Search This Blog

Friday, April 05, 2019

Какви се шансите на претседателските кандидати

На првото соочување на председателските кандидати сите троица кандидати ја открија стратегијата со која ке се обраќаат на своите избирачи:

Какви се шансите на Сиљановска во председателските избори?

Сиљановски е одличен правник во својата област, добар говорник и врвен познавач на уставнато право. Но она што го нуди на своите подржувачи, кои се пред се политички подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ - а тоа е продолжување на меѓународна правна калимеро битка за името и идентитетот преку правна битка во меѓународното право, дека ние имаме право да се нарекуваме онака како се чувствуваме - ми игледа дека од гласачкото тело кое го доби ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори ке изгуби стотина иљади гласови а ке добие нови педесетина иљади гласови пред се од таканаречениот кампус на неопределени. Цифрата на гласови кои ке ги добие Сиљановска во првиот круг на избори ке биде едвај некаде околу 250 иљаи гласови - кои нема да бидат доволни да биде победник во првиот изборен круг а во вториот ако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да не бојкотира ке изгуби уште нови педесетина иљади гласачи. Народот кој го “продава“ својот идентитет за бугарски пасош, каде во процедура глатко се откажува од своите македонски корени е заморен од празните ветувања дека тој треба да не седи во папучи и дека треба да оди во политичка борба за зачувување на идентитетот по мерка на старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Какви се шансите на Пендаровски?

Пендаровски е старо име и играч кој е иако “независен“ кандидат јасно е подржувач на СДСМ-овските политики во минатото и сегашноста. Тој не нуди ништо ново од она кое сега го имаме во политиките на СДСМ-овското владение. Поради разочарувањето од начинот на кој власта се избори за ноавото име и Пендаровски ке изгуби барем стотина ињади гласачи од оние кои излегоа на референдумот и дадоа подршка за промена на името. Пендаровски во првиот круг нема да добие некои голем квантум на гласачи од албанкиот кампус - поради тоа што тие во првиот круг имаат за кого да гласаат кој е пред се албанец а во вториот од нив ке добе едвај педесетина иљади гласови. ДУИ во овие избори вешто ги крие своите нозе и ми се чини дека се одлучува на тивок бојкот за да на крај победи нивниот кандидат а тоа е сегашниот Председател на Парлментот. Сето ова ДУИ ке го кошта губење на своите гласачи на наредните парламентарни избори каде тие ке се осипат за нови педесетина иљади гласови. ДУИ е во слободен пад. Нивните гласачи видоа дека тие само им ги билдаат нивните приватни конта на сметка на безрезервната подршка во изборите во независна Македонија.

Какви се шансите на Река?

Морам да кажам дека откровение за мене на последното соочување е Река. Не сум го следел до сега но тој покажа дека е добар познавач на својата област, вешт говорник и ги освои моите симпатии. Но реално тој едвај ке собере некои седумдесетина иљади гласачи - максимумот му се стотина иљади.

Значи сума суарум сите губат.



No comments:

Blog Archive

Site Meter