жртви во војната и голем нивен имот. Не е казнет ниту за зверствата во војната.
Оформи политичка партија и се нафатира и тој и неговите пајташи. Не е казнет никојпат. Беше десет години во влада со Груевски и доби неброени пари од тендери. Не е казнет.
Вработи во администрацијата неколку иљади административци кои не одат на работ но плата примаат
Ги подјебава и сегашните владини ресурси на Заев. На Заев му смести министри кои не одеа ни на работа и се правеа да ја срушат довербата на Заев лично. Не одговараше за ниедна бомба.
Не одговараше ни за кумановските случувања иако очигледно е вмешан.
Ахмети е камен околу вратот на Заев и го тоне на дното. Му вети дека ке го гласа сегашниот консезуален кандидат, но тој тивко работи на бојкот за да председател биде Џафери.

Tuesday, April 23, 2019

Толку ли е тешко - местата со шут да се преобразат во уредени парковски содржини

Со децении наназад во Скопје и околината има неколку места кои се преполни со шут и ѓубре, Примери за тоа има колку сакате но најпознати се следните локации. Просторот околу скопскиот аквадукт. Просторот позади спортската сала Борис Трајковски. Просторот кај Вардариште. многу големи површини во сливот на течението на Вардар.

Толку ли е тешко - местата со шут да се преобразат во уредени парковски содржини, времено додека не го добијат својата планска содржина.

Присетете се какво беше просторот на скопското Кле додека со помош на донација на американската амбасада тој простор не се уреди во парковска содржина и стана омилено место за скопјани.

Сите градоначалници мора да обезбедат во секое поголемо населено место претоварна станица за крупен одпад и шут. Во недостаток на такви места граѓаните во текот на ноќите фрлаат шут во неосветлени и неуредени површини кои за кратко време постануваат депонии.

Monday, April 22, 2019

Весела математика - сите победија а сите изгубија

На последните председателски избори сите рекоа дека се победници.
ВМРО-ДПМНЕ ни соопшти дека победиле во македонските мнозински градови. Заборавија да кажат дека во целост изгубија со минимална разлика. ВМРО-ДПМНЕ остана на истиот број на гласови од последните локални избори.
СДСМ ни рекоа дека победиле со тесна разлика која ке ја зголемат во вториот круг. Заборавија да кажат дека од последните локални избори и особено од неуспешниот референдум изгубија огромен број гласови.
ДУИ се прави наудрен и чека по вториот круг нивниот Председател на собрание да стане технички председател на државата.
Ако на референдумот ВМРО бојкотираше сега бојкотираше ДУИ.
Кај нашите политички партии модерно е поразите да ги прогласуваат за победи ...

Friday, April 05, 2019

Какви се шансите на претседателските кандидати

На првото соочување на председателските кандидати сите троица кандидати ја открија стратегијата со која ке се обраќаат на своите избирачи:

Какви се шансите на Сиљановска во председателските избори?

Сиљановски е одличен правник во својата област, добар говорник и врвен познавач на уставнато право. Но она што го нуди на своите подржувачи, кои се пред се политички подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ - а тоа е продолжување на меѓународна правна калимеро битка за името и идентитетот преку правна битка во меѓународното право, дека ние имаме право да се нарекуваме онака како се чувствуваме - ми игледа дека од гласачкото тело кое го доби ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори ке изгуби стотина иљади гласови а ке добие нови педесетина иљади гласови пред се од таканаречениот кампус на неопределени. Цифрата на гласови кои ке ги добие Сиљановска во првиот круг на избори ке биде едвај некаде околу 250 иљаи гласови - кои нема да бидат доволни да биде победник во првиот изборен круг а во вториот ако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да не бојкотира ке изгуби уште нови педесетина иљади гласачи. Народот кој го “продава“ својот идентитет за бугарски пасош, каде во процедура глатко се откажува од своите македонски корени е заморен од празните ветувања дека тој треба да не седи во папучи и дека треба да оди во политичка борба за зачувување на идентитетот по мерка на старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Какви се шансите на Пендаровски?

Пендаровски е старо име и играч кој е иако “независен“ кандидат јасно е подржувач на СДСМ-овските политики во минатото и сегашноста. Тој не нуди ништо ново од она кое сега го имаме во политиките на СДСМ-овското владение. Поради разочарувањето од начинот на кој власта се избори за ноавото име и Пендаровски ке изгуби барем стотина ињади гласачи од оние кои излегоа на референдумот и дадоа подршка за промена на името. Пендаровски во првиот круг нема да добие некои голем квантум на гласачи од албанкиот кампус - поради тоа што тие во првиот круг имаат за кого да гласаат кој е пред се албанец а во вториот од нив ке добе едвај педесетина иљади гласови. ДУИ во овие избори вешто ги крие своите нозе и ми се чини дека се одлучува на тивок бојкот за да на крај победи нивниот кандидат а тоа е сегашниот Председател на Парлментот. Сето ова ДУИ ке го кошта губење на своите гласачи на наредните парламентарни избори каде тие ке се осипат за нови педесетина иљади гласови. ДУИ е во слободен пад. Нивните гласачи видоа дека тие само им ги билдаат нивните приватни конта на сметка на безрезервната подршка во изборите во независна Македонија.

Какви се шансите на Река?

Морам да кажам дека откровение за мене на последното соочување е Река. Не сум го следел до сега но тој покажа дека е добар познавач на својата област, вешт говорник и ги освои моите симпатии. Но реално тој едвај ке собере некои седумдесетина иљади гласачи - максимумот му се стотина иљади.

Значи сума суарум сите губат.



Blog Archive

Site Meter